Навика

  • Креатор на темата Креатор на темата Forrest Gump
  • Време на започнување Време на започнување
Верувај, којзнае колку пати пробав да грицкам нешто друго, па дури и маст си купив од аптека за одвикнување, ама брате ништо не помага :D
Мачкај прстите со љута пиперка и ќе се одвикнеш :)
 
Point taken!
Точно е што викаш за надградувањето, признавам и јас дека малку погрубо (не) го образложив мојот одговор.
Поентата е дека ако рецимо се придржуваш целосно под некој план (Schedule if I may say) кога ќе се најдеш во сосема нова средина и бидеш принуден да менуваш се` од корен, самата промена ќе биде далеку покомплексна.
Имаш право за тоа дека треба да ги имаш добрите навики (себенадградување на било какво ниво) но тоа мислам дека ќе има уште подобри резултати ако не е поврзано со факторот време.
Факторот време и мене ми е најзаебана ствар. Јас морам да спијам минимум 8 часа дневно. И морам да одвојам уште 2 за тренинг. Тоа се 10 фиксни МИНИМУМ. Сега летово не ми претставуваше проблем. Но сега со факултетов и плус како што рачунам да се вработам ќе ми биде многу тесно.
--- надополнето: Aug 20, 2011 1:25 AM ---
И btw Saladin тоа што прифаќаш туѓо мислење кога се спротивставени ставовите покажува многу за твојот карактер.
 
Повеќе членови од моето семејство ја имаа оваа навика. Постојат начини како да се одвикнеш. Краткорочно гледано прво нешто што би ти помогнало е на неколку недели да идеш на маникир бидејќи ако ноктите ти изгледаат убаво ќе ти биде криво да ги грицкаш. Постојат и различни препарати што се ставаат на прстите кои грицкањето нокти ќе ти го направат гадно на вкус. На долгорочен план треба да сфатиш зошто грицкаш нокти, дали е кога си возбудена или слично. Ако е заради тоа треба да ја дознаеш причината за возбуда и во тој момент да реагираш свесно и да не ги грицкаш ноктите. Ако тоа не успее секогаш можеш да се консултираш со некое стручно лице.
Па добро, не сум некој фрик што грицка нокт all the time, туку имам забележано дека тоа ми се случува инстиктивно, во некои ситуации. На пример секогаш кога сум исплашена, кога сум нервозна, кога се двоумам т.е. во некои невротични ситуации.
Мачкај прстите со љута пиперка и ќе се одвикнеш :)
Е богами уште ова ми остана да го пробам :D
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj
Пробај. 100% ќе успее... само внимателно не чепкај лице. На овој начин ги одвикнуваат децата од цуцла...на цуцлата ќе стаат малце љуто..и после нема да сака да го види ..а не да го стави во уста :)
 
Па добро, не сум некој фрик што грицка нокт all the time, туку имам забележано дека тоа ми се случува инстиктивно, во некои ситуации. На пример секогаш кога сум исплашена, кога сум нервозна, кога се двоумам т.е. во некои невротични ситуации.
Никој не рече дека си. Сестра ми слично како тебе реагираше. Нејзе и помогна тоа што се трудеше да мисли да не ги грицка ноктите нон стоп. Знам дека звучи глупо малце, но после некој период престана да ги грицка. При толку фокусирање на тоа после некој период станува потсвесно.
 
Абе таман си е се, само што изгледа јас сум се уште во прва фаза на одвикнување, т.е. мозокот се уште не е убеден дека јас навистина сакам да се откажам од оваа навика, и не дава наредби за одвикнување. И како што велиш ти, свеста е важна, можеби и пресудна за одвикнувањето. Кога во тој момент кога ти доаѓа нагон за грицкање мислиш на нешто друго и ставаш забрани на рефлексите за грицкање, некако би успеала.
 
Финтата е што е многу тешко баш во тој момент кога ти доаѓа нагон за грицкање да се сецнеш и спротивставиш. Затоа добра варијанта е тоа што ти спомнав.
 
Финтата е што е многу тешко баш во тој момент кога ти доаѓа нагон за грицкање да се сецнеш и спротивставиш. Затоа добра варијанта е тоа што ти спомнав.
Е па затоа и ти велев дека никако не можам да се одвикнам. Али фала за советот, па белки сега вака поупорна ќе успеам. :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mj
Има еден многу јак андерграунд филм, се вика „Цицање палци“. Се работи за еден човек кој постојано си ги цица палците. И тоа почнува да му пречи на работа, колеги го исмејуваат и 300 глупости...и типацов оди на психијатар да се одвикне. И се одвикнува од таа навика. Е арно ама сега не цица палци и е поинаков во се`. Погруб спрема сите, поинаку гледа на настаните...360 степени сменет. Почнува некој ај да го наречеме „бунтовен“ живот и завршува на многу лошо место. Филмот завршува со една сцена каде типацот е седнат во авион и повторно си го цица палецот.

Зборот ми беше, навиките се важен дел од животот. Било лоши или добри (ма да тоа е многу релативна работа) навики, ако ги промениш веќе не си тоа ти.
 
Иако немам некоја грда навика и не сум искусил како е тоа да искорениш навика,сепак мислам дека волјата е најбитна...волја и целосна концентрација...исто така мислам дека за време на искоренувањето не треба да се извршуваат секојдневните обврсти туку личноста требе да се истргне(доколку може) од обврските тој период
 
Соблакање на патиките со нозе, оставање на масата лом после јадење, возење на точакот нон стоп во 18-та брзина, соблекување на алиштата и фрлање на подот до креветот пред легнување, пред да почнам да читам некоја книга обавезно ја читам последната реченица од книгата. Се е тоа некој вид на навика .. :ROFLMAO:
 
по навика палам цигара нова,по навика се лажам утре нема да пушам
 
Верувај, којзнае колку пати пробав да грицкам нешто друго, па дури и маст си купив од аптека за одвикнување, ама брате ништо не помага :D
стави си Луто на ноктите, подмачкај ги со некоја лута пиперка или со нешто Горко или многу кисело и ќе ти помине за една недела :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom