Македонска берза

Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
И МакБерзата Крахираше. Се шири падот на сите берзи во светот. За 2-3 дена 5-6% е падната.
QBE со огромен пад од неверојатни 17% за еден ден!.... вчера Макпетрол - 7,2%, ТТК вчера исто имаше огромен пад, СТБ денес -3,1%..... Алкалоид денес се продава за 4,100 пред само неколку дена вредноста на акц. беше 4,400,- ...... страшни падови!.... И на Балканов берзите исто тонат: за само еден ден BELEX - 7.15% CROBEX -2%
Страшно големи падови и на уделите на инвестициските фондови. Пред 8 дена Растечкиот во Илирика беше 58,2 денес е скоро 8 поени помалку! Пад од цели 12%!..... Стефус, ова ми мириса на иста криза и крах на берзите, како онаа од 2008-ма! До каде ќе оди ова!?
Уште едно прашање.... што мислиш на ова: со една респектибилна сума во џеб, одиш кај некои брокери и им се обратиш: Чичковци, може ли едно 100 комада на Макпетрол со 90% РБТ (по 22,000,-)!? Опасно се приближува падот на вредноста на МП на 90%.... (познато е дека максималната цена беше 175,000. а денес е едвај 22,000,-)
-87,5%!!!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
QBE со огромен пад од неверојатни 17% за еден ден!.... вчера Макпетрол - 7,2%, ТТК вчера исто имаше огромен пад, СТБ денес -3,1%..... Алкалоид денес се продава за 4,100 пред само неколку дена вредноста на акц. беше 4,400,- ...... страшни падови!.... И на Балканов берзите исто тонат: за само еден ден BELEX - 7.15% CROBEX -2%
Страшно големи падови и на уделите на инвестициските фондови. Пред 8 дена Растечкиот во Илирика беше 58,2 денес е скоро 8 поени помалку! Пад од цели 12%!..... Стефус, ова ми мириса на иста криза и крах на берзите, како онаа од 2008-ма! До каде ќе оди ова!?
Уште едно прашање.... што мислиш на ова: со една респектибилна сума во џеб, одиш кај некои брокери и им се обратиш: Чичковци, може ли едно 100 комада на Макпетрол со 90% РБТ (по 22,000,-)!? Опасно се приближува падот на вредноста на МП на 90%.... (познато е дека максималната цена беше 175,000. а денес е едвај 22,000,-)
-87,5%!!!
Има и други случаи СТБ беше окулу 10000 сега е 2200 ОХБ беше 10000 сега е 1400 самиот МБИ-10 беше 10000 сега е 2300 и уште паѓа. Во 2008 многу рипна берзата имаше некој инвестиционет меур. Но сега паѓа И ќе продолжи надоле. Ќе треба да помине многу време додека се поврати на тоа ниво. Инаку златото руши рекорди. 1780 долари за унца. Доу Јонес во Америка е 10900 падна од 12000 и ќе продолжи да паѓа додека не стане 1/1 со злато. Дали тоа ќе биде на 3000 или 5000 или 10000 не се знае. Додека не се реши работата со Америкаскиот долг ќе трае кризата. Значи можна е нова мини рецесија и понатамошен пад на берзите.Инаку според P/E акците во МК се дури и подценети за 2-3 години ќе бидат и бадијала. Сега за сега не би чепкал акции додека не се реши кризата во САД и златото не почне да паѓа акции не се добра инвестиција после може ќе бидат ама за тоа по тоа. Освен може од рудници на метали а тоа нема во МК.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Кај и да е, целата онаа кула од карти која ја смислија некои мангупи меѓу евреите, оние од кои се срамат сите чесни и работливи евреи, наречена банкарски и финасиски деривативи и доџем-ти пари, има да се сруши во прав и пепел.
При тоа ќе настрадаат сите.......... и не само оние кои треба , туку и оние ни криви-ни должни , повеќе или помалку должни...... :)
Ќе имаат за што да се држат само оние кои имаат нешто чврсто во раце, ама чврсто од вид што може да се јаде, пие и користи како гориво....дури и златото и среброто кои не е во нивните чекмеџиња ...туку во виртуелни СИГУРНИ трезори , не им вреди ништо.
И што позаостаната и посиромашна средина, држава..област...тоа помалку ќе го почувствува ударот...., кој се надевам нема да дотера до таму, па да биде нуклеарен..... :)
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Денес берзата е горе окулу 2% исто како и светските берзи. Во основа МСЕ ги следи светските берзи ама со различна амплитуда во 2007 дау јонес беше пораснат едно 50-100% но МК растот беше многу поголем 200-300% може се должи на надежда дека ќе влезевме во НАТО. После светските берзи опадна во 2008 исто им МК само подрастично во 2010-2011 имаше раст на светските берзи им МБИ-10 порасна но многу малку. Во иднина ќе има некој раст на светските берзи но, ништо драстично. Дали во МК ќе се повтори 2007 тешко е да се каже но, малку е веројатно тоа да се деси во блиска а и малку подалечна иднина.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
30 МИЛИОНИ ЕВРА ИЗГУБИЈА ИНВЕСТИТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА БЕРЗА ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА!

Маја Бајалска-Георгиевска

Рекордни 30 милиони евра изгубија инвеститорите кои поседуваат акции од десетте компании што го чинат главниот берзански индекс на Македонската берза, МБИ-10 за само четири дена. Во екот на лошите вести за намалениот кредитен рејтинг на САД и разгорувањето на должничката криза во ЕУ со проблемите на Италија и на Шпанија почна да паѓа и МБИ-10. Од четвртокот минатата недела до средата неделава, кога МБИ-10 оствари раст од 3,45%, вкупната пазарна капитализација на десетте компании се намали за 30 милиони евра.
Според пресметките на “Капитал“, од 439 милиони евра збирот на пазарните капитализации на сите 10 компании се намали на 409 милиони евра. Најмногу од својата пазарна вредност загубија најтргуваните акции. Тоа се Комерцијална банка, чија пазарна капитализација се стопи за речиси 10 милиони евра, и Алкалоид, чија вредност на Берзата падна за 5,4 милиони евра. И Макпетрол и Макстил изгубија многу од “цунамито“ кое ја зафати Берзата во Скопје - Макпетрол 4,7 милиони евра, а Макстил 4,4 милиони евра од пазарната капитализација.
Тие што го следат тргувањето на Берзата во Скопје ќе се согласат дека деновиве, необично за македонскиот пазар, осцилациите на светските берзански индекси експресно се пресликаа на МБИ-10. А токму тоа е и причината за големата загуба од вредноста на македонските блу-чипови. Каква е психологијата на тие што моментално тргуваат и што може да се очекува во следниот период?
Крсте Шајноски, универзитетски професор, вели дека според тоа што се случуваше деновиве на Македонската берза, може да се заклучи дека инвеститорите во следниот период ќе се однесуваат водени од информациите кои ќе доаѓаат од странските берзи.
“Не знаеме што допрва ќе следува како информација. Техничката анализа за движењето на МБИ-10 за следниот период покажува дека надолниот тренд ќе продолжи. Од друга страна, фундаменталната анализа на македонските акции покажува дека тие се едни од најевтините на пазарот. Но, тоа не значи дека луѓето сега треба да купуваат акции. Затоа што не знаеме до кога ќе продолжи трендот на лоши вести од светските финансиски пазари“, објаснува Шајноски.
Според него, ако продолжат лошите вести од САД и од ЕУ, како на пример последната, дека германските банки прикажале загуба, може да се очекува тоа да влијае негативно на вредноста на главниот индекс.
“Не знам што ќе се случи со приливот на информации. Проблемот доаѓа од Америка. Се виде дека САД не знае да го менаџира долгот, а доколку тој впечаток продолжи и доколку тие не најдат лек за намалување на невработеноста и зголемување на БДП, мислам дека не може да се очекува атрактивност на финансиските пазари и раст на вредноста на хартиите со кои се тргува таму“, вели Шајноски.
Тој потенцира дека за случувањата на домашниот пазар сега не се важни информациите од Македонија, туку тие од САД и од ЕУ. Шајноски предупредува дека дополнителен страв влева информацијата дека Европската централна банка ќе ги купи обврзниците на Италија и на Шпанија. Тој потсетува дека ова наликува на улогата која ја имаа Федералните резерви на САД во кризата во 2008 година. Според него, купувањето обврзници од ЕЦБ ќе значи нова емисија на евра, пуштање повеќе пари во оптек, а тоа може да предизвика инфлација.
“Не ги знаеме потезите кои ќе ги преземат клучните фигури на светските финансиски пазари и затоа не може да се предвиди што може да се очекува кај нас“, додава Шајноски.

СПОРЕД ПОЗНАВАЧИТЕ, ИЗМИНАТИВЕ ДЕНОВИ МБИ-10 ГО ДВИЖЕШЕ ЧУВСТВОТО НА МАЛИОТ БРОЈ “ТРЕЈДЕРИ“ КОИ ТРГУВААТ ШПЕКУЛАТИВНО, ПРАВАТ АНАЛИЗИ НА НАДМУДРУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА ЗАРАБОТАТ НА ОСЦИЛАЦИИТЕ.
Тие моментално тргуваат на Берзата во Скопје, а не инвеститорите. Затоа и движењето на индексот не е рефлексија на кондицијата на економијата. Ова се гледа од самиот факт што со промет од 100.000 евра индексот се крева и спушта за по неколку проценти.
Васко Митев, директор на брокерската куќа Илирика инвестментс, вели дека психологијата на македонските инвеститори овие дена е слична на инвеститорите на светските берзи. Се тргува шпекулативно и флуктуирачки, а најголем дел од купувачите и продавачите се физички лица – домашни и странци.
“Деновиве најприсутни се истите луѓе кои редовно тргуваат на Берзата во Скопје. Тие ги следат случувањата на светските берзи и панично реагираат. Фондовите не се впуштаат во авантури, тие чекаат ситуацијата да се стабилизира“, вели Митев.
Според него, иако МБИ-10 од 4. до 9. август загуби 7% од вредноста, поради големата распродажба прометот порасна, па ваквите осцилации на кривата на главниот македонски индекс се покажаа како добри за бизнисот на брокерските друштва и на Берзата.
“Обемот на работа во нашата брокерска куќа оваа недела, споредено со минатата (првата недела од август), е зголемен од четири до пет пати. Од тој аспект, приходите ни се зголемуваат, но од друга страна, поради намалувањето на вредноста на акциите се намалува и вредноста на нашите портфолија“, вели Митев.
http://www.kapital.mk/MK/dneven_vesnik.aspx/72207/30_milioni_evra_izgubija_investitorite_na_makedonskata_berza_za_chetiri_dena!.aspx?iId=2308
 
Член од
5 август 2011
Мислења
42
Поени од реакции
8
Здраво на сите.Читам дека користите израз,,деривати,, како главен кривец за претходниот крах на берзите во 2008 и овој денес исто така и ,,шпекулации на берзите,, и некојси израз ,,левериџ,, кој го поседувале банките..дали ке сака некој за нас лаиците да ги појасни овие поими...ФАла..
 
Член од
20 мај 2010
Мислења
78
Поени од реакции
78
Дериват е производ изведен од друг производ или поточно финансиски инструменти чија вредност е изведена од други финансиски инструменти... нешто како нафтените деривати... на пример.. имаме една акција и имаме дериват (call option) врз акцијата. Вредноста на овој дериват (неговата квотација) зависи од квотацијата на акцијата.
Шпекулација е играње на берза со порастот и падот на некоја акција односно предвидување на цената на некоја акција.. драгиот Keyness ја дефинира како предвидување на очекувањата од другите оператори на пазарот.
Воглавно ниту дериватот ниту шпекулацијата не се најголемото зло, ниту се пак се виновни за крахот на берзите. Главниот виновник е нивната несоодветна употреба... со пример од секојдневие... то би било како да купиш солна киселина и продавачот те убедува дека можете дома како сокче да ја користите... ти сигурно не би му поверувал бидејќи на солната киселина има упатство за користење 2 реченици... за дериватите има упатство од милион страни па не секој сака да прочита... во кратки црти математичарите направија автомобил кој се движи со огромна брзина 1000 км на час и ги убедија банкарите дека можат да го контролираат... банкарите бидејќи се многу паметни и сакаат да се прават будали изглумија дека веруваат во тоа... и се случи тоа што се случи и вината ја префрлија на математичарите...
Левериџ е најјака ствар :) тоа значи дека јас имам 1000 евра и можам да трошам 40 000 evra (Леман браќата работеа со левериџ 40)... позитивна страна... од мојата идеа за бизнис користат сите... грубо и глупаво кажано парите циркулираат наоколу... кога една од страните ке се поколеба се пропаѓа во вода... за да го разбериш овој термин профитот од фирмата треба да се гледа како на пример pizza и секој зема по една парче (сопственик, акционер, облигационист, банка, држава, адвокати итн) левериџ макес д пизза бигер :)
Објаснив наједноставно што можам... евентуални грешки во терминологија ке ги исправат моите колеги кои студирале во мк ...
P.S This is my first post
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
За кризата основна причина се вештачки непаразно определените каматни стапки на ФЕД од окулу смешно ниски 0.25%. Едноставно кажано ниските каматни стапки значи дека лесно се доаѓа до пари. А кога лесно се доаѓа до пари тогаш се заслилува тргувањето со деривативи и користење на левриџ бидејќи секој сака да го зголеми својотите лесно стекнати пари . Едноставно луѓето се полни со пари и инвестираат нерационално во се и сешто. Во атмосвера на ефтин кредит има многу шпекулации и малинвестиции. Самите деривативи и левериџ не се криви крив е ФЕД што ги напумпал пазарите со лесен кредит. Затоа луѓе инвестирале како луди во 2000 во дот ком меурот и 2007 во недвижнини. Инаку ФЕД реши уште 2 години да ги држи овие патетично ниски каматни стапки. Значи ќе гледаме уште меури и кризи во иднина.
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
На листата компании кои грчкиот премиер Јоргос Папандреу е принуден да ги продаде до есен за да се спаси од банкрот се најде и грчката државна нафтена компанија Хеленик петролеум, која е газда и на единствената рафинерија во Македонија, Окта. Како најверојатен купувач на државниот удел од 35,5% се споменува моќната фамилијарна компанија Лацис груп, која веќе поседува 41,3% во Хеленик петролеум. Ќе добие ли Окта нов газда наесен?!

Уделот акции од 35,5% кој грчката држава ги поседува во најголемата грчка рафинерија Хеленик петролеум до ноември годинава мора да бидат продадени.

Грчкиот премиер Јоргос Папандреу е принуден на ваков чекор откако рафинеријата Хеленик петролеум се најде на најновата листа на државен имот и удели во компании кои Грција мора во најкратко време да ги продаде за да ја спаси државата од банкрот.

Грчкиот медиум “Капитал“ пишува дека владата на Папандреу и официјално одлучила да го продаде државниот удел акции во најголемата рафинерија Хеленик и дека грчкото Министерството за финансии веќе преговара со неколку заинтересирани купувачи.

Според грчките медиуми, најверојатно е дека државата своите акции прво ќе му ги понуди на моментално најголемиот поединечен акционер во Хеленик петролеум, грчката моќна семејна компанија Лацис груп (Latsis Group), која е газда на 41,3% од акции во грчката рафинерија, но преку компанијата Paneuropean Oil and Industrial Holdings S.A. со седиште во Луксембург. Ако ова сценарио се реалзира и грчката Лацис груп ги купи и државните 35,5% акции, таа ќе стане доминантен сопственик на 76,8% од капиталот на Хеленик петролеум, чија пазарна вредност изнесува 1,6 милијарди евра.

Грчката рафинерија Хеленик петролеум е сопственик и на 83% од Окта, единстевната рафинерија во Македонија, што значи дека ако Грција ги продаде своите акции, тогаш Окта до есен ќе добие нов газда - Лацис груп. Раководството на Окта во Македонија не потврдува дали наесен ќе добие нов сопственик и што би знаечел можниот влез на Лацис груп во рафинеријата.

Лацис груп, која е моќна семејна грчка корпорација е основана во 1940 година во Грција, од магнатот Џон С. Лацис. Важи за корпорација со големо портфолио на дејности, од приватно банкарство, енергија и тргување со енергија, инвестирање во недвижности, до глобален транспорт, изградба, управување и одржување на приватни јахти. Од 1970 година Лацис груп агресивно присуствува во Саудиска Арабија и Блискиот Исток преку компанијата Sete, специјализирана за инженерство, набавка, изградба, работење и одржување на рафинерии.

Познатиот грчки бизнисмен Спирос Лацис, кој според медиумите тежи повеќе од 9,1 милијарда долари, е единствен сопственик на Лацис груп.

Спирос Лацис поседува и околу 40% во ЕФГ Еуробанк Ергасиас, втората по големина банка во Грција, како и 41,3% во Хеленик петролеум, преку неговата фирма Paneuropean Oil and Industrial Holdings S.A.

За Хеленик петролеум веќе подолго време интерес покажува и руската нафтена компанија Лукоил, но не може да најде начин како да влезе во досега затворената кон странски инветсиции грчка држава. Во 2002 година Лукоил сакаше да купи 30% од државната грчка компанија Хеленик петролеум, но поради острите критики од грчките синдикати, Лукоил одлучи да влезе во грчката рафинерија преку заедничка соработка со Лацис груп.

Иако двата партнера успешно се договорија, на крајот оваа соработка немаше епилог, бидејќи грчката влада одлучи да го одбие влезот на Лукоил и на Лацис груп во Хеленик со објаснување дека тоа е неприфатливо за националните интереси на Грција. Но, само една година подоцна грчката фирма Лацис груп преку серија трансакции станува сопственик на 16,5% од капиталот на Хеленик петролеум, а за неколку години Latsis Grup стана најголем поединечен сопственик на 41,3% од капиталот на Хеленик.

Што значи оваа вест за инвеститорите во хартии од вредност? Или тие кои веќе имаат акции во А.Д. Окта?
Ќе доживеат ли раст акциите на ОКТА по продавањето или се предвидува пад на истите?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Мојата омилена компанија Макпетрол, како да ја нема повеќе на МБИ 10!? Или можеби грешам!? Знае ли некој зошто не излегува извештај на банерот кој известува за вредноста на акциите!?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Мојата омилена компанија Макпетрол, како да ја нема повеќе на МБИ 10!? Или можеби грешам!? Знае ли некој зошто не излегува извештај на банерот кој известува за вредноста на акциите!?
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
не ми кажувај Конкрит...... сигурен? Тоне или потона? Знам дека некое време 2-3 години тоне - неколку години прикажуваат големи загуби!.... се инаетат бродер‘с Јосифовски, па овие пороманживе ги преебаа им змаа неколку ‘златни рудници‘ аеродромите, многу логично и за владините возила не точат таму (за ова не сум сигурен)..... Ееее така е кога несакаш да му бакнеш рака на Гадафи! Штета, беше тоа моќна фирма.... кој е на ред сега? У ствари кој уште остана?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
За сега само тоне.., но steady што е неповолно. Мислам дека доаѓа до израз проблемот со самобендисаната сељачаана која е на врвот или околу врвот и која никогаш не ја надмина фазата на купи-продај....на монополски производ у монополско опкружување..... и многу пари за да ги пополнуваат дупките од глупости кои ги прават.....;)
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
За сега само тоне.., но steady што е неповолно. Мислам дека доаѓа до израз проблемот со самобендисаната сељачаана која е на врвот или околу врвот и која никогаш не ја надмина фазата на купи-продај....на монополски производ у монополско опкружување..... и многу пари за да ги пополнуваат дупките од глупости кои ги прават.....;)
Веќе две години по ред не даваат дивиденда од Макпетрол, најверојатно со дивидендата го покриваат минусот кој се јавува, иначе фирмата не тоне, туку ја преливаат во ново создадената Оилко, која е на синот на директорот,. Акциите што ги нема веќе два дена на берзанскиот индекс тоа мислам дека не се тргува со истите овие денови и затоа ги нема.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
‘‘Повратак отписаних‘‘ .... се врати Макпетрол.... додуша со дневен минус од 2,6... ама сепак се врати!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom