No shit!
Сонцето како сонце безразлика во која форма е претставено, со колку краци е македонски симбол?
Ох, не сум знаел...
еве ви неколку македонски симболи:
Ова е врвна глупост, која им служи на тие кои своерачно елиминираа македонски национален симбол од знамето.
Особено со исцртувањето вентилатор на каменорезот.
Националните симболи имаат своја историја, определена форма и изглед. Двоглавиот мршојад од Looney Toons не е албански национален симбол.
Дали некој тука чул за хералдика и вексикологија?
Поздрав до сите, ова е мојот прв пост на овој форум.
Би сакал да искоментирам неколку работи околу сонцето од хералдичка и вексилолошка страна.
1. Сонцето од Вергина/ Кутлеш не е сонце туку е ЅВЕЗДА, бидејќи зраците се многу поголеми од централниот диск. Хералдиката и вексилологијата прават разлика меѓу сонце и ѕвезда.
2. Видот на сонцето е многу битен, а бројот на краците во зависност од видот на сонцето.
3. Сонцето може да се јави во четири основни форми, без краци (Јапонија), со дивергенти краци, најчесто одвоени од дискот (Тајван) со конвергентни краци (Аризона), и хералдичко, со прави и брановидни краци (Аргентина).
(Горе се дадени преставници од трите вида, со што последното е со пресечени краци, но сепак дивергентно.) И јасно сите тие преставуваат различни сонца.
4. Ѕвездата во Македонија е присутна на многу престави, почнувајќи со 8, 10, 12, 14, 16, но и во многу други непарни престави каде бројот на краците зависел од уметникот колку имал место да стави. Сепак овој вид на ѕвезда почнува од 8 краци, додека тие со помалку веќе се од друг вид.
5. Се до 80 години на минатиот век, до актуелизацијата на конкретниот симбол откриен 1977 година, на овие ѕвезди не се гледало како на симболи, туку само како на декорации.
6. Конкретната ѕвезда од саркофагот на она што се претпоставува, на Филип, веќе е конкретен лик, знак, а не општо сонце.
7. Тезата дека и на грбот имало сонце со 16 краци како симбол на Македонија е сосем неточно. Како прво, сонцето се јавува во позадината на најголемиот број социјалистички грбови, како симбол на новото опшество. Дури и во официјалниот блазон на грбот, сонцето е на најпоследното место.
Што се однесува до бројот на краците, сонцето на првиот грб има 40 краци, а она второто (сегашното) има 18 краци. И двете се од типот на дивергентни сонце.
8. Заклучок, не секое сонце е македонско сонце. Македонски сонца (како национални симбол, не зборувам за проста декорација) се златната ѕвезда од Кутлеш, на црвена основа (самиот симбол на саркофагот не е во боја, па боите се интерпретација), и сонцето на денешното знаме.
9. Друг битен елемент се боите. Така можеше сосема нормално ние да си ја имавме златната ѕвезда на црвено, а тие сребрена ѕвезда на сино.
За сега толку од хералдиката.