ПИВОЛЕНД 2011, СЦ Борис Трајковски - 31.8 до 04.9.2011

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
Од бендовиве што ги најавија досеа, само Хладно Пиво и Ареа ми праат мерак. Да дојдеа и Суперхикс можда немаше да кенкам за локацијата ама... Стварно е лошо бе, како може толку добра локација, на Кале, и трева и места за седење има и се, да ја заменат со смрден ПАРКИНГ!!!!
I am dissappoint.
 
Абе бендови.... Зашто не го споеја пиволенд со живо гледање Евробаскет баш се одржува во време кога игра Македонија?? Иначе баш тапа ќе биде и ради локацијата...
 
Абе бендови.... Зашто не го споеја пиволенд со живо гледање Евробаскет баш се одржува во време кога игра Македонија?? Иначе баш тапа ќе биде и ради локацијата...
Ќе стават бим на кој ќе може да се гледа. Не бери гајле.
Пред две години кога беше првенството во Баскет играа Шпанија и Србија и јас во шпански дрес реметев една другарка која е по баба србинка :)
 
Мислам дека ради локацијата нема ни да отидам...
 
Промена на локацијата!

Огромната посeтеност на третото издание и растот од година во година со секој сегмент на фестивалот (бина, штандови, посетеност) ни наметна и нов императив за проширување на самиот фестивалски простор кој ќе има капацитет за масовноста на фестивалот. Тоа е основната причина зошто Пиволенд оваа година се сели на паркингот кај спортскиот центар " Борис Трајковски". Просторот на новата локација ќе биде уреден за одржување на голема манифестација и ги задоволува сите услови фестивалот да се одржи на простор со адекватна големина за масовноста на Пиволенд.

Уште на третото издание беше очигледно дека Пиволенд го надмина капацитетот на Скопското Кале за настани од овој тип. Ваквиот организациски потег е карактеристичен за секој фестивал во пораст, вклучувајќи го тука и фестивалот во соседна Србија со кој Пиволенд е често споредуван, Белградскиот Beer Fest кој од истите причини се пресели после пет години одржување на Калемегдан.

Особено значајно за Пиволенд е тоа што новата локација нуди многу подобри логистичко технички услови, а самиот простор претставува предизвик четвртиот Пиволенд да биде во сите сегменти најдобар до сега.

Влезот на фестивалот и оваа година е бесплатен. Добродојдовте!

Darkwood Dub, Јура Стублиќ и Филм, Фолтин, High Control, Ареа, RHCP Real Tribute

Покрај веќе најавените Lollobrigida, Ритам Нереда, Gillespie, Belfast Food, македонските бендови Летечки Пекинезери и Screaming For Change, еве го вториот музички контингент кој ќе настапи на Пиволенд оваа година: Darkwood Dub, Јура Стублиќ и Филм, Фолтин, La Colonie Volvox, High Control, Ареа. Од трибјут бендовите, покрај Pink Floyd и RATM, на Пиволенд 2011 ќе настапи и Red Hot Chili Peppers Real Tribute групата. Време е да се забавувате!

Програмата се пополнува полека но сигурно и може да се види ТУКА

Мене лично едини бед ми е што Лолобриџида се на 31ви од 22 часот. Ако се снајдам некако да преноќување некаде или превоз некој, ќе биде фино, во спротивно не ми се дава 800 денари такси за до дома.
 
Па топ е програмава, те тера секој ден да идеш
 
Не знам зашо ги бара народов Суперхикс кога у рок од една година сто пати настапија само во Скопје. Не викам дека не се добри ама па преку куров веќе, тоа па тоа... Инаку за пиволендов се радувам за Хладно Пиво ептен. Новиот албум не им е нешто баш али верувам ќе свират и стари песни. Уште најголемата моја желба Гоблини да биде услишена и ќе можам спокојно да умрам со пиво у раце додека свири песнава
 
Тиња Хладно пиво се на 1 септември... ништо ме разочараа баш тие што сакам најмногу да ги слушам секоја година ги ставаат во термин кога неможам да отидам -.-
 
Тиња Хладно пиво се на 1 септември... ништо ме разочараа баш тие што сакам најмногу да ги слушам секоја година ги ставаат во термин кога неможам да отидам -.-

У школо си? :icon_lol:
 
Тури му пепел, Хладно Пиво осеќам ќе ги напраат резидент у Македонија...
ма остај тоа ама некако многу лошо го прават ова распоредот наместо „подобрите„ (не сакам никој да потценам мислам на попознатите) изедувачи се ги ставаат во некој тиња термини наместо во ударни кога се очекува најмногу посетители дали неможат да си дозволат или што и да е ама некако многу ми е безврска кога веќе не го отвара/затвара настанот бар нека ги стават во некој ударен термин :)
 
И мене многу ми пречи што Лолобриџида се на 31ви, ама тоа е...
Туку се надевам дека Мањифико ќе биде во арен ден, да ѕенѕам на раат на подиум :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom