Што е подобро на пмф
молекуларна биологија или биохемија?
Ако мислиш на наоѓање работа тоа никој не може да ти го гарантира. За практично се слагам со аxl-mol дека треба многу повеќе да се посвети внимание, ама тоа е.
А за учење, до сега сите предмети ни се исти и на двете насоки, само по некои предмети имаме различни професори. Прва година освен за хемиите, каде треба да се помачиш малце повеќе, ќе поминеш, ако учиш. Посебно втора година по новатa програмa е пренапорна, споени предмети два во еден, па полагаш кај двајцата професори, па кај двете асистентки практично.
Годинава памтам коа почнав да полагам некаде од 1 ноември, пауза имав само еден месец(кога почнуваше семестарот) и завршив денеска со полагања.
Да не го тупам, целта ми беше да кажам дека е пренапорно, а не знаеш шо ќе биде од тебе коа ќе завршиш.