ПМФ

  • Креатор на темата Креатор на темата GraFusion
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може некој да ми даде поконкретни информации околу институтот за географија односно наскоите (ГИС, Физичка Географија, Демографија и Туризам). Што се можи да се работи со овие насоки и дали има голема конкуренција и колку приемни конкурси има тешко е лесно е ?
Да не се повторувам, истово и мене ме интересира, некој да објасни? :)
 
Ве молам ако има некој што учи медицинска физика да ми каже неколку информации за таа насока, дали е тешко, какви се професорите... Исто така ме интересира дали оваа насока има нова програма, бидејќи ми кажаа дека сега било полесно и дека првите две години немале заедничко јадро со останатите насоки.. :unsure:
Ве молам да ми пишете затоа што би сакала на тој смер да се запишам од септември.
 
Не сум на медицинска физика, ама немој да мислиш дека ќе имаш многу медицински предмети, најмногу 3-4 се, имаш биофизика, анатомија, радијациона физика, радиобиологија и како изборни: електрофизиологија, ултразвучна дијагностика, физика на медицински imaging техники, дозиметрија и заштита од зрачење. Немој да мислиш дека е полесно, затоа што воопшто не е. Студираш физика и треба да знаеш многу математика и да имаш многу волја да опстанеш, не дека професорите се лоши, туку факултетот е тежок.
Шансите за вработување ти се огромни. Еве што би биле твоите задолженија откако би дипломирал/а.
·Планирање на медицинската зрачна терапија
· Контрола на квалитетот на инструментацијата
· Имплементација на основните стандарди во заштита на медицинскиот персонал и пациентите при примената на јонизирачките зрачења
· Усовршување на методите и техниките во дијагностичката радиологија
· Контрола на радиолошката контаминација на животната средина и на производи за широка потрошувачка итн.
 
Може некој да ми даде некоја информација во врска со опременоста на институтот по физика?
smile.png
Планирам да се запишам на Теоретска Физика па ме интересира дали има доволно лабораториски вежби и решаваше задачи или е само теорија.
cautious.png
 
Еве ти линк од институтот за физика, по повеќето предмети имаш и лабораториски вежби, опременост па така-така, ама пак успеваат да имаат научно истражувачка работа. Ако научиш тука нешто да работиш во овие услови, ќе се снајдеш секаде. :)
 
Ај помош! сакам на ПМФ да идам или физиотерапевт или биохемиски лабораторичар...дали има некој таму и дали знае како е,лесно тешко...фала однапред
 
Физиотерапевтите ти се на медицинскиот факултет btw. А ако си учеш ќе биде лесно ако не...слабо :D
 
Физиотерапевтите ти се на медицинскиот факултет btw. А ако си учеш ќе биде лесно ако не...слабо :D
нешто ми спомнаа дека имало и на пмф за физиотерапевти,можно е да се грешка..иначе знам дека се на медициски...иначе јас неучам,па што мислиш како би ми идело ???;)
 
нешто ми спомнаа дека имало и на пмф за физиотерапевти,можно е да се грешка..иначе знам дека се на медициски...иначе јас неучам,па што мислиш како би ми идело ???;)
Физиотерапевти нема на ПМФ, имаш смер аналитичка биохемија на хемија и биохемија-физиологија на биологија. Ако те интересира нешто пиши ми пп, за вториот можам да ти објаснам.
 
Дајте некој информации за смерот туризам. Лесно или тешко? И со колку бода минимум примаат?
 
Дајте некој информации за смерот туризам. Лесно или тешко? И со колку бода минимум примаат?
Не учам таму ама не им е нешто напнато, баш е ладич. За бодовите ќе си почекаш конкурс.
 
да си прашам и ја нешто - кој знае нека ми одговори.
имам завршено додипломски на американ колеџ смер информатика. сакам да ги продожам студиите на постдипломски на пмф е сега кај мене програмата е 3 + 2 а на ПМФ ко што знам е 4 + 1. како иде усогласување на предметите треба нешто да полагам дополнително да се средуваат кредити? некој ако знае да ми каже целата процедура како оди и секако колку коштаат постиломскиве на пмф
 
Има и 3+2 на ПМФ. Ама зашто не идеш на ФИНКИ не ми е јасно? Не знам да ти одговорам за другово, уште сум додипломски, ама мој совет ти е да се распрашаш за ФИНКИ, зашто на ПМФ во делот за информатика во моментов има многу малку професори.
 
Ај помош! сакам на ПМФ да идам или физиотерапевт или биохемиски лабораторичар...дали има некој таму и дали знае како е,лесно тешко...фала однапред

Биохемиски лабораторичар немаме, има на институт за хемија Аналитичка Биохемија и на институт за биологија Биохемиско-физиолошка насока.
Првата насока е полесна, втората потешка, иако треба да имате различни работни места, воглавном се запослуваат на исто, биохемиска лабораторија. Овие првите ќарат по некад некое место на хемиски инженер, зависи како им иде работата со врските. :)
 
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИТЕ КОИ СЛУШААТ НАСТАВА НА ПМФ
by Мишев Анастас - Thursday, 22 March 2012, 11:16 AM

Почитувани студенти
Поради зачестените инциденти во Скопје (и пошироко во државата) во последниве денови и поради инциденти во околината на ПМФ (вознемирување на студенти при доаѓање и заминување на факултетот, разбојништво, напад и повреда на студент) ве известуваме и замолуваме
-да не се движите сами туку по можност во група,

-да ги известувате чуварските служби или полицијата за непознати луѓе во близината на Факултетот и пошироко на Гази Баба
Од страна на ФИНКИ и ПМФ се преземаат мерки за зајакнување безбедноста: подобра организација и делување на чуварската служба, подобра соработка со надлежните државни органи, договор со Ректоратот за помош во спроведување на посоодветна заштита итн.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom