Ама тоа е муабетот, да. За да му умре козата на комшијата, Евертон ќе го попуши од другите, посебно од Јунајтед. Или Ливерпул од Челзи. Или Виган од Манчестер. И така натака.
И тоа е Премиер лигата, покрај останатото.
Смешно ми е за Евертон зошто ако се сеќаваш лани на двата меча на Евертон и Манчестер, Евертон во последни 5 минути даде 2 гола на првиот, а на вториот меч на Олд Трафорд едвај ги победивме, цело време се бореа.
Исто така за Блекбурн. Не знам дали РОББЕН памти од кого ја изгубивме титулата кога тие станаа шампиони. Од Блекбурн, се бранеа со 20 души во шеснаесетник и одигравме 0-0 со нив. И лани едвај го земавме тој бод за титулата, дадоа гол зошто им требаше опстанок и после кршеа нозе за да не примат гол.
Разбирам што кажуваш горе за ривалствата, тоа океј е, се прифаќа. Ама глупости се тоа ако збориш дека само за Манчестер играле другите клубови и им попуштале на нив а со другите душата ја оставале. Као демек Челзи имаa некој проблем со Вест Хем кога Ѕола беше менаџер? Тоа ми е муабетот, се фатиле за Манчестер ко слеп за стап
--- надополнето: Aug 14, 2011 3:08 PM ---
Ливерпул му попуштија на Челзи еднаш,а очигледно е со Евертон,Сандерленд,Стоук секоја сезона истата приказна кога играат со Јунајтед..
Не е истата, читај што пишав. Сто посто сум сигурна дека и сезонава кога ќе одиме кај Евертон дома ќе ремизираме.