Целата Вистина за бог

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ех Микица Микица, ко че порасниш, самото че Ти се кажит....

Ама за да не чекаш толку долго, ево, ќе Ти подобјаснам
Верувањето во Христа е тешка небулоза и контрадикторен став, кој е споредлив со имањето тело без глава(памет)...:icon_lol:
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Impissimus

бе, зар и Ти ојде у протестанти па почна да вадиш цитати од контекст?...:pos:
Зар и Ти, сине Бруте?...:pos:
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Една црква е врзана за Црквата Христова доколку нејзината Глава (авторитет) е Христос т.е. доколку таа црква го практикува и поучува изворното христијанство, проповедано од Христос и апостолите запишано во Божјиот Збор - Библијата. Секоја друга „црква“ што си има некои други глави (пророци, отци, култни личности, други „свети“ писанија и сл.) не е Христова Црква. Јасно како ден, просто како два и два.
Ти текнува ли во Стариот Завет, кога јудејците одеа против Бога, и правеа разни беззаконија? Односно кога јудаизмот отстапи од својот пат. Што се случи кога дојдоа ете, Езекија или Јосија во Книгата на Царевите? Дали се отцепија од тогашното јудејство и создадоа своја нова реформирана вера? Или ги поправија работите во веќе постоечката и вистинска вера? Ај размисли сега и спореди го ова со твоите ставовои. Дали Бог за да ги поправи искривените и грешни патишта на Црквата, ќе ја исправи грешката внатре во постоечката Црква, или пак ќе ја остави таа Црква во своите гревови непоправајки ги грешките, а ќе создаде нова Црква? Зошто чорбаџи да се создава нова Црква, кога веќе е создадена едната и вистинската од Исус и Светиот Дух на Педестеница? Кој тоа друг има право да создава цркви? Кој е поголем од Исус? Вистинската Црква, која може да биде само една како што велиш и ти, ќе ја бараш или кај католиците или кај православните. Една од овие две е Христовата Црква, а другата се отцепила од вистината.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Impissimus

бе, зар и Ти ојде у протестанти па почна да вадиш цитати од контекст?...:pos:
Зар и Ти, сине Бруте?...:pos:
Убо, убо, самиот си праиш критериуми за вредување на вистинитоста за Црквата и самиот си потврдуваш дека тија критериуми се точни...:icon_lol:......самиот си поставуваше прашања, самиот си одговараше на прашањата и самиот си потврдуваше дека дал точен одговор....:pos:
Хм.... MIKI1?(n)
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
1. Ех Микица Микица, ко че порасниш, самото че Ти се кажит....

2.Ама за да не чекаш толку долго, ево, ќе Ти подобјаснам, со големи букви, за да биле почитко: ЦКРВАТА Е ТЕЛОТОТ ХРИСТОВО, А ХРИСТОС Е ГЛАВА НА ЦРКВАТА, разбираш...Према томе, кој ја критикува Црквата, која е Телото Христово, критичарот Го критикува и Христа Богочовекот, Кој Е глава на Црквата.

3.Ти текнуе?

4.Верувањето во Христа и а неверувањето т.е. неприфаќањето на Црквата, е тешка небулоза и контрадикторен став, кој е споредлив со имањето глава без тело и тело без глава...:icon_lol:
1. Може ли да го подигнеш нивото на дискусија или ќе треба да го викнам син ми (5 години) да се објаснувате?

2..Жити мајка? Се критикува сегашната форма на ИНСТИТУЦИЈАТА ЦРКВА КОЈА ЗАБЕГАЛА ОД ВИСТИНСКАТА ХРИСТОВА ЦРКВА.
АКо ме прашуваш мене, тогаш моеот мислење е дека Христос и неговото учење немаат врска со ниту една црква, а ниту пак тоа му била идејата да ги збира луѓето во камени храмови и да слушааат проповеди на дебели мудреци.

Но нејсе и нека е така како што велиш нека е Исус нераскинливо поврзан со Црквата, тогаш батка сегашниве самонаречени ширачи на божјата мисла (читај грабачи на пари и материјални добра) не заслужуваат ни во пеколот да бидат, и таму за нив ќе нема место.

Критиката се однесува на Извитоперенета улога на Христијанската црква од страна на нејзините главешини за лични цели, а за полесна комуникација се користи терминот Црква бидејќи истите тие душегрижници се затскриваат зад тоа име!

Ќе пораснеш само ќе ти се каже.

3. Мене ми текнуе, тебе дали ти текнуе?

4. Од каде ја извади ти оваа небулоза?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
1. Може ли да го подигнеш нивото на дискусија или ќе треба да го викнам син ми (5 години) да се објаснувате?
Може: по дома имам подоста играчки па ќе можеме да си поиграме.
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:57 PM ---
2..Жити мајка? Се критикува сегашната форма на ИНСТИТУЦИЈАТА ЦРКВА КОЈА ЗАБЕГАЛА ОД ВИСТИНСКАТА ХРИСТОВА ЦРКВА.
АКо ме прашуваш мене, тогаш моеот мислење е дека Христос и неговото учење немаат врска со ниту една црква, а ниту пак тоа му била идејата да ги збира луѓето во камени храмови и да слушааат проповеди на дебели мудреци.

Но нејсе и нека е така како што велиш нека е Исус нераскинливо поврзан со Црквата, тогаш батка сегашниве самонаречени ширачи на божјата мисла (читај грабачи на пари и материјални добра) не заслужуваат ни во пеколот да бидат, и таму за нив ќе нема место.

Критиката се однесува на Извитоперенета улога на Христијанската црква од страна на нејзините главешини за лични цели, а за полесна комуникација се користи терминот Црква бидејќи истите тие душегрижници се затскриваат зад тоа име!

Ќе пораснеш само ќе ти се каже.
Море Мики, овој став го изнесуваат сите протестанти на фориов, демек, Црквата забегала од изворното учење, демек, Св. Цар Константин ја „приватизирал„ Црквата и демек, тие, протестаните биле вистинската „црква„ (со мало „ц„),, кои ја имаат чистата Христова вистина кај себе...Јааааа...:confused:
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:58 PM ---
3. Мене ми текнуе, тебе дали ти текнуе?
Не, не ми текнуе, оти веќе ми текна.
--- надополнето: Aug 11, 2011 12:59 PM ---
4. Од каде ја извади ти оваа небулоза?
Во Црквата, важат од Бога ни откриените и потврдени вистини, а не човечките овосветовни мудрувања, читај-небулози, разбираш.
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:00 PM ---
Еве го пак....:icon_lol:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Море Мики, овој став го изнесуваат сите протестанти на фориов, демек, Црквата забегала од изворното учење, демек, Св. Цар Константин ја „приватизирал„ Црквата и демек, тие, протестаните биле вистинската „црква„ (со мало „ц„),, кои ја имаат чистата Христова вистина кај себе...Јааааа...:confused:
Што има врска Протестантската црква у нашиов дијалог?

Кога споменувам црква мислам на сите Христијански цркви без исклучок.

Мене ме интересира "нашата православна Црква", бидејќи таа битисува на наш терен тука.

И искрено ставовите на Чорбаџија како нивен претставник се далеку порационални поразумни и отворени за дијалог во најмала рака, за разлика од вашите ставови кои се темелат на тоа така сакал Бог, така вика црквата и слично.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Што има врска Протестантската црква у нашиов дијалог?
За мене е е небитна таа заедница, која става опасни сопки, а Твојте ставови, кои ги изнесуваш на форумов, како да се кажани од протестант.
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:09 PM ---
Кога споменувам црква мислам на сите Христијански цркви без исклучок.
Јас не мислам така: еден Е Христос, една е Црквата. „Другите„ можат да бидат било што дргуго, само не „црква„.
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:09 PM ---
Мене ме интересира "нашата православна Црква", бидејќи таа битисува на наш терен тука.
.
Освен што упатуваш неосновани критики кон „нашата„, не гледам дека покажуваш некаков посебен интерес.
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:12 PM ---
И искрено ставовите на Чорбаџија како нивен претставник се далеку порационални поразумни и отворени за дијалог во најмала рака, за разлика од вашите ставови кои се темелат на тоа така сакал Бог, така вика црквата и слично.
Па и ја то го велам, којзнае колку пати: дека протестантските ставови се овосветовни, прагматски и и рационални, но не и духовни!

А учениците Христови пак, не се од овој Свет, оти да беа од овој Свет, Светот ќе ги сакаше! А Светот пак, т.е. световните луѓе, го сакаат само своето-само световното, но не и оносветовното. т.е. Христовото!

Христос не не покани да бидеме уживатели во овој Свет, туку Он не покани да бидеме синови Божји по благодат, во Неговото Царство Небесно, кое (Царство) не е од овој и за овој Свет!

Кој сака да мудрува телесно (рационално), тој е овосветовен. Кој сака да Богомудрува, тој е духовен.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И искрено ставовите на Чорбаџија како нивен претставник се далеку порационални поразумни и отворени за дијалог во најмала рака, за разлика од вашите ставови кои се темелат на тоа така сакал Бог, така вика црквата и слично.
Епа ете, Господ вели дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат Црквата Негова. А протестантите велат дека ова било лага. Дека вратите на пеколот ја надвладеале Црквата некаде во 300 година и така било до 16 век, кога дошол Лутер и ја спасил Црквата. Ете тоа велат протестантите.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
За мене е е небитна таа заедница, која става опасни сопки, а Твојте ставови, кои ги изнесуваш на форумов, како да се кажани од протестант.
Види во еден дијалог се битни ставовите и аргументите кои се спротивставуваат, а не на кого личат тие ставови:)

ТИ ги препознаваш како протестантски, други како атеистички, треи како скептицизам, четврти како агностички итн...

Сосема е небитно на што личат од горенаведоното моите ставови, пробај да дискутираш за нив разумно и рационално.
Тоа што го споменувам Чорбаџија (се надевам не му пречи) во дијалозите е да укажам дека неговите ставови се далеку поприфатливи за дискусија
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:15 PM ---
Јас не мислам така: еден Е Христос, една е Црквата. „Другите„ можат да бидат било што дргуго, само не „црква„.
Токму така и јас велам исто:P Еден е Христос една е неговата Црква (а неговата црква е духовна, тоа е неговото учење , не се храмовите). КАде ги препознаваш свештениците во овој муабет?
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:16 PM ---
Освен што упатуваш неосновани критики кон „нашата„, не гледам дека покажуваш некаков посебен интерес.
Па покажувам интерес ама не онаков како шти го замислуваш. Јас мислам дека без црквата и нејзините толкувања би било подобро.
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:20 PM ---
Па и ја то го велам, којзнае колку пати: дека протестантските ставови се овосветовни, прагматски и и рационални, но не и духовни!

А учениците Христови пак, не се од овој Свет, оти да беа од овој Свет, Светот ќе ги сакаше! А Светот пак, т.е. световните луѓе, го сакаат само своето-само световното, но не и оносветовното. т.е. Христовото!

Христос не не покани да бидеме уживатели во овој Свет, туку Он не покани да бидеме синови Божји по благодат, во Неговото Царство Небесно, кое (Царство) не е од овој и за овој Свет!

Кој сака да мудрува телесно (рационално), тој е овосветовен. Кој сака да Богомудрува, тој е духовен.
Од кај излезе дека неговит еученици не се од овој свет?????

Па нормално дека го сакаме световното, кога немаме сознанија какво е другото:P Единствените сознанија с епласирани од црквата

Па ако не поканиле за во нивното ЦАрство, зашто уште издржуваме казна тука?????
--- надополнето: Aug 11, 2011 1:21 PM ---
Епа ете, Господ вели дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат Црквата Негова. А протестантите велат дека ова било лага. Дека вратите на пеколот ја надвладеале Црквата некаде во 300 година и така било до 16 век, кога дошол Лутер и ја спасил Црквата. Ете тоа велат протестантите.
Аааааааах. Абе што е битно што велат протестантите?

Битно е дека историјата покажала дека ЦРКВАТА ИМА АПОСЛУТНО ИНХИБИТОРНА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕШТВОТО!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Епа ете, Господ вели дека вратите на пеколот нема да ја надвладеат Црквата Негова. А протестантите велат дека ова било лага. Дека вратите на пеколот ја надвладеале Црквата некаде во 300 година и така било до 16 век, кога дошол Лутер и ја спасил Црквата. Ете тоа велат протестантите.
Ти врска немаш што велат протестантите. Ти единствено знаеш што некој дезинформиран православен паметњакович дрнкал за протестантите. Пред неколку страни ти покажав дека воопшто не ги разбираш протестантските слогани „Sola Scriptura" и "Sola Fide", а се дрзнуваш да ги критикуваш.
Откако од уста не го извади Лутер, ти поставив многу прости прашања:

Чробаџија напиша:
Каде тоа го вели Лутер? Доволно беше клеветење, ајде малку аргументирај ги своите тврдења. Каде тоа Лутер вели „грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени.“ Цитирај ни во кое свое дело, во кое поглавје или страна го вели тоа Лутер? Не мора дословно, но барем приближно на тоа?
Имаш ли ти воопшто нешто прочитано од Лутер или онака од ракав ни збориш за него нешто што си чул од некој православен паметњакович кој што кажувал саркастични шеги за Лутер
И пак ќе те прашам истото, каде тоа го вели Лутер? Што имаш прочитано ти од Лутер? Имаш ли барем едно книжуле од него прочитано?
Зошто лукаво ги избегнуваш моите прашања? И зошто потоа очекуваш дискусија?
 

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444

God is not a christian...:D nor a muslim nor a jew...veli popot...od onie liberalnite teolozi kako onoj biskupot Romero sto go ubija zatoa sto tikvi sadel so revolucionerite....:cuc:
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
А учениците Христови пак, не се од овој Свет, оти да беа од овој Свет, Светот ќе ги сакаше! А Светот пак, т.е. световните луѓе, го сакаат само своето-само световното, но не и оносветовното. т.е. Христовото!
Кутрите вие православни што цел свет ги „мрази“. Се отепа светот мразејќи ве :) Во нашата земја особено светот ве мрази, затоа и г.г. Стефан му е десна рака на Груевски и како кученце го шета по свечени манифестации, затоа световната владата ви дава и честопати спонзорира да изградите храм кај што ќе ви прдне (а другите верски заедници со години не можат да добијат ни дозвола за градба, а камо ли една цигла од владата), затоа и само православниот богословски факултет го стави под Универзитетот св. Кирил и Методиј - од што ве мрази тоа нели.. Од што ве мрази овој свет, затоа и ги бацува рацете свештениците ваши светот им ги дава сите почести, народот им се клања, им бацува рака (од што ги мрази тоа нели).
И кого во земјава светот ги нарекуваат со погрдни имиња, православните или протестантите?

Христос не не покани да бидеме уживатели во овој Свет, туку Он не покани да бидеме синови Божји по благодат, во Неговото Царство Небесно, кое (Царство) не е од овој и за овој Свет!
Ова како да го слушам Ѓорѓи Колозов како вели: „Чунки ние попоите за мака сме родени“:pos: Кутрите вие не го уживате овој свет, затоа поповите по дифолт ви се со огромни стомаци. Да да, особено се мачите за време на постите кога постите со посните гозби, јадејќи посни погачи, посни колачиња, посни торти, посни салати, посни гезмиња и други позни лапачки и ждерачки :)
Иди на улица мож ќе излажеш некое 3 годишно дете што се уште не влегло во православен храм :)
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
И пак ќе те прашам истото, каде тоа го вели Лутер? Што имаш прочитано ти од Лутер? Имаш ли барем едно книжуле од него прочитано?
Зошто лукаво ги избегнуваш моите прашања? И зошто потоа очекуваш дискусија?
Ова негови зборови ли се?

Be a sinner, and let your sins be strong, but let your trust in Christ be stronger, and rejoice in Christ who is the victor over sin, death, and the world. We will commit sins while we are here, for this life is not a place where justice resides... No sin can separate us from Him, even if we were to kill or commit adultery thousands of times each day.



There is no scandal greater, more dangerous, more venomous, than a good outward life, manifested by good works and a pious mode of life. That is the grand portal, the highway that leads to damnation

Исто човеков не гледал ништо лошо ни во бигамија, полигамија. Да не цитирам што има зборувано за селаните, за евреите итн.

Ете чорбаџи, што е сола фиде, од устата на неговиот изумитељ. Да грешиш по стопати на ден, прељуба, убиства итн и да веруваш дека пак ќе се спасиш. Ептен библиски, ептен Христијански.
--- надополнето: Aug 11, 2011 2:25 PM ---
Кутрите вие православни што цел свет ги „мрази“. Се отепа светот мразејќи ве :) Во нашата земја особено светот ве мрази, затоа и г.г. Стефан му е десна рака на Груевски и како кученце го шета по свечени манифестации, затоа световната владата ви дава и честопати спонзорира да изградите храм кај што ќе ви прдне (а другите верски заедници со години не можат да добијат ни дозвола за градба, а камо ли една цигла од владата), затоа и само православниот богословски факултет го стави под Универзитетот св. Кирил и Методиј - од што ве мрази тоа нели.. Од што ве мрази овој свет, затоа и ги бацува рацете свештениците ваши светот им ги дава сите почести, народот им се клања, им бацува рака (од што ги мрази тоа нели).
И кого во земјава светот ги нарекуваат со погрдни имиња, православните или протестантите?

Ова како да го слушам Ѓорѓи Колозов како вели: „Чунки ние попоите за мака сме родени“:pos: Кутрите вие не го уживате овој свет, затоа поповите по дифолт ви се со огромни стомаци. Да да, особено се мачите за време на постите кога постите со посните гозби, јадејќи посни погачи, посни колачиња, посни торти, посни салати, посни гезмиња и други позни лапачки и ждерачки :)
Иди на улица мож ќе излажеш некое 3 годишно дете што се уште не влегло во православен храм :)
Исто, ама баш исто како DBack да го напишал ова. Зарем не ти кажува нешто ваквата компарација?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Кутрите вие православни што цел свет ги „мрази“. Се отепа светот мразејќи ве :) Во нашата земја особено светот ве мрази, затоа и г.г. Стефан му е десна рака на Груевски и како кученце го шета по свечени манифестации, затоа световната владата ви дава и честопати спонзорира да изградите храм кај што ќе ви прдне (а другите верски заедници со години не можат да добијат ни дозвола за градба, а камо ли една цигла од владата), затоа и само православниот богословски факултет го стави под Универзитетот св. Кирил и Методиј - од што ве мрази тоа нели.. Од што ве мрази овој свет, затоа и ги бацува рацете свештениците ваши светот им ги дава сите почести, народот им се клања, им бацува рака (од што ги мрази тоа нели).
И кого во земјава светот ги нарекуваат со погрдни имиња, православните или протестантите?
Хе-хе...Ај шо глеам омраза Твоја кон Црквата, ама сеа гледам и завист...А зависта, познато е од кого дојде. Малцинствата пак, себе си секогаш се гледаат „онеправдани„, нели? :icon_lol:

Што се тиче погрдните имиња, работава е повеќе од јасна: нас не нарекуваат „православни„ или „ортодоксни„ а Вас Ве нарекуваат или „протестанти„, но не и „христијани„ или пак уште полошо-Ве нарекуваат „секташи„, но не и „христијани„:

Така, не Ти/Ви останува избор, освен самите себе да си поласкате и да се наречете „христијани„....
--- надополнето: Aug 11, 2011 2:29 PM ---
Ова како да го слушам Ѓорѓи Колозов како вели: „Чунки ние попоите за мака сме родени“:pos:
Ех, многу глеаш телевизија...Штетно е тоа, особено ако е невистинито. А телевизијата не постои за да ни ја пренесе вистината, туку спротивното од вистината.
--- надополнето: Aug 11, 2011 2:30 PM ---
Иди на улица мож ќе излажеш некое 3 годишно дете што се уште не влегло во православен храм :)
Нема потреба да лажам, Тебе веќе те излажале...А Христос не ни дозволува да лажеме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom