RocknRolaa
Rafa Para Siempre
- Член од
- 21 февруари 2010
- Мислења
- 6.869
- Поени од реакции
- 9.740
Една работа сериозно ме чуди кога се користи зборот преценет за Џеф Бакли. Човекот успеал да направи перфектен албум кој во тоа време на пример станал шест пати платинест во Австралија, и ја освоил највиоската награда во Франција, која е доделена на Едит Пјаф на пример. Музичари од висок ранг како Боуви, Плант, Том Јорк му симнуваат капа на момчето кое со само еден албум ја освои музичката сцена. Значи човекот има еден целосен, за мој вкус совршен албум, зашто ниедна песна не штрчи, не може да се одвои една лоша песна. Вистинското прашање е покрај такво вивнување во ѕвездите со само еден албум, колку можел да постигне доколку би бил жив денес? Имал апсолутен потенцијал да стане the next best thing. Имал храизма, невидено добар глас и талент да создава музика. Ем текстописец бил.Типот има глас - факт.
Типот музицира со многу емоции - факт.
Имало и ќе има еден куп фолк рокери кои се многу поквалитетни од него - факт.
Од оригиналната фолк рок ера би ги издвоил Џетро, Крозби-Стилз-Неш-Јанг, тато му на малиот, Симон и Гарфункел, Ти-Рекс. Значи, џинови од артисти споредено со него.
Од новите сигурно многу подобар од него е Дамјан Рајз, дуото Ангус и Џулија исто, Лиза Ханиген е мадафака од жена.
Типот не викам дека е лош. Грејс е преубав албум. Ама дека е преценет, е, и тоа се ради татко му кој е светлосни години пред него. Меѓу него и Нирвана ми е дилемата.![]()
Сите музичари кои ги набројуваш на музичката сцена понудиле квантитативно повеќе, имале можност да го направат тоа. Татко му на пример, може починал исто така релативно млад, ама оставил зад себе многу повеќе албуми. А при квантитет можеш да одвоиш од купот и да остане повеќе. Џеф за жал немал среќа да твори повеќе време и да создаде долготрајна кариера. Затоа и не може да се користи зборот преценет за него. Преценет е музичар кој е форсиран на сцената без разлика што не нуди којзнае каков квалитет. Џеф од друга страна не е форсиран од ниедна страна. Неговите фанови се тие кои ја шират приказната за неговото музичко наследство. За мене нема поверодостоен факт дека некој е добар музичар од публиката која не е исклучиво настроена само кон мејнстрим. Земи предвид дека ретко кој и знае за него кај нас. Види само какви постови има на темава и ќе ти стане јасно.
И за крај вокалниот распон на Џеф..
