Jeff Buckley

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Типот има глас - факт.
Типот музицира со многу емоции - факт.
Имало и ќе има еден куп фолк рокери кои се многу поквалитетни од него - факт.

Од оригиналната фолк рок ера би ги издвоил Џетро, Крозби-Стилз-Неш-Јанг, тато му на малиот, Симон и Гарфункел, Ти-Рекс. Значи, џинови од артисти споредено со него.

Од новите сигурно многу подобар од него е Дамјан Рајз, дуото Ангус и Џулија исто, Лиза Ханиген е мадафака од жена.

Типот не викам дека е лош. Грејс е преубав албум. Ама дека е преценет, е, и тоа се ради татко му кој е светлосни години пред него. Меѓу него и Нирвана ми е дилемата. :D
Една работа сериозно ме чуди кога се користи зборот преценет за Џеф Бакли. Човекот успеал да направи перфектен албум кој во тоа време на пример станал шест пати платинест во Австралија, и ја освоил највиоската награда во Франција, која е доделена на Едит Пјаф на пример. Музичари од висок ранг како Боуви, Плант, Том Јорк му симнуваат капа на момчето кое со само еден албум ја освои музичката сцена. Значи човекот има еден целосен, за мој вкус совршен албум, зашто ниедна песна не штрчи, не може да се одвои една лоша песна. Вистинското прашање е покрај такво вивнување во ѕвездите со само еден албум, колку можел да постигне доколку би бил жив денес? Имал апсолутен потенцијал да стане the next best thing. Имал храизма, невидено добар глас и талент да создава музика. Ем текстописец бил.

Сите музичари кои ги набројуваш на музичката сцена понудиле квантитативно повеќе, имале можност да го направат тоа. Татко му на пример, може починал исто така релативно млад, ама оставил зад себе многу повеќе албуми. А при квантитет можеш да одвоиш од купот и да остане повеќе. Џеф за жал немал среќа да твори повеќе време и да создаде долготрајна кариера. Затоа и не може да се користи зборот преценет за него. Преценет е музичар кој е форсиран на сцената без разлика што не нуди којзнае каков квалитет. Џеф од друга страна не е форсиран од ниедна страна. Неговите фанови се тие кои ја шират приказната за неговото музичко наследство. За мене нема поверодостоен факт дека некој е добар музичар од публиката која не е исклучиво настроена само кон мејнстрим. Земи предвид дека ретко кој и знае за него кај нас. Види само какви постови има на темава и ќе ти стане јасно.

И за крај вокалниот распон на Џеф..:)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Јас не знам која е поентата да какате по еден дечко кој стигнал да сними само еден албум? Па одма од две-три видеа го одмеривте како просечен и го споредивте со ликови кои биле на сцената многу подолго од него.

Воведната реченица на Rocknrolаa е погрешна, ги подига очекувањата. Исто како јас кога воодушевен од некој филм ќе почнам со тоа како филмот е за 10-ка па ќе разочарам многумина кои ќе кажаат дека сум претерал. Описот на Rocknrolaa е погрешен ама вие скроз сте утнале зошто е отворена темава: да му оддаде почит и признание на еден млад дечко со убав глас и да запознае повеќе луѓе со неговиот лик и дело. Луѓе како мене кои предходно не слушнале за човекот.

Не сум музички експерт, само љубител на добра музика. Лично можам да кажам дека уживав во албумот Grace како и во многу од преработките. Можам да го разберам делот со Tom Yorke и Radiohead и мислам дека секој кој го обожава Radiohead ќе ужива во изведбите на Jeff Buckley. Обожавам добра изведба во локално кафе иако ретко налетувам на нешто добро и опуштено. Можам да го замислам урбаниот мит за Jeff Buckley и деновите кога се дошепнувало дека таму и таму има еден дечко кој прави одлични свирки... Ни еден меинстрим медиум и ниедна слава не може да го замени тоа.

Како и да е, фала ти Rocknrolaa што ме зарази со ова. Ќе пробам да ислушам се што има штом ми остане време. Штета што оваа приказна завршила на овој начин. R.I.P. Jeff Buckley

Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас многу често избегавам да пишувам на Форумот, од причина што нема поента и секој ќе си го задржи мислењето без разлика што ќе се појави како пост, ама понекогаш, кога ќе се зборува за музика, не ме држи срце да не искористам тастатурава како што доликува.
Крај краева, ако продолжат да се редат коментари од ваков тип на темата на Џеф Бакли, тоа е лошо за човечката раса воопшто, бидејќи испаѓа дека дечките што го пишуваат тоа, се во право. И сега, како да молчам.

Членот погоре напиша дека е љубител на музиката, а не експерт. Тоа го почитувам, ама да остане на тоа ниво. А тоа значи да не му дава претерано значење на Џеф Бакли посче еден ден слушање на неговиот единствен мелоу албум.
За девојките, можам да ссфатам зошто го перцепираат како голем човек: убав им е. Ама мажите?
И споредбите со рејдиохед, со овај или со оној. Некако, не личи да го споредуваш со подпросек состави. Ако веќе правиш споредби, прави ги добро.
Бидејќи спомнавте дека има само еден единствен албум, и не е фер да се споменува со некои стари волзи на музичата сцена.
Ако не е фер да се споредува, тогаш... зошто да се става во редот на најголемите?

И за крај... греота е и скандалозно е да се промашуваат бендови како Led Zeppelin, Deep Purple, Rolling Stones и да не набројувам стара школа и да се троши време на Џеф Бакли.
 
Ова за подпросек состави е експертско мислење или и ти си љубител како мене?
Лошо за човечката раса е што често не знае да покаже респект. Ако некои видни имиња во музичкиот свет покажале почит за дечкото и го сметале за талентиран, најмалку што ти можеш да направиш е да не омаловажуваш. Чуму потреба да се плука во една тема отворена со најдобри намери?
 
Сфати го како експертско.
да отворам тема за некоја скапанарија турбофокл од Словенија со најдобри намери за која Драган Вучиќ ќе ти каже дека е awesome, а истото ќе ти го потврди и уште некој афирмиран лик, како ќе реагираш?
како што правите, а и очекувате да има позитивни мислења за лик како Бакли, тогаш очекувајте да има и негативни.
Човекот е мртов. Син е на легенда. Доволно за „нешто“.

Самите кажавте... иам само еден албум кој не е ништо посебен.
Со обичен албум не се влегува во легенди. Ниту со два. Ниту со три. Ниту со еден добар албум не се влегува во легенди. Зошто Џег би бил исклучок?

Кога се слуша музиката, перцепцијата е заебана работа. Тешко се објаснува дека некои работи се преценети, ако во основа имаше преценети работи како репер.
На основачот на темата и препорачав да слуша квалитетна музика. Бидејќи, од самите зборови насочени кон „прекрасниот“ Бакли се осеќа дека не слуша нешто квалитетно.
А тоа дека Јорк и Боуви препорачале дека дечкото е awesome, не значи ништо. Прво, ниту нивната музика не е нешто посебно. А второ, ако се музичари, не значи дека се експерти.
И четврто. Не знам зошто при срце си ги земате коментарите за Бакли (Џеф). Човекот е прочесен музичар кој прерано умрел. И толку. тоа е критиката. Сум ги слушал песните негови, ама не ме заинтригирал со ништо посебно.
Не ти се случило да ти уфураваат некој срање филм како најдобар? јеби га...
мнозинството не значи објективност. Ако може да се фати објективност во уметност.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Сфати го како експертско.

А тоа дека Јорк и Боуви препорачале дека дечкото е awesome, не значи ништо. Прво, ниту нивната музика не е нешто посебно. А второ, ако се музичари, не значи дека се експерти.
Значи Јорк и Боуви не се експерти. Ти си. OK Dude...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Јас кажав дека сум љубител. Не гледам како ќе ме убедиш дека повеќе знаеш од Јорк и Боуви.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Јас кажав дека сум љубител. Не гледам како ќе ме убедиш дека повеќе знаеш од Јорк и Боуви.
Не мора да те „убедам“ дека сум експерт. не мора ни да сум експерт. Мое беше да ти кажам дека мислењето на Јорк и Боуви и уште некој не ми значи ништо. ЗНам што слушам, и знам на што се темелат моите критериуми за музика.
Еве мал хинт. Потроши малку време. Ако и после ова стоиш на истото мислење, тогаш нема што да си кажеме на темата.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Не мора да те „убедам“ дека сум експерт. не мора ни да сум експерт. Мое беше да ти кажам дека мислењето на Јорк и Боуви и уште некој не ми значи ништо. ЗНам што слушам, и знам на што се темелат моите критериуми за музика.
Еве мал хинт. Потроши малку време. Ако и после ова стоиш на истото мислење, тогаш нема што да си кажеме на темата.

Што е муабетот, дека студио верзијата на Led Zeppelin е подобра од кафанската изведба на Buckley која никогаш немаше да заврши на youtube ако не беше мртов? Ако е тоа, во право си.
И на кое мислење стојам?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Што е муабетот, дека студио верзијата на Led Zeppelin е подобра од кафанската изведба на Buckley која никогаш немаше да заврши на youtube ако не беше мртов? Ако е тоа, во право си.
И на кое мислење стојам?
Дека е недораснат да се носи со When the levee breaks. без разлика дали е кафанска, дали е на „вашите пет минути“ или на пиво фест во Охрид.
И стоиш на мислење дека Бакли е the special one.
However, нема да ти го сменам. Се надевам дека, еден ден, самиот ќе си го смениш ;)
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
И стоиш на мислење дека Бакли е the special one.
Не, јас мислам дека Мурињо е the special one.
За Бакли мислам дека има убав глас, внесува емоции во изведбите и пријатно ми е додека го слушам, ме опушта. И дека е штета што животот му згаснал пред да направи кариера, но сепак многу луѓе го запаметиле по убаво. Да обратеше повеќе внимание ќе прочиташе.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не, јас мислам дека Мурињо е the special one.
За Бакли мислам дека има убав глас, внесува емоции во изведбите и пријатно ми е додека го слушам, ме опушта. И дека е штета што животот му згаснал пред да направи кариера, но сепак многу луѓе го запаметиле по убаво. Да обратеше повеќе внимание ќе прочиташе.
Го гледаш просекот во муабетот?
Нешто што не беше „дозволено“ како remark од „фановите“ на Бакли, нели?
Мило ми е што се согласивме за Бакли и неговите квалитети. не ги оспорувам неговите сличности со половина музичка сцена за која никогаш нема да чуеме.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.684
Поени од реакции
59.834
Го гледаш просекот во муабетот?
Нешто што не беше „дозволено“ како remark од „фановите“ на Бакли, нели?
Мило ми е што се согласивме за Бакли и неговите квалитети. не ги оспорувам неговите сличности со половина музичка сцена за која никогаш нема да чуеме.
Можеби е најдобро да им ја оставиш темава на фановите на Бакли и да не пишуваш во истата. Ќе се сложиш дека ова е тема која е отворена за да оддаде респект кон еден музичар. Тој можеби е легенда според некој, просек според некој друг, ама барем не ги труел масите со кич. Има теми за Лејди Гага и Шериф Коњевич фор фак сејкс. Ти кажа дека не ти се допаѓа и тоа е во ред, мислам дека сите разбраа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom