Овде Мирослава Симоновска. Бидејќи сум принудена да ја држам јавноста надвор од заблуда, како професионална обврска, а во случајов и заштита на мојот образ, ја приложувам нашата мејл преписка и тоа по хронолошки ред. Барате од мене да си авто - демантирам текст. Инсистирав да имаме пишана комуникација зашто однапред сум известена вашиот медиумски лик и дело. Само ми покажавте дека ќе ги искористите сите можни врски за да ме зауздате. Дека ќе ви објавам текст во „Фокус“ е флагрантна лага испечена од вашата рерна.
Здраво Мирослава
По денешниот состанок и неколкуте телефонски разговори денес, те замолувам да упатиш приговор утре со конкретни ситуации за сите четворица. Инаку во разговор со нашиот адвокат и нашата правна служба (регионална) однапред ќе ти кажам дека приговорот ќе биде отфрлен бидејки не била запазаена формата на приговорот уште во Бугарија т.е моментот кога Хотел Дева ви предложил преместување во друг Хотел требало да се склучи записник во кој вие и Дева се сложувата и тој записник би требало да е составен дел на овој приговор. Но сега ситуацијата е такава како што е.
Дополнително по разговорите и договор со нашата сестринска фирма во Бугарија и нашите инвеститори а по примедбите на твојот пријател правник кои ги пренесов за можни големи последици во вакви случаи кон Колектива, одлучивме во знак на добра волја да ви поклониме ваучери во износ или вредност на уплатите кои ги имавте преку нас за Хотел Дева затоа што со ова ќе можеме да превенираме идни можни проблеми со пребукирани хотели или несоодветни хотели за кои ние посредуваме.
За ова МОРАМЕ да склучиме договор за поклон со секој поединечно за да може финансиски да ги израмниме во нашиот систем на процесирање.
Околу правото на одговор во Плус инфо ќе го искористиме во текот на неделата но сугестија од нашата централа е ти да ја извадиш ситуацијата со колумна бидејки никогаш одговорот на коментар ја нема истата тежина како колумната, доколку тоа се случи нема да го користиме правото на одговор и исправка и таа работа е ад акта.
Дополнително те молам реагирај на коментари на колумната бидејки имавме реакција од нашиот инвеститор дека ова не е во ред и не е bona fides начин на решавање.
Поради дневниот извештај кон инвеститорите морам и вака писмено да се обратам за да ја запазам формата. Утре сум цел ден пребукиран приватно ќе се координираме по телефон
Со почит
Ванчо Костурски
ТА Колектива Нет
Miroslava Simonovska to Kolektiva
show details Aug 11 (2 days ago)
Господине Костурски,
По претходна консултација со моите пријатели и согласно денешниот ваш обид за мое подмитување, ве информирам дека нема да прифатиме ништо од вас. Не ни дошло до вашата провизија од 10 евра, кога сме оштетени за стотици. Нова колумна ќе напишам, а во неа ќе стои вашиот предлог да си го побијам напишаното. Не гледаме мотив да пишуваме приговор, кој однапред не информирате дека ќе го одбиете. Ништо вие не може да ни подарите, кога треба да не обесштетите. Вие не повикавте да го решиме проблемот, а не да ни подарувате патувања. На крајот од состанокот се договоривме да ни ги исплатите парите во рок од 3 дена, а вие подоцна викате дека ќе ни подарувате во знак на добра волја. Јас ве ислушав, мислејќи дека правиме нормален муабет, тоа да било некаков тип на митаџиство. Дојдов, на ваш повик. Дополнително проверувам дали договорот е ништовен. Уште не можам да си поверувам на очите, дека барате да си демантирам текст по долгогодишно ваше присуство во македонските медиуми.
Секое добро
Kolektiva to me, Vanco
show details Aug 11 (1 day ago)
Мирослава,
Мене ова ми личи на рекет, ние ти понудивме да ти ги вратиме парите во целост и да добиеш патување на некое од нашите места кои се нудат, но ти продолжуваш со клевета.
До каде сакаш да стигнеш?
Венчо Костурски
Miroslava Simonovska to Kolektiva
show details Aug 11 (1 day ago)
Во тој случај јас не сум разбрала добро што ми се опциите. Значи имаме опција да ни бидат вратени парите ВО ЦЕЛОСТ? Колкава е таа целост?
- Show quoted text -
Kolektiva to me, Vanco
show details Aug 11 (1 day ago)
Мирослава,
Приговор, мораш да напишеш доколку си незадоволна. Потоа бидејќи не ги исполнуваш условите за приговорот да биде прифатен, тој мора да биде одбиен.
Но, на добра воља на Колектива, ќе потпишеме договор помеѓу
Колектива
и
1. Мирослава Симоновска
2. Александар Михајловски
3. Мартина Михајловска
4. Сашо Мерџановски
со кој Колектива ќе ја исплати сумата која вие сте ја платиле (4x3658=14632 денари) во Колектива за аранжманот од 01.08.2011 до 08.08.2011
Во секој случај проговорот мора да биде доставен, за да ова да може да се реализира. Без приговорот ние немаме никаква основа да исплатиме некому пари, кој по своја волја уплатил средства за купување ваучер.
Поздрав
Miroslava Simonovska to Kolektiva
show details Aug 11 (1 day ago)
Г - дине Костурски,
Прифаќаме да ни бидат рефундирани средствата што ги уплативме во вашата туристичка агенција „Колектива“ во вредност од 3658 денари по човек. Вкупната оштета за нас четворица, следствено е 14. 632 денари. Таа оштета не е резултат на ничија рекетарска акција, најмалку наша, туку резултат на неисполнителноста на вашите партнери во Бугарија (хотел „Дева“ кој вие во Македонија го промовирате и претставувате). Приговорите ќе ви ги доставиме откако ќе не информирате за рокот во кој ќе не рефундирате.
Мирослава Симоновска
Kolektiva to me, Vanco
show details Aug 11 (1 day ago)
Мирослава
Мислам дека процедурата е јасна
- Приговор
- Договор
- Рефундација
А кога ќе биде се завршено останува на тебе штом пратиш приговор и дојдеш да потпишеш договор веднаш парите ќе бидат рефундирани
Поздрав
Miroslava Simonovska to Kolektiva
show details Aug 11 (1 day ago)
Тој договорот што ќе го потпишеме, откако ќе поднесеме приговори, за што ќе биде? Договор за што?
- Show quoted text -
Kolektiva to me, Vanco
show details Aug 11 (1 day ago)
Dogovor za podarok
Zatoa sto deckoto izvini ne se sekjavam na imeto bese doblesen i ukaza na anomalija koja moze da ne unisti kako firma.
I so toa ukazuvanje ni spreci natamosna steta. Toa e deninstvenata pricina , nie zgora na toa kje si platime personalen danok duplo zosto e poklon.
Pravoto na odgovor i ispravka si go barame vo celost na isto mesto i isto vremetraenje zatoa sto nekoe izvinuvanje ili korekten odnos ne dobivme. Znaci kollumna isto tolku denovi na isto mesto. Ova e odnos kolektiva metamorfozis zatoa sto toj e pravniot subjekt.
Odnosot megju firmite ne go isklucuva i uslovuva prethodniot odnos t.e vo odnosot kolektiva fizicki lica ostanuvame na toa sto go kazavme bez ogled na se a odnosot megju firmite ili kako pogore navedeno ili na sud.
So pocit
Kosturski
Miroslava Simonovska to Kolektiva
show details 5:42 PM (21 hours ago)
Дечкото се вика Саше. Г - дине Костурски, па вие измисливте нов новинарски жанр - автодемант. Не можам јас да ви бидам асистент во пишување демант. Пратете ми го демантот, ќе го објавам во времето во кое сакате, на местото каде сакате (а знам дека тоа е истото место каде ми беше мене објавена колумната - по правило).
- Show quoted text -
--- надополнето: Aug 12, 2011 1:04 PM ---
После ова, се заканивте дека ќе го тужите правниот субјект во кој што јас работам, за да ме заќутите. Тоа се вашите методи. Епа јас ви викам - си има постапка за тужење за клевета и навреда. Се тужи новинарот. Мене да ме тужите!