Моето искуство со Колектива и Бисер Пром

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако добро ме држи сеќавањето,а ме држи зошто беше пред неполни две недели, на одморот кој го организираше Туристичка агенција со лиценца беше присутен нивен вработен од превземање на гостите,превоз и сместување. Истиот се врати по нас со телефонски броеви и не зема од хотелот каде не остави.
Ако исто така добро се сеќавам и другите агенции со кој сум патувале,а имале лиценца секогаш праќале вработен за целото сместување и превоз.
Колектива каде е вашиот човек во приказнава ?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Што е стварно битно какви лиценци има, колку е успешна и сл.? Не за џабе рекле- кога те начекаат со спуштени панталони (кога не си во право) одма почни да викаш, да ги обвинуваш другите (у случајов да префрлаш вина на друг).
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Овде Мирослава Симоновска. Бидејќи сум принудена да ја држам јавноста надвор од заблуда, како професионална обврска, а во случајов и заштита на мојот образ, ја приложувам нашата мејл преписка и тоа по хронолошки ред. Барате од мене да си авто - демантирам текст. Инсистирав да имаме пишана комуникација зашто однапред сум известена вашиот медиумски лик и дело. Само ми покажавте дека ќе ги искористите сите можни врски за да ме зауздате. Дека ќе ви објавам текст во „Фокус“ е флагрантна лага испечена од вашата рерна.

Здраво Мирослава

По денешниот состанок и неколкуте телефонски разговори денес, те замолувам да упатиш приговор утре со конкретни ситуации за сите четворица. Инаку во разговор со нашиот адвокат и нашата правна служба (регионална) однапред ќе ти кажам дека приговорот ќе биде отфрлен бидејки не била запазаена формата на приговорот уште во Бугарија т.е моментот кога Хотел Дева ви предложил преместување во друг Хотел требало да се склучи записник во кој вие и Дева се сложувата и тој записник би требало да е составен дел на овој приговор. Но сега ситуацијата е такава како што е.

Дополнително по разговорите и договор со нашата сестринска фирма во Бугарија и нашите инвеститори а по примедбите на твојот пријател правник кои ги пренесов за можни големи последици во вакви случаи кон Колектива, одлучивме во знак на добра волја да ви поклониме ваучери во износ или вредност на уплатите кои ги имавте преку нас за Хотел Дева затоа што со ова ќе можеме да превенираме идни можни проблеми со пребукирани хотели или несоодветни хотели за кои ние посредуваме.

За ова МОРАМЕ да склучиме договор за поклон со секој поединечно за да може финансиски да ги израмниме во нашиот систем на процесирање.
Околу правото на одговор во Плус инфо ќе го искористиме во текот на неделата но сугестија од нашата централа е ти да ја извадиш ситуацијата со колумна бидејки никогаш одговорот на коментар ја нема истата тежина како колумната, доколку тоа се случи нема да го користиме правото на одговор и исправка и таа работа е ад акта.

Дополнително те молам реагирај на коментари на колумната бидејки имавме реакција од нашиот инвеститор дека ова не е во ред и не е bona fides начин на решавање.

Поради дневниот извештај кон инвеститорите морам и вака писмено да се обратам за да ја запазам формата. Утре сум цел ден пребукиран приватно ќе се координираме по телефон

Со почит
Ванчо Костурски
ТА Колектива Нет


Reply








Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details Aug 11 (2 days ago)


Господине Костурски,
По претходна консултација со моите пријатели и согласно денешниот ваш обид за мое подмитување, ве информирам дека нема да прифатиме ништо од вас. Не ни дошло до вашата провизија од 10 евра, кога сме оштетени за стотици. Нова колумна ќе напишам, а во неа ќе стои вашиот предлог да си го побијам напишаното. Не гледаме мотив да пишуваме приговор, кој однапред не информирате дека ќе го одбиете. Ништо вие не може да ни подарите, кога треба да не обесштетите. Вие не повикавте да го решиме проблемот, а не да ни подарувате патувања. На крајот од состанокот се договоривме да ни ги исплатите парите во рок од 3 дена, а вие подоцна викате дека ќе ни подарувате во знак на добра волја. Јас ве ислушав, мислејќи дека правиме нормален муабет, тоа да било некаков тип на митаџиство. Дојдов, на ваш повик. Дополнително проверувам дали договорот е ништовен. Уште не можам да си поверувам на очите, дека барате да си демантирам текст по долгогодишно ваше присуство во македонските медиуми.
Секое добро


Kolektiva to me, Vanco


show details Aug 11 (1 day ago)


Мирослава,
Мене ова ми личи на рекет, ние ти понудивме да ти ги вратиме парите во целост и да добиеш патување на некое од нашите места кои се нудат, но ти продолжуваш со клевета.
До каде сакаш да стигнеш?
Венчо Костурски


Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details Aug 11 (1 day ago)


Во тој случај јас не сум разбрала добро што ми се опциите. Значи имаме опција да ни бидат вратени парите ВО ЦЕЛОСТ? Колкава е таа целост?

- Show quoted text -


Kolektiva to me, Vanco


show details Aug 11 (1 day ago)


Мирослава,
Приговор, мораш да напишеш доколку си незадоволна. Потоа бидејќи не ги исполнуваш условите за приговорот да биде прифатен, тој мора да биде одбиен.
Но, на добра воља на Колектива, ќе потпишеме договор помеѓу
Колектива
и
1. Мирослава Симоновска
2. Александар Михајловски
3. Мартина Михајловска
4. Сашо Мерџановски
со кој Колектива ќе ја исплати сумата која вие сте ја платиле (4x3658=14632 денари) во Колектива за аранжманот од 01.08.2011 до 08.08.2011

Во секој случај проговорот мора да биде доставен, за да ова да може да се реализира. Без приговорот ние немаме никаква основа да исплатиме некому пари, кој по своја волја уплатил средства за купување ваучер.
Поздрав


Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details Aug 11 (1 day ago)


Г - дине Костурски,
Прифаќаме да ни бидат рефундирани средствата што ги уплативме во вашата туристичка агенција „Колектива“ во вредност од 3658 денари по човек. Вкупната оштета за нас четворица, следствено е 14. 632 денари. Таа оштета не е резултат на ничија рекетарска акција, најмалку наша, туку резултат на неисполнителноста на вашите партнери во Бугарија (хотел „Дева“ кој вие во Македонија го промовирате и претставувате). Приговорите ќе ви ги доставиме откако ќе не информирате за рокот во кој ќе не рефундирате.
Мирослава Симоновска


Kolektiva to me, Vanco


show details Aug 11 (1 day ago)


Мирослава
Мислам дека процедурата е јасна

  1. Приговор
  2. Договор
  3. Рефундација
А кога ќе биде се завршено останува на тебе штом пратиш приговор и дојдеш да потпишеш договор веднаш парите ќе бидат рефундирани

Поздрав


Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details Aug 11 (1 day ago)


Тој договорот што ќе го потпишеме, откако ќе поднесеме приговори, за што ќе биде? Договор за што?

- Show quoted text -


Kolektiva to me, Vanco


show details Aug 11 (1 day ago)


Dogovor za podarok

Zatoa sto deckoto izvini ne se sekjavam na imeto bese doblesen i ukaza na anomalija koja moze da ne unisti kako firma.
I so toa ukazuvanje ni spreci natamosna steta. Toa e deninstvenata pricina , nie zgora na toa kje si platime personalen danok duplo zosto e poklon.
Pravoto na odgovor i ispravka si go barame vo celost na isto mesto i isto vremetraenje zatoa sto nekoe izvinuvanje ili korekten odnos ne dobivme. Znaci kollumna isto tolku denovi na isto mesto. Ova e odnos kolektiva metamorfozis zatoa sto toj e pravniot subjekt.
Odnosot megju firmite ne go isklucuva i uslovuva prethodniot odnos t.e vo odnosot kolektiva fizicki lica ostanuvame na toa sto go kazavme bez ogled na se a odnosot megju firmite ili kako pogore navedeno ili na sud.

So pocit

Kosturski


Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details 5:42 PM (21 hours ago)


Дечкото се вика Саше. Г - дине Костурски, па вие измисливте нов новинарски жанр - автодемант. Не можам јас да ви бидам асистент во пишување демант. Пратете ми го демантот, ќе го објавам во времето во кое сакате, на местото каде сакате (а знам дека тоа е истото место каде ми беше мене објавена колумната - по правило).

- Show quoted text -
--- надополнето: Aug 12, 2011 1:04 PM ---
После ова, се заканивте дека ќе го тужите правниот субјект во кој што јас работам, за да ме заќутите. Тоа се вашите методи. Епа јас ви викам - си има постапка за тужење за клевета и навреда. Се тужи новинарот. Мене да ме тужите!​
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3
Поени од реакции
2
Повреда на тајноста на писма или други пратки
1. Ст.1 тој што без судска одлука или согласност на лице на кое му се упатени ќе отвори туѓо писмо, телеграма, некое друго затворено писмено или пратка или обезбедена електронска пошта, или на друг начин ќе ја повреди нивната тајност, или ќе задржи, прикрие , уништи или на друг ќе му предаде туѓо писмо, телеграма, затворено писмено или пратка или обезбедена електронска пошта
2. Ст.2 тој што со намера за себе или за друг да прибави некоја корист или на друг да му нанесе некоја штета, ќе му ја соопшти тајната што ја сознал со повреда на тајноста на туѓо писмо, телеграма или некое друго затворено писмено или пратка или обезбедена електронска пошта или ќе се послужи со оваа тајна.
3. Ст 3 ако делото го стори службено лице во вршење на службата
4. Ст.4 гонењето се презема по приватна тужбa
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.488
Поени од реакции
7.982
Kolektiva is busted!!!
Се фаќате за сламка. Лошо, лошо.
Велите дека сте застапник на голема компанија, дали во централата знаат за овој настан.
Кога јас би бил сопственик на таква компанија и некоја подрачна единица да прави вакви глупости, би ги откачил а потоа и тужел.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Kolektiva is busted!!!
Се фаќате за сламка. Лошо, лошо.
Велите дека сте застапник на голема компанија, дали во централата знаат за овој настан.
Кога јас би бил сопственик на таква компанија и некоја подрачна единица да прави вакви глупости, би ги откачил а потоа и тужел.
Незнам дали човеков сам се залажува дека некого ќе уплаши со тужба или некој друг го лаже. Случајов му е изгубен уште на денот на стасувањето во БГ.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еј добра реклама за бизнис: Заминете на одмор преку нас после враќање гратис тужба :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 

Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Незнам како некој може да поверува дека за 3000 и кусур денари ,може да се смести во Сончев Брег во топ период.Искрено јас никогаш не би отишол за таква нереална сума во хотел во Сончев Брег.Ако имам помалце пари ќе одам во Дојран,а не во Сончев Брег каде што има хотели и по 100 евра од една вечер.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3
Поени од реакции
2
си постојат институции за решавање на проблеми. Се гледаме таму.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
си постојат институции за решавање на проблеми. Се гледаме таму.
Токму така, бар вие како "високо почитуван" господин треба да го знаете тоа.А не да се зачленувате по форуми или да следите слики од фејсбук на вашите клиенти за да ги "поткрепите вашите докази" Arrividerci!
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Во ред постојат, не сме Зимбабве, него работата е на што ќе се повикате? Девојчето кажува како си поминала на одмор, преку вашата агенција и за превозот на друга агенција. Па значи никој никаде не може да си каже мислење никогаш? Особено новинар у колумна? Нема логика.
 
Член од
2 јануари 2006
Мислења
325
Поени од реакции
34
„Zatoa sto deckoto izvini ne se sekjavam na imeto bese doblesen i ukaza na anomalija koja moze da ne unisti kako firma.
I so toa ukazuvanje ni spreci natamosna steta“.

После ова што го напишавте сакате да идете на суд, па нели може да ве уништи како фирма?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom