Навика

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Полесно е да се навикнеш отколку да се одвикнеш. Секоја навика си има свое време што не го менува и внимава никој да не и го смени.

Човек не може без свои навики. Според нив и се изделува и се препознава себе си пред другите. Меѓутоа, тој и не може да се искачува по животното скалило ако не ги богати со нови, едновремено менувајќи ги старите. Некогаш може, некогаш сака, но најчесто мора. Особено кога ќе се најде во небрано, кога веќе не може да биде како што е, да оди по старо, кога почнува да се назадува, да се паѓа.

Мора да се менуваат навиките за да се поттикнат и прифаќаат промените,да се оди напред. Она што не чека, она што почнува бара од нас пред се ослободување, откажување од многу наши навики, и работни и неработни, прифаќање или прилагодување на некои нови што се суштествени за развиениот свет.

Треба веднаш да почнеме да се одвикнуваме од досегашното, од старото, за полесно да ни биде навикнувањето на новото.

Македонски народни поговорки

-Навиката е една м'ка, а одвиката девет;

-Оној што не се навикнал- не го навикнувај; оној што се навикнал- не го одвикнувај;

-Навиката е кошула што ја носиме до смрт;

-Мајчините навики преоѓаат на ќерката;

-Старата навика може да се свитка, но не и да се скрши;

-Кој е навикнат на пекол, за него тој не е мачилиште.

Поговорки од светот

-Навиката е шесто чуло што ги победува останатите пет (Арапска);

-Навиката е 'рѓа што и се потсмева на секоја турпија (Германска);

-Навиката му го одзема вкусот и на најдоброто јадење (Германска);

-Старата навика и старата бочва не остануваат без свој вкус (Германска);

-Навиката лесно се менува кога во телото повеќе нема душа (Чешка);

-Клучевите на навиката се наоѓаат во волјата (Финска);

-Навиката има железна кошула (Словенечка);

-Таткото му ги предава на синот своите навики (Корејска);

-Навиката не е чевел да го собуеш од нога (Руска);

-Навикнал песот да трча по кола, па трча и по санки (Руска).

Ваши навики, добри - лоши? Навики кои сакате да ги искоренете, сакате да ги задржите? Ваше мислење - повелете...
 
Член од
10 февруари 2011
Мислења
894
Поени од реакции
398
Навика хмм ! па оти кукиштето ми стои доле така да секоаш коа го укл компјутерот со прстот на ногата го уклучувам !! веројатно навика :)
 

edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Навиката го прави човекот како индивидуа и му дава особини слични со животните.
Искуството го специјализира и го формира.
Теорија - само еден мал дел :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Животна лекција број 1.
не потпаѓај целосно под навиките. Затоа што со нив, мозокот ти отапува.
Човек што знае да ги промени во право време е најприлагодлив за живот.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Животна лекција број 1.
не потпаѓај целосно под навиките. Затоа што со нив, мозокот ти отапува.
Човек што знае да ги промени во право време е најприлагодлив за живот.
Правилни навики водат до подобар живот, а не до отапување на мозокот.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Станување на време.. Секој ден исто.... се дешава да смениш таботно време.
И оп, наеднаш репрограмирањето паѓа.
Се` што е поврзано со факторот време затапува со тек на... време.
За миење заби и вежбање не правам муабет. Но ако тие ми го загрозуваат времето кога јас треба да работам за да преживеам... фак јеа. (добро де миење заби од 10 минути нема да ми скрати од дневницата :D)
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Освен основните калимеро што ги наброја ако имаш навика да се надградуваш на интелектуално и физичко ниво тогаш како ќе затупавеш? Пример, како ќе ме затупаве навиката да читам пред да легнам??? Никој нема да ти замери ако признаеш дека не си во право.
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Грицкање на нокти. Ја мразам оваа навика, но што да се прави, едноставно не можам да се одвикнам иако сите велат дека секоја навика има и одвика. :)
 
K

kalimer0

Гостин
Грицкање на нокти. Ја мразам оваа навика, но што да се прави, едноставно не можам да се одвикнам иако сите велат дека секоја навика има и одвика. :)
Нормално дека можеш, кога ќе посакаш да грицкаш нокти земи грицкај нешто друго. Не е ист филингот но тоа е тоа :D
 

Chanel

I feel like a tiny bird with a big song!
Член од
22 мај 2011
Мислења
478
Поени од реакции
307
Нормално дека можеш, кога ќе посакаш да грицкаш нокти земи грицкај нешто друго. Не е ист филингот но тоа е тоа :D
Верувај, којзнае колку пати пробав да грицкам нешто друго, па дури и маст си купив од аптека за одвикнување, ама брате ништо не помага :D
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Освен основните калимеро што ги наброја ако имаш навика да се надградуваш на интелектуално и физичко ниво тогаш како ќе затупавеш? Пример, како ќе ме затупаве навиката да читам пред да легнам??? Никој нема да ти замери ако признаеш дека не си во право.
Point taken!
Точно е што викаш за надградувањето, признавам и јас дека малку погрубо (не) го образложив мојот одговор.
Поентата е дека ако рецимо се придржуваш целосно под некој план (Schedule if I may say) кога ќе се најдеш во сосема нова средина и бидеш принуден да менуваш се` од корен, самата промена ќе биде далеку покомплексна.
Имаш право за тоа дека треба да ги имаш добрите навики (себенадградување на било какво ниво) но тоа мислам дека ќе има уште подобри резултати ако не е поврзано со факторот време.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Грицкање на нокти. Ја мразам оваа навика, но што да се прави, едноставно не можам да се одвикнам иако сите велат дека секоја навика има и одвика. :)
Повеќе членови од моето семејство ја имаа оваа навика. Постојат начини како да се одвикнеш. Краткорочно гледано прво нешто што би ти помогнало е на неколку недели да идеш на маникир бидејќи ако ноктите ти изгледаат убаво ќе ти биде криво да ги грицкаш. Постојат и различни препарати што се ставаат на прстите кои грицкањето нокти ќе ти го направат гадно на вкус. На долгорочен план треба да сфатиш зошто грицкаш нокти, дали е кога си возбудена или слично. Ако е заради тоа треба да ја дознаеш причината за возбуда и во тој момент да реагираш свесно и да не ги грицкаш ноктите. Ако тоа не успее секогаш можеш да се консултираш со некое стручно лице.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom