- Член од
- 21 септември 2008
- Мислења
- 14.656
- Поени од реакции
- 14.632
И сега нема да признаат дека Барселона, како тим, како колектив, сеуште е подобра од Реал, туку ќе го оспоруваат тоа, затоа што клупата на Барселона станала да се буни на судиска одлука.. И толку, не е битно што предтоа, цели 90 и кусур минути имаше чиста игра, во која објективно Реал беше надигран
Барса е сеуште подобра од Реал, но не е тоа така супериорно како што беше до пред некое време.. Еве прочитај го последниов дел од постов подоле на што мислам..
Филозофијата на Мурињо е многу проста - Резултат. Постојат тимови кои очи би извадиле за една единствена титула, за лидер кој ќе го подготви тимот да игра на највисоко ниво... Како ќе стигне до тоа, не е битно. Реал беше токму таков тим пред година дена.
Иако јас одникогаш не сум се сложувал дека тимовите на Мурињо играле дефанзивен „анти-фудбал“. Баш напротив, неговите тимови одсекогаш биле беспрекорно тактички позиционирани, играле рационално и мудро, и нормално секогаш оделе на победа (можеби понекогаш и во лоша или дефанзивна игра - но секогаш оделе на победа).
Барселона е уникатен пример за тим кој негува офанзивен и возбудлив стил на фудбал (со Арсенал како почесен член), но тоа едноставно нема многу врска со тренерот. Гледаме и сезонава ги купија Санчез и Фабрегас, а не донесоа ниеден централен бек иако се кратки на таа позиција.
Сепак ова последно ел класико не научи дека за секоја игра има против игра и дека понекогаш и сјајните момци од Барса неможат да играат „вонземјански“ фудбал кога ќе наидат на рамноправен противник. Напротив последниов двомеч не научи дека единствено Мурињо успеа да игра како „Барселона“ против Барселона.
Честитки на Барселона на титулата. А Реал не треба воопшто да тагува, бидејќи од она што го прикажа на теренот (не и надвор од него), извесно е дека титулите ќе дојдат... и тоа со стил.
Успат, најдобриот пост што сум го прочитал во овие 44 страни полни со глупости.