Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Ајмо утре на математика кај бабето:) Се надевам дека ќе поминам:D
 
Јас сум на ТК. Со 98 поени на електро влагаш секаде. Телекомуникациите ти се доста интересна бранша, се разбира ако ги сакаш и ги разбираш. Се учи за сигнали, за телекомуникациски системи, за пренос на податоци преку различни медиуми, и сл. Професорите се секој сама приказна за себе. Има и коректни, и од оние другите. Тоа е така на секој факултет. Многу важно: НЕ СЕ РАСПРАВАЈ СО НИВ! Тие се секогаш во право, дури и кога не се (звучам сеа ко БЦ, али ќе ме сфатиш шо сакам да кажам). Е сеа за пракса: Си бараш сам. Факултетот ништо не ти средува, само потврда ти издава и толку. И немој да очекуваш дека ако влезеш во некоја од големиве фирми (Т-мобиле, Телеком, Оне, Вип), којзнае колкаво чаре ќе видиш. Зависи каде си и кај кого си. Јас еве уште една недела имам да завршам во Т-мобиле, и се што научив е да копирам на копир машина. Не ме носат на терен затоа што не сум бил осигуран и дека не сакаат да ризикуваат (можеби во право се). Но јас во канцеларија не можам ништо да научам. Зезната работа е праксава. Не е како кај информатичарите, дај му лаптопче и нека си куцка. Од една страна факултетот (т.е. Министерството) те тера секоја година да идеш на пракса, од друга страна ниедна компанија не сака да ризикува со тебе од проста причина што ништо не е регулирано како што треба.
Тоа е тоа отприлика. Ако имаш некое конкретно прашање во врска со ТК, или за прва година (во прва сите исто учат), кажи. За енергетика ќе треба некој друг да пише.
Благодарам многу за постот, друго конкретно за ТК, каква заинтересираност има за ТК овие години? Еве на пример, ти од кога си таму, па и ако знаеш и за пред тоа? Дали квотите се исполнети целосно, или до некаде, колкава е заинтересираноста за овој смер?

За енергетските смерови исто така, гледам никој не напишал нешто поконретно, па воопшто некој што знае нека пише, каква заинтересираност има за овие смерови минативе неколку години, конкретно за ЕЕУ и ЕРПС? Досега имам слушнато дека имало многу малку заинтересирани, квотите не биле ни блиску до исполнети. Дали е тоа навистина така?
 
Може ли некој да ми каже дали во прв уписен рок смерот ксиа се полни цел,оти сакам прво да конкурирам на финки на мрежни технологии
фала однапред ;)
 
Благодарам многу за постот, друго конкретно за ТК, каква заинтересираност има за ТК овие години? Еве на пример, ти од кога си таму, па и ако знаеш и за пред тоа? Дали квотите се исполнети целосно, или до некаде, колкава е заинтересираноста за овој смер?

За енергетските смерови исто така, гледам никој не напишал нешто поконретно, па воопшто некој што знае нека пише, каква заинтересираност има за овие смерови минативе неколку години, конкретно за ЕЕУ и ЕРПС? Досега имам слушнато дека имало многу малку заинтересирани, квотите не биле ни блиску до исполнети. Дали е тоа навистина така?

Да, тоа е навистина така, со 2010 индекси има 10-12 запишани на ЕРПС и не знам точно колку на ЕЕУ(сигурно околу 10).

ЕЕУ - Електро Енергетски Уреди (енергетски смер)
ЕРПС - Електроника, Радиотехника и Процесирање на сигнали (смер близок до ТК)

ЕРПС не е енергетски смер. Ќе учиш микроелектроника, електроакустика, електромагнетизам, сигнали, итн...Види си на сајтот на ФЕИТ, имаш pdf фалј во кој ги имаш сите предмети по семестри. Доста интересен смер, едно време се мислев меѓу ова и ТК ама сепак, ТК повеќе ме влече па останав, не знам како е кај тебе:
http://www.feit.ukim.edu.mk/fakultet/studii/i-tsiklus-dodiplomski/tieliekomunikatsii

ЕЕУ, самото име си кажува, види си ја програмата да знаеш што поточно би учел:
http://www.feit.ukim.edu.mk/fakultet/studii/i-tsiklus-dodiplomski/ieliektroienierghietski-uriedi
 
како би требало да изгледа молбата за презаписување на година на факлутет.однапред благодарам
 
како би требало да изгледа молбата за презаписување на година на факлутет.однапред благодарам
Првпат слушам. Ништо немаш положено или?
--- надополнето: Aug 15, 2011 12:39 PM ---
Благодарам многу за постот, друго конкретно за ТК, каква заинтересираност има за ТК овие години? Еве на пример, ти од кога си таму, па и ако знаеш и за пред тоа? Дали квотите се исполнети целосно, или до некаде, колкава е заинтересираноста за овој смер?
Па не знам лани дали се наполни државната квота, пред две години фул беше, али у приватната немаше никој мислам... Па има заинтересираност, не е за без ич. Сеа чекаме да видиме годинава како ќе пројде, со новиов факултет.
 
Првпат слушам. Ништо немаш положено или?
--- надополнето: Aug 15, 2011 12:39 PM ---

Па не знам лани дали се наполни државната квота, пред две години фул беше, али у приватната немаше никој мислам... Па има заинтересираност, не е за без ич. Сеа чекаме да видиме годинава како ќе пројде, со новиов факултет.
Богами, Мрежни Технологии на ФИНКИ може да примами многу од тие што да немаше такво нешто би дошле на ТК...
 
Богами, Мрежни Технологии на ФИНКИ може да примами многу од тие што да немаше такво нешто би дошле на ТК...
Па јас лично не би се запишал на смер за кој никој нема што да ми каже, дури ни самите професори.
 
TK најмногу ме влечеше, ама немам проблем и со електроенергетика, плус стипендиите на електроенергетскиве фирми се интересни. ЕЕУ оддамна го гледав, ама некое време наназад го разгледувам ЕЕС, па уште утре да видам што ќе биде.
 
Па јас лично не би се запишал на смер за кој никој нема што да ми каже, дури ни самите професори.
Еј да, ај кажи нешто повеќе околу професорите на ТК. Зошто нема што да кажат? Што ги прашуваш, на што немаат одговор?
--- надополнето: Aug 15, 2011 6:17 PM ---
TK најмногу ме влечеше, ама немам проблем и со електроенергетика, плус стипендиите на електроенергетскиве фирми се интересни. ЕЕУ оддамна го гледав, ама некое време наназад го разгледувам ЕЕС, па уште утре да видам што ќе биде.
Јас лично би идел со тоа што највише ме влече, ти ете може гледаш од аспект на брзо вработување/стипендија, секој различно...Во секој случај, со среќа на уписите.
 
како би требало да изгледа молбата за презаписување на година на факлутет.однапред благодарам

колку мразам тоа што се вика МОЛБА и внатре да пишувам дека го МОЛАМ деканот бла бла.. јас никој не сакам да молам па кој сака нека е , и јас тоа би го нарекол БАРАЊЕ а не молба
ебате системот
 
Еј да, ај кажи нешто повеќе околу професорите на ТК. Зошто нема што да кажат? Што ги прашуваш, на што немаат одговор?
--- надополнето: Aug 15, 2011 6:17 PM ---

Јас лично би идел со тоа што највише ме влече, ти ете може гледаш од аспект на брзо вработување/стипендија, секој различно...Во секој случај, со среќа на уписите.
Абе на финки ќе предаваат само од ИКТИ, на нив мислев :) На отворениот ден (знам само сабота дека беше, се одработуваше нешо), прашуваат еден професор шо како на новите смерови, он нешо у стилот: Не знам јас, прашај асистент некој. Епа ако ти не знаеш, кој да знае? Асистентите поише објаснуваа колку било добро да се студира на финки, како они све тоа да го прошле, и уште најмалце 5 години работат таму. Ја искрено не им се мешав у концептот, туку фаќав сеир на кинескиот робот :pos:
 
Работат утре и другден студентски прашања или тешка работа? Бидејќи гледам дека уписите се утре и другден па ми е страв да не бидат сите прекомандувани доле во читална, да не остане никој на 3ти?
 
дали на смеровите ЕЕиУ и ЕЕУ остануваат слободни места за втор уписен рок ?
имам конкурирано во Словенија па ако има нешто проблем вториот се пишам во Скопје..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom