Најопасниот пат во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата RaZ-R
  • Време на започнување Време на започнување

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.416
Поени од реакции
2.550
Боливискиот пат на смртта

20u6d7d.jpg


Шеесет километри долгиот пат во планинските гребени, со огромни стрмнини секоја година одзема стотици животи.
Северниот пат низ регионот Yungas го поврзува главниот град на Боливија Ла Паз со провинцијата Coroico, лоцирана во дождовните шуми, околу шеесет километри северно од главниот град.

33n7zab.jpg


Но какви шеесет километри! Патот кој се продира на падини на Андите е изграден од парагвајските затвореници во триесетите години од минатиот век, а до неодамна беше главен регионален пат.
По заминувањето од Ла Паз, еден од градовите на највисока надморска височина во светот, патот се искачува нежно до преминот La Cumbre на 4650 метри надморска височина, а потоа почнува лудиот спуст до Coroico кој е на 1200 метри надморска височина.

2v9yejt.jpg


Кривулестиот пат ги сече планините, надвиснувајќи над провалии кои имаат најмала длабочина од шестотини метри и има многу подлабоки.
Низ патот возат камиони, автобуси, автомобили, запрежни коли, мотоцикли и велосипеди, во променлива временски услови на дожд, магла, прашина, кал, лизгањето на земјиштето, ...

29nx7uu.jpg


Патот е со ширина од три метри и на некои места поширок, така што разминување на два автомобили е тешко, а камоли на два камиона е речиси невозможна мисија. Нема ограда и се вози на левата страна од патот, така што возачите имаат подобра контрола врз тоа каде завршува патот. Сепак се проценува дека на годишно ниво помеѓу 200 и 300 луѓе гинат на патот на смртта ("Ел Camino de la Muerte"), иако оваа бројка се намалува во последниве години по изградбата на алтернативни патишта.

2znzame.jpg




4354bolivia2.jpg
death-road.jpg

death-road.jpg
450px-Bolivia_Yunga_Road.jpg
18.bmp

На овој пат се случи и најголемата несреќа во историјата на Боливија, каде што во 1983 година. повеќе од сто лица загинаа кога автобус излета во кањонот.
Ова е патот кој по неколку избори е прогласен за најопасен пат во светот (иако некои тврдат дека патот низ јужната провинција Yungas, која ги поврзува Ла Паз со Chulumanijem, воопшто не заостанува зад овој пат), што го прави туристичка атракција.
Најголем дел од посетителите, како и поголемиот процент на жртви го сочинуваат љубителите на планинскиот велосипедизам од целиот свет.





 
Мене ако некогаш ако поминувам од таму,гомното ќе ми се смрзне.
 
Беше дел од Top Gear, Bolivia Special.
"Ел Camino de la Muerte" и се вие објаснето, колку морбидно само што на секоја кривина гледаш крстови, цвеќиња, свеќи... :confused:
И како бонус, дел од патот поминува под водопад :eek: кој сака да се убие, одлична дестинација (y)
 
ДА ВОЗИШ ПО ОВОЈ ПАТ МИСЛАМ 90% ОД СМРТНИТЕ СЛУЧАИ СЕ ОД ДОЖИВЕАН СРЦЕВ УДАР А НЕ ОД СУДИРИ. СИГУРНО МАВААТ ПО 2 ЛИТРА ШТОК ПРЕД ДА ПОЧНАТ ДА ВОЗАТ. :)
 
Имаше на Discovery пред извесно време документарец за овој пат, стварно језиво.:eek:
 
Како возат тука луѓево стварно не ми е јасно..А ние па се жалиме у Мк лоши патишта сме имале o_O
 
Овде поарно со велосипед отколку со автомобил. Што се 60 километри ако носиш вода по тебе? Бтв зошто не се погрижат да стават ограда? Така нема да има несреќни случаи и жртви, освен ако не се судрат при разминување ама со оглед на тоа што луѓе управуваат, ќе се снајдат некако ... а не вака го оставиле они патот без ограда и пуштај ги луѓето. И нема ли некој друг пат до посакуваната дестинација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom