А бе види сеа, можеш да читаш и будалаштини од Хабард, ама пак не гледам кај Ти е духовниот опит, оти од погоре напишаното, не си мрднал од своите предрасуди, кои, како веќе реков, во Црквата ги именуваме како „...мудрување телесно...„ кое ни случајно не води во духовност.
За илустрација, еве Ти еден случај со младиот послушник-монах и неговиот духовник. Имено, монахов, кој западнал во прелест ради свое висококумие и мнение, почнал да му се фали на својот старец-духовник, дека тој (монахов де...) станал толку многу продуховен, што бели ангели почнале да му се јавуваат (на монахот) и да му служат. А „глупиов„ старец, ја увидел прелеста во која западнал неговиот послушник, па му посоветувал: „..Подобро е да ги видиш своите гревови, отколку да гледаш бели ангели...„
Ти текнуе?