Бургер Kинг доаѓа во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Епа види вака, чим првиот е на аеродром, контактирајме пред да го купиш :) Можеби ќе барам да ми донесеш :)
А ако врши достава и во другите градови нека ме контактира и мене. :)
 
Ќе биде убаво да имаме бургеркинг ... ќе ми врати некои спомени од времето кога бев во Германија (y)
 
Ова се чекаше!!!!!!!!
Иначе иам наслушнато дека КФЦ ќе се отвара во City Mall во Карпош али чисто чашиски муабети.
 
Ако чизбургер оброк или Whooper-от им се над 80 денари - чао пријатно.
За 80 ден. дечко од мачката што се вртка пред локалната сендвичара кај што купуваш бугрер нема да ти направат сендвич. Така да со твојот cheat ass не ни влагај во Бургер Кинг.

Фала курцу и кај нас донесоа ваков бренд,сеа уште некое KFC,Старбакс да убацат,неколку големи трговски центри(поголеми од Веро),и неколку помалку споменици и ќе заличиме малку на метропола.
 
За 80 ден. дечко од мачката што се вртка пред локалната сендвичара кај што купуваш бугрер нема да ти направат сендвич. Така да со твојот cheat ass не ни влагај во Бургер Кинг.

Фала курцу и кај нас донесоа ваков бренд,сеа уште некое KFC,Старбакс да убацат,неколку големи трговски центри(поголеми од Веро),и неколку помалку споменици и ќе заличиме малку на метропола.
За 80 денари со мојот cheat ass ќе идам у Злате и ќе јадам голем-асален хамбургер од мелено месо + помфрит + 0.5 л кока-кола и ќе се најадам 2 пати повеќе отколку во западниве фаст фуд ресторани. MWA :love:
 
ова за 80 у злате?од коа таму толку ефтино станало...
 
Луѓе не споредувајте Бургер Кинг со Мекдоналдс. Има голема разлика меѓу двете франшизи. Прво, сегде низ светот Мекдоналдс е синџирот што е со поевтина храна и подостапна за народот. Ама затоа имаат у пичку матер јака маркетинг кампања и прават многу повеќе пари од другите иако немаат најмногу ресторани на светско ниво. За вкус ако зборуваме, тоа стварно зависи од индивидуален вкус. Но Бургер Кинг би требало да има малку поскапа храна од Мекдоналдс поради начинот на кој ги припремаат плескавиците. Во Мекдоналдс се се спрема со машини, се е автоматизирано, плескавиците се печат во фурни каде што само притискаш копче на тајмерот и се готови за 2 минути, додека во Бургер Кинг се печат на скара на жар лично од вработените, барем така ги рекламираат до кај што сум видел досега. Тоа е и главната разлика меѓу Whopper-от и Биг Мек-от, плескавицата на Бургер Кинг всушност има вкус како нешто готвено без разлика од какви состојки е направена.

Второ, бургерите од Буркер Кинг се всушност поголеми од тие од Мекдоналдс и е факт дека еден оброк може да те најаде комотно. Затоа и би требало да се поскапи. Ако некој бира меѓу двете би му го препорачал Бургер Кинг, а ако стварно сака да се најаде и плус да јаде квалитетен бургер/сендвич би му препорачал да тркне до маалската сендвичара зашто тие маалските се класи подобри од овие светскиве ресторани барем за вкус.
 
За 80 денари со мојот cheat ass ќе идам у Злате и ќе јадам голем-асален хамбургер од мелено месо + помфрит + 0.5 л кока-кола и ќе се најадам 2 пати повеќе отколку во западниве фаст фуд ресторани. MWA :love:

Ако збориш за Злате комшијата,можда.
 
Ништо ќе треба да се чека до кај ноември да отворат во центар пошто овој на аеродром е во бесцаринска зона ти треба карта за авион за да јадеш :D
 
Ако збориш за Злате комшијата,можда.
И ти лупаш сеа...

Очигледно не си јадел хамбургер од таму, затоа и вака на памет збориш.
 
Барем да отвореа во Центар некаде да имаат сите пристап. А инаку не ми се допаѓа многу ни Бургер Кинг, но разликата од Мек е мнооогу голема ...
 
И ти лупаш сеа...

Очигледно не си јадел хамбургер од таму, затоа и вака на памет збориш.
Ако е у злате Хамбургер кока кола пола литар и помфрит 80 па ја само таму ке јадам.Озбилно те прашувам да не се заебаваш..Ова го нема ни кај мене у мало 70 е само сендвич никаков.
 
Ако е у злате Хамбургер кока кола пола литар и помфрит 80 па ја само таму ке јадам.Озбилно те прашувам да не се заебаваш..Ова го нема ни кај мене у мало 70 е само сендвич никаков.
Не се заебавам. Хамбургерот им е 50 денари (еве и 60 нека е, не сум сигурен дали е покачен), а со останатите 30 си купуваш пола литро кока-кола од продавница/трафика.
 
има нешто инфо/слики плус , денес се отвори ова на аеродромот така ?
 
Секако ќе извршам проверка на квалитетот на производите од Бургер Кинг. Од љубопитство. Доста долг период не сум по ваквата храна, ниту пак ми значи нешто овој „бренд“. Оти и Мекдоналдс е бренд, можеби најголем од ваков тип, па никому ништо. Дури и споредбите на овие два синџири за прехрана на луѓе кои немаат многу време да мислат што ставаат во уста, не се во прилог на Бургер Кинг. За мене Мекдоналд е тапа, обично ѓубре кое е многу добро спакувано и рекламирано, па да се биде подобар и не е за изненадување.
Некоја квалитетна локална сендвичара/кебапчилница може да испорача подобра храна. Сепак, самиот факт дека се работи за сендвичи и помфрит + нешто екстра, говори за ограниченост на понудата и ограниченост во инвентивноста при подготвувањето. А ако има некаква инвентивност, таа се наплаќа многу повеќе отколку што вреди. И ако веќе купувам готова храна повеќе сакам ресторани со богата понуда на различни специјалитети, или поугледни млечни ресторани со избор кој секогаш е побогат од било која сендвичарница.
Меѓутоа, веројатно е добро од економска гледна точка што некоја голема фирма вложува на македонскиот пазар, очигледно секогаш ненаситен за ваков тип јадење.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom