Се пронајдов во текстот, а се надевам и многумина, па тоа ме предизвика да го постирам, ама не најдов соодветна тема, така да може слободно да се премести или брише.
- Дали и Вие, го уклучувате компјутерот со нога? Со палецот од ногата?
- Дали и Вие, кога сте биле деца преку зима се спуштавте по стрмните лизгалишта со најлонски вреќи?
- Дали и Вие, кога сте биле деца имавте од зимските ракавици само со палец?
- Дали и Вие, го oблизнувате капачето од јoгуртот?
- Дали и Вас, ве чешало челото од капата?
- Дали и Вие, кога бевте деца, носевте леб од продавница до дома, и тоа пола изеден?
- Дали и Вие, кога бевте малечки дечиња си правевте шатори во собата, од столчиња и ќебиња?
- Дали и Вие, како деца се провлекувавте во јорганскиот чаршав?
- Дали и Вие, оставате алишта на стол кога ве мрзи да ги закачите во ормар?
- Дали и Вие, со мобилниот го осветлувате патот до креветот кога навечер одите на спиење и го изгасите светлото?
-
Дали и Вие читате само Црнобело?
- Дали и Вие по десет пати ги читате убавите и пријатни СМС пораки?
- Дали и Вие носите часовник на рака поради шема, а кога ќе ве прашаат колку е часот, сепак погледнувате на мобилниот?
- Дали и Вие, кога сте во ВЦ од досада ги читате етикетите на шампоните и останатите тоалетни средства, и тоа прво на македонски па после и на другите јазици?
- Дали и Вие, како деца, додека се бањавте во када си правевте фризури од пената?
- Дали и Вие, седејќи на часот по математика, сте размислувале дали некогаш во животот ќе ви притребаат синус и косинус?
- Дали и Вие си го снимавте вашиот глас на касетофонска лента, и после го преслушувавте со чудење како гласот ви е грозен и не личи на Вашиот?
-Дали и Вие се смешкате, додека ги читате овие прашања и одговори, и се препознавте себеси?
Јас ептен се изнасмеав на ракавиците со палец и за касетофонската лента