Етничкото изјаснување на пописот-штетно за Албанија?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.161
Поени од реакции
1.324
17.02.2011

Етничкото изјаснување на пописот-штетно за Албанија?

Großansicht des Bildes mit der Bildunterschrift: Тирана, центарот на градот

Претставници на 10 членки на мрежата на албански организации, во Тирана одржаа мирен протест против попис врз етничка и верска припадност во Албанија. Тие сметаат дека ваков опис би бил штетен за албанската држава.

На се‘албанскиот протест, како што беше најавен, изостана најавената масовна присутност. Претставниците на мрежата на албански организации во која членуваат десет организации од Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, јужна Србија (Прешевска долина) сметаат дека пописот што треба да се спроведе во април, е против албанските национални интереси и е на штета на албанската држава. Наместо пред парламентот, како што беше најавено, протестот е одржан пред зградата каде што е сместен Високиот совет за правда, за да искажат поддршка на иницијативите на неговиот потпретседател Крешник Спахиу.
Верското и етничко изјаснување не било по европски стандарди?!
Имено, Спахиу јавно е против попис во кој граѓаните може да ја искажат нивната верска и етничка припадност, што според него, како што пренесуваат медиумите, не било во согласност со европските стандарди. По негово барање се преиспитуваат и досегашните одлуки на судовите донесени по лично барање на граѓаните за промена од албанска, во друга националност.

Високиот совет за правда едногласно донесе одлука за инспекција и верификација на прашањето за промена на нациоаналноста, искажувајќи голема загриженост за уставните проблеми поврзани со ова прашање, ги инфомирал Спахиу соговорниците од, како што се наведува, се‘албанските простори.
Ставот на македонското малцинство е јасен
Ставот на македонското малцинство околу пописот е јасен и е идентичен со сите други малцинства, вели претседателот на партијата на Македонците во Албанија, Едмонд Темелко.
„Да има фер, демократски попис, да има графа Македонец, да се попишува слободно. За нас тоа е единствено прифатливо решение. Останатите други решенија се чиста манипулација, само да се направат поголеми загатки и да излезе што помал број на Македонци во Албанија“.
Темелко во името на Македонците искажа остра осуда на денешното собирање во Тирана, како и на ставовите на повеќе албански политичари и историчари кои ги изнесуваат околу пописот, а кои се против етничкото изјаснување на граѓаните.

http://www.dw-world.de/dw/article/0,,6441849,00.html?maca=maz-TB_maz_TVA1-3119-html-cb
 
Европа сигурно ја критикува Македонија зошто не ги применува овие стандарди кога се работи за македонскиот попис.
 
Се додека тежнееме кон западот ние ќе бидеме народ од втор ред.
 
Се додека тежнееме кон западот ние ќе бидеме народ од втор ред.
Многу јасно ние сме многу подобри и понапредни од нив во секоја смисла... само материјалистички копуци не го гледаат тоа бидејќи во денешно време човек се цени единствено според материјалната состојба... според западните гледишта тоа де кои за жал се прифатени од дел од нашите деца. :confused:
 
Многу наивно делуваат тукашните Македонци кои го фалат третманот на нашите во Албанија.
Тие не гледаат дека Албанија го користи изолираниот џеб - Пустец, како алиби, притоа не дозволувајќи за Македонците ниту 1% од правата кои ги уживаат Албанците тука.
Немаат ни основни права на пописот, ниту пак право на образование на Македонски јазик, барем до четврто.
 
Нема врска оваа побуна со македонците , во Албанија никој нити ги спомнува македонците , проблемот е со грците , Грција дава парична помош за тие што се изјаснуваат како грци , па затоа дел од православните албанци и власите постои опасност да се запишат како грци иако не се такви.
Според мене не постои таква опасност , затоа што еве имаме случај и во Македонија многумина одат во Бугарија се декларираат како бугари за да земат пасош , но тука на пописите се декларираат како македонци.
 
Ако толку ги боли уво за Македонците, што не направат еден гест на добра воља и да им дадат барем образование до четврто (на сите, а не само на селаните од Пустец) и графа во попис. Ужасно малку во споредба со правата кои Албанците тука ги уживаат но барем тоа нека го дадат.
Ако стварно и е гајле на Албанија, зошто тогаш албанските служби вршат постојан притисок врз Македонците во Голо Брдо и на други места?
 
Хаха што те гледам чуден батка. Со зборење и дијалог ништо не бидува.
Треба да им се скинат сите права во Макодинија што вештачки ги добија, па после ќе имаме дијалог.
Живеат во оваа држава а повеќе се секираат за Косово и Албанија.
Со децении наназад паразитираат како заедница во рамките на Екс Ју и сега продолжуваат со паразитизмот врз грбот на МАкедонците. Еден ден ќе мора да се реши ова.
 
Јасно ми е мене, ама проблемот е што многумина други спијат на розови облаци, додека комшијата им распалува оган испод.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom