Интересно е што кога ние отпаднавме 2010 од Интер во ЛШ, сите експерти ни солеа ум дека играта не вреди ни малку, дека се глупости тоа што се фалиме дека сме ги надиграле и дека битен е само резултатот и титулите.
Сега, истите овие експерти се фалат дека ја надиграле Барселона
pos
, дека Барса само има среќа, а не покажа ништо во овој меч. Дури некаде читав дека не ни вредат титулите, оти не се освоени со стил.
И тоа кажано од навивач на Челзи.
Иначе, освен што ги надигравме на теренот, мноогу јасно се покажаа, т.е. по којзнае кој пат се потврдија неколку работи, меѓу кои би ги издвоил двете кои се најчесто негирани од хејтерите на Барса:
1. Гвадиола > Мурињо!
2. Меси > Роналдо!
--- надополнето: Aug 18, 2011 7:40 PM ---
Глупостите на дечкото кој сака да биде во центарот на вниманието нема да ги заборавиме, ама како и секогаш ги игнорираме, затоа што на нас ни претстојат долги битки на повеќе фронтови, го имаме скоро истиот состав од лани, костурот на екипата останува непроменет, а е составен од играчи кои играат заедно повеќе од 10 години. Плус оваа сезона сме засилени со Тиаго и Фабрегас, во нападот го имаме и Алексис, во одбраната промовиран е Фонтас. Имаме состав за големи дострели, за мене најголем успех ќе биде ако ја одбраниме титулата во ЛШ. Тоа ќе биде врв на доминацијата...
ДОМИНАЦИЈАТА ПРОДОЛЖУВА!