Изгледа дека ние сме вонземјани после сè, покажува студијата, во која беа испитувани 12 метеори.
Научниците од НАСА и Карнеги Институтот за Наука во Вашингтон сметаат дека Земјата може да го има своето потекло во вселената. Испитуваните метеори биле формирани милијарди години пред паѓањето на Земјата. Фрагментите богати со јаглерод содржеле хемикалии слични на една од клучните компоненти на ДНК, „градежниот блок“ на животот, пишува Daily Mail.
„Со влијанието на метеорите и кометите врз раното формирање на Земјата, изгледа дека тие донеле некои многу важни состојки“, вели водителот на истражувањето, др. Мајкл Калахан, од вселенскиот Центар Гударт на НАСА во Мериленд.
Претходните истражувања докажаа дека метеорите содржат амино киселини, кои формираат протеини кога се поврзани заедно, и хемикалии потребни за клетките да создадат мембрана или бариера.
За да се докаже дека присуството на овие хемикалии, биле извршени испитувања со помош на последните научни техники врз примероци од 12 метеори - 11 богати со јаглерод и еден урелит, многу редок вид на метеорит, со различен хемиски состав.
Два од јаглеродните метеори содржеле различно ниво на нуклеобаза и структурно слични соединенија познати како аналогни нуклеобази. Три од аналогните нуклеобази се многу ретка појава во земјината биологија, а не биле пронајдени во почвата и примероците мраз од областите во близината каде беа пронајдени метеорите.
„Пронаоѓањето на нуклеобазните соединенија нетипични за земјината биологија силно ја подржуваат приказната за вонземското потекло“, вели Џим Кливс, хемичар од Институтот Карнеги, пишува Fox News.
„Овие наоди покажуваат дека метеорите можеби се молекуларна алатка која ги обезбедува основните 'градежни блокови' потребни за живот на Земјата“, додава Кливс.
Истражувањето беше објавено во Proceedings of the National Academy of Sciences.