Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Дали Македонците ќе станат малцинство и во Македонија?


  • Вкупно гласачи
    105
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Јас имам две деца, ако имам приход од 150 000 д. месечно, сакам уште две.
За да можеме да живееме нормално, а не да ми бидат децата од се скратени, па после тоа да се одрази на нивниот карактер и иднина.
правилно размислување- (y)
за да има човек деца треба да има средства (подлога ) за нивно подигање, тие деца треба да се среќни, да се има време за нив, да им се посветува внимание, НО, исто така и родителите потребно е да се чувствуваат ко луѓе, а не како впрегнати коњи за работа .
Не е работата само склепај ги и чуди се што те снашло и тебе и нив- таква глупост имам видено кај недоволно образовани или уште полошо затуцани кои, обично живеат по некои изолирани села и основна занимација во животот им е сексот- како што јас ги викам хронично бремени (само што родиле, тие повторно забремениле и така едно 10-12 години) -
не е само желбата треба да имаш и можности (услови)
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Нација = држава... народ тотално различно нешто независно од постоење на држава. Така да тие директни навреди до мене не палат сум правел јас муабет и со поголеми шупаци од тебе toecutter... единствено не ми е јасно што бара вака високо интелигентна особа попут тебе на вака не интелигентен медиум како македонски форум.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
правилно размислување- (y)

Не е работата само склепај ги и чуди се што те снашло и тебе и нив- таква глупост имам видено кај недоволно образовани или уште полошо затуцани кои, обично живеат по некои изолирани села и основна занимација во животот им е сексот- како што јас ги викам хронично бремени (само што родиле, тие повторно забремениле и така едно 10-12 години)
Tака е.
Ама има и едни други луѓе кои цел живот имале се што им било неопходно, но кои во трката по слава, пари, одмори и луксузирања (борба за живот на висока нога) не успеале да ја најдат смислата и радоста на животот . Џабе образование.
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Нација = држава... народ тотално различно нешто независно од постоење на држава. Така да тие директни навреди до мене не палат сум правел јас муабет и со поголеми шупаци од тебе toecutter... единствено не ми е јасно што бара вака високо интелигентна особа попут тебе на вака не интелигентен медиум како македонски форум.
Нема никави навреди, само едноставна констатација на факти.
Ништо посебно ниту страшно.
А ако фактите ти влијаат погубно на нервите...твој проблем. Не сум во сожаливо расположение нешто.

А вакви работи како погорното изнесено...
Нација = држава... народ тотално различно нешто независно од постоење на држава.
Само го потврдуваат она што го напишав претходно.
Во време на google.com некој да изнесува вакви работи на јавен форум е страшно...

Дали е македонски или не форумот, не ми прави разлика, ниту моето учество е од “патријоцки“ причини.
Едноставно место за размена на мислења и ставови.

Еден чичко од Индија, Ганди го викале...рекол “биди промената која сакаш да ја видиш“...така да нема што друго да се каже освен да си најдеш невеста и да штанцаш деца...

Дури бев и толку фин што ви кажав кој е единствен начин да се наголеми наталитет на територијата на РМ...:)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ На Македонцие во територијата на РМ.;)И со ова ,,штанцање;, колку деца подразбирате??
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Tака е.
Ама има и едни други луѓе кои цел живот имале се што им било неопходно, но кои во трката по слава, пари, одмори и луксузирања (борба за живот на висока нога) не успеале да ја најдат смислата и радоста на животот . Џабе образование.
точно
има секакви
но, кажи ми кој живот го имаат овие луѓе, да не збориме за нивните деца -а такви крајно сиромашни семејства во МК има сигурно многу .(иако за случаојов имаше посебно отворена тема на форумов) но , само како пример го наведов- ете кој ми остана во сеќавањето
http://www.vest.com.mk/?ItemID=576EA0E5D2CFAE4C8D4BE9E1A454950A&arc=1
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
точно
има секакви
но, кажи ми кој живот го имаат овие луѓе, да не збориме за нивните деца -а такви крајно сиромашни семејства во МК има сигурно многу .(иако за случаојов имаше посебно отворена тема на форумов) но , само како пример го наведов- ете кој ми остана во сеќавањето
http://www.vest.com.mk/?ItemID=576EA0E5D2CFAE4C8D4BE9E1A454950A&arc=1
Се работи за екстремен случај.
Проблемот е зошто само такви имаат по 3+ деца? Мислам нема ништо погрешно во имањето повеќе деца доколку условите дозволуваат да им се пружат нормални услови и можности во животот.
Но зошто финансиски добро обезбедените семејства немаат по три и повеќе деца? Зошто ко крастави дебили се шетаат со по 5 кучиња за кои набавуваат специјална храна, костими, погребални услуги, а за деца знаат само дека родиле едно. Поради тоа што мислат дека со (милионски суми) пари ќе постигнат се.
И едните и другите за мене се еднакво достојни за презир.
Како и да е проблемот со бројноста на Македонците доаѓа од можностите на просечните граѓани. И да, кај останатите заедници фактори меѓу другото се пониското ниво на интеграција и образование и поголема сиромаштија..
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Само да кажам дека за разлика Албаниците од порано сега они некаде раѓаат многу помалце ако гледате малце пореално порано раѓаа и по 7-8 деца а сега по 4-5 деца барем јас така имам заприметено али сепак нашите жени секогаш раѓаат по 1-2 деца што некако ако малце разгледаме по реално ќе не стасаат бидејќи некаде видов некои проценки Албанците во македонија се околу 400,000 што е стварно голема бројка.
 
S

smexy

Гостин
Сеедно ми е...мизантропите е не дискриминираат на база на религија и националност.
 

RebelMk

₪ ₪ ₪
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.705
Поени од реакции
1.106
Лошо но вистинито ... Слаби сме Македонците финансиски , одиме кон некои западњачки правила дека нема потреба од брак млада жена си има работа си има кола не ја боли уво за брак тоа не е нормално .. Треба Македонската популација да свати дека децата и семејството се богатство без разлика дали Македонија оди кон Европа или не ние треба да си го задржиме она што е наше што од 1900 па се до ден денес да се негува тоа и да го продолжиме ама како што гледам нашиов народ заборава кој е и за неколку децении не го гледам баш среќен ... Али да се надоврзам сепак треба и финансиската состојба да ни биде подобра за да може секој да пушти душа не да става кондоми на 30год :) И незнам со оној проект на владата со секое 3то дете во одредени краишта на државава при што тоа семејство би земало некој паричен помош треба до крај да се реализира ...
порака до Македонките РАЃАЈТЕ ДЕЦАА :))))))
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
Комшијата мој има 4 деца па сега види ти;) Изговори секогаш можеш да најдеш се зависи како ќе си ги воспиташ децата. Ние сме тојца дома никогаш не не учеле на раскош во стил е де голема работа ако го искрши ќе купиме друго , па што до скоро имавме само едн компјутер никогаш не сме си рекле стани за да седнам јас или слично се е до воспитувањето , не мисли дека децата нема да те разберат што како нормално ако му одиш по меракот за да има се што ќе посака од мали нозе кој ќе го сопре утре за поголеми нешта?
Не е се до воспитувањето и не е до изговор.Изговор не треба да постои, потребно е да се каже вистината и само вистината.Ние сме две деца јас и брат ми, не се караме не се тепаме но мојот помал брат очигледно неможе да свати некои работи и постојано е во потрага по пари, без да размисли дали има или не.Некои работи се оправдани но за многу бесмислени работи бара пари, а таткоми за жал не е директор на стопанска и баш немаме голема сметка во банка и неограничен буџет.Ми се случило некои работи да не ги добијам само поаради тоа што немале доволно пари и чуството баш и не е пријатно.Прашај ги твоите родители, побарај нешто кое што чини повеќе пари и погледни ги во очите кога ке ти речат дека не можете да си го дозволите тоа.Иако го знаеш одговорот, ке се почуствуваш виновен, ке видиш една огромна болка во нивните очи...Дали сметаш дека тоа е во ред?Дали треба да биде така?Нели би било подобро кога би добил одговор, ке видиме..а потоа со малку пресметки да се дојде до план и да се купи она што го сакаш?Подобро ке биде..Незнам за тебе ама јас никогаш не би имал деца ако не сум способен да им овозможам сето она што јас сум го немал, колку и да се мили колку и да се „потребни“ помислата на сите моменти од мојот живот кога сум сакал нешто, а не сум добил поради сиромаштијата ме враќа назад и не ми дозволува да го сторам тоа...Подобро едно среќно дете, отколку три натажени детски лица.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Многу глупа теза подржуваш да ти кажам.Што сакаш пружи му ти во животот но ако не му дадеш брат или сестра уште поубаво и двете си го осакатил.Сигурно е подобро да си растат заедно со било какви играчки,отколку сам како ут со некој си играчки Чико мико како ли се викаат.
Збориме за онаа просечна класа,не викаме ние ако си социјален случај па да нафукаш 3,4 деца да гладуваат.
 
Член од
16 февруари 2008
Мислења
27
Поени од реакции
5
Јас учев во средното училиште Јахја Кемал во кое имам соученици од различни етнички заедници.
Статистички гледано во мојот клас за деца од различни националности со број на браќа/сестри е следново:
имав 5 соученици Албанци кои во фамилија се 3-ца деца
1 Аланец во чија фамилија се 2 деца
1 Турчин во чија фамилија се 3 деца
2 Турци во чија фамилија се 2 деца
3 Македонци во чија фамилија се 3 деца
5 Македонци во чија фамилија се 2 деца
2 Македонци во чија фамилија се единци.
- Како што гледате и кај Албанците веќе го нема тој тренд на имање по 5-6 деца, максимум се 3 иако е голем бројот во споредба со другите националности, но како што поминува времето и кај нив бројката се намалува , така да мислам дека нема некоја опасност( ако така се нарекува) каде што македонците би станале малцинство.
 

Hyperz

Изгубен во времето и просторот...
Член од
13 август 2011
Мислења
715
Поени од реакции
423
^ Многу глупа теза подржуваш да ти кажам.Што сакаш пружи му ти во животот но ако не му дадеш брат или сестра уште поубаво и двете си го осакатил.Сигурно е подобро да си растат заедно со било какви играчки,отколку сам како ут со некој си играчки Чико мико како ли се викаат.
Збориме за онаа просечна класа,не викаме ние ако си социјален случај па да нафукаш 3,4 деца да гладуваат.
Незнам каков ке ми биде животот понатаму и неможам да кажам колку деца ке имам,можеби ке биде едно, можеби две а можеби и повеќе... само сакав да кажам дека не е доволно да се има дете, потребно е тоа дете да биде среќно...
Се согласувам дека брат/серстра е најдобриот подарок за детето но не секогаш си во можност да го обезбедиш тоа.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.459
Поени од реакции
5.873
Секој треба да има три деца! - Три деца вредат помалку од еден лав.

Имаше кампањи за многудетно семејство , но резултатите беа многу слаби , и на крај изпадна дека лавовите се повредни од децата , помошта која се нудеше за родилките , престана.

Некои раѓаа за пари , а другите раѓаа зошто сакаа , а парите се добредојдени.

Предрасудите дека албанците раѓаат многу деца , доаѓаат од тие што не виделе албанец , или од тие што живеат во мешани градови но никогаш не поминале во други средини.
Албанците раѓале многу деца , но во други времиња , од родители кои денеска имаат над 80 години , а во тоа време ни македонците не биле послаби.
Потоа индустриализацијата на државата создаде разлика во бројот на децата , селаците македонци одеднаш стануваа граѓани , добиваа работа во град , од куќа со голем двор и неколку свињи , сега живееја во стан.

А албанците пошто немаа шанси да се вработат во државна работа , си седеа во нивното село, работеа земјоделие , а земјоделието бара работници , а работниците се обезбедувале раѓајќи деца, да не испадне дека родителите ги гледале децата само како работници , туку можам да кажам дека тоа биле златните времиња кога албанците можеле да се фалат со здраво семејство.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom