Коментар за утакмицата не можам да пишувам сега. Само на кратко ќе кажам. Ова беше исто како да гледаш Англија-Италија. Едните цело време трчаат, напаѓаат, шутираат, топки летаат на секои 5 минути..... Другите се влечат по терен, уствари не се влечат сите, имаше некои и што си стоеа во место, им здосади едно време, за 5 минути 2 пати стигнаа до гол, 2 гола дадоа. То е то.
Напаѓачка тактика од Мурињо, тактичка игра од Пеп. Овие двајцата си ги смениле улогите од претходните години.
Да, ќе признаам дека Реал беа подобри во напад, дека цело време играа, имаа желба, беа подобар противник, ама кој не си признае дека од Пепе нема погнасен играч е болен.
И Марсело е исто идиот. Од зоолошката во Бразил, ги фатиле во Атлантскиот Океан и сега ги дресираат да играат фудбал. Дај не зезајте, вратете ги во кафезите, или уште подобро во џунглата.
Санчез, ќе го биде детето. Меси на 2-3 минути изгледа беше на утакмицата, остатокот којзнае каде се криеше. Роналдо не ми изгледаше дека игра сериозно и најдобро што може, како да игра против 2 пати послаб противник ми делуваше како се однесуваше. А Бензема, па дај луѓе носете го кај некоја бајачка, каков малер го бие, само на него може да му се случи тоа. Ќе се растури против ФК Пекинг или како и да се, ама во големи утакмици е изгубен. Т.е. оваа вечер не беше изгубен во играта, ама реализацијата
.
И сега, иако ќе бидам сфатен пристрасно и необјективно, да си кажам мое генерално видување. Мислам дека вечерва Реал го даде максимумот од себе, Барселона не. Можеби грешам, можеби не, ама така мислам.
Има уште многу да се пишува, ама ќе ме фати 5 сабајле додека да се искажам. Сега-засега толку..
И да... Ќе заборавев. Честитки до вистинските фанови на Реал, за храброста и напаѓачката игра, ама имат минус дефанзивците и деструктивците. Не дека и Барса се светци, ама ептен грубо играат Реал, скоро на секое Класико. Честитки уште еднаш!