Кога сме кај мерењето на реализираниот Интернет сообраќај, да Ви обрнам внимание на една аномалија, која ја забележав деновиве.
Имено, Кејблтел на ЛАН клиентите не им го мери интранетот (реализираниот сообраќај во рамките на нивната локална мрежа). Од пред некое време, односно од 1ви април, кога ги пуштија големите брзини кон бугарските торенти, тој сообраќај исто така не го мерат.
Деновиве забележав дека не се мери и сообраќајот кон youtube.com. Девојка ми, си има направено плеј листи на youtube, кои редовно ги пушта кога доаѓа кај мене. Тоа редовно ми трошеше доста сообраќај во текот на месецот. Овој месец, гледам дека бројачите ми „стагнираат“, па решив да видам зошто е тоа така. По неколкудневно тестирање, сосем случајно видов дека кога пуштам клип на youtube, тој клип ми го стримаат од сервер со име: o-o.preferred.cabtel-skp1.v9.lscache1.c.youtube.com, или нешто слично. Пингам до тој сервер и ја добивам ИП адресата 92.53.32.82. Whois на таа ИП адреса вика дека е на: CableTEL DOOEL Macedonia. Не знам како е ова можно ова? Youtube сервери кај Кејблтел ли има? Како и да е, на ЛАН клиентите овој сообраќај не им се брои. Можеме да гледаме клипови колку сакаме!