кога бев основно и малце од средно дека имам бушава коса воопшто не си ја сакав косата, и каде и да одев ставав гел, лакови и триста други глупости, фала богу ми дојде паметот и сфатив дека имам прекрасна коса и веќе ништо не ставам. Инаку да почна да ми опаѓа косата кога си миев глава почна да ми се темни кога ќе видев колку влакна ми паѓаат од главата. Отидов на лекар ми ги напрвија тие тестови со корнење на коса од главата ( колабрирав бидејќки немав спиено и јадено тоа сабајле хаха) и .. ми рекоа дека малце ми опаѓа а од што е незнаат, нешто гените улога бла бла, ми дадоа Шампон за тушираше Алпецин, тој го користам со години, пијам омега 3, јадам храна со железо блабла, и пиев едни многу скапи апчиња ама воопшто не ми текнува како се викаат (тие исто и за нокти биле нешо). Е сеа дали уште ми паѓа незнам зошто сеа кратка ја носам а од тоа (или можеби генетски ми е) мислам дека имам поголеми залистоци кај челото друго се ми е во ред.
И јас имав нешто слична приказна
Порано имав прегуста коса, кога одев да се шишам се чудеа фризерите. Али ете млади години, се заинатив и од 14 до 16 години се немав шишано
Ми викаа од дома, одржавај ја барем, пошто ќе почне да ти паѓа, јас се курназев. И ми прдна после, одеднаш се потшишав кратко. Али веќе беше касно, штетата беше направена. ОД 17 години пшочна бајаги да ми паѓа косата. Знам почнав да приметувам негде пред ексурзијата во средно. Ептен беше тоа шок за мене. Бев препознатлив по густата коса. Не сум спиел навечер у пм...
Мислам дека години ми требаа да ја прифатам реалноста али тоа е тоа...
Во почетокот од четврта одев кај еден сдоктор, што беѓше најпознат во македонијава за тоа (не ми текнува име), и исто ми собра неколку влакна од позади и ми рече не е етолку страшно. Ми даде едно за мачкање, и божем имаше подобрување па пак земав али се откажав. и јас пиев некои апчиња, ваљда истите како тебе.
После незнам што ми текна купив од Франција некои исто за мачкање, и мојот фризер беше воодушевен од напредокот, али и од тоа се откажав пошто едноставно веќе не ми беше гајле дали паѓа или не
Сега од страните и од позади имам бајаги како порано, али горе е ретка ептен. Очекувам до 27-8 (сега имам 22) да бидам џоа Зидан
Ваљда ќе измислат нешто во иднина за растење за коса. Дотогаш ич не асе замарам. Се е до тоа, да не изгубиш самодоверба. Да бидеме реални, изгубената коса не се враќа. Можеш само да го спречиш паѓањето, или поубаво кажано да го одложиш за некоја година