Кутрите вие православни што цел свет ги „мрази“. Се отепа светот мразејќи ве
Во нашата земја особено светот ве мрази, затоа и г.г. Стефан му е десна рака на Груевски и како кученце го шета по свечени манифестации, затоа световната владата ви дава и честопати спонзорира да изградите храм кај што ќе ви прдне (а другите верски заедници со години не можат да добијат ни дозвола за градба, а камо ли една цигла од владата), затоа и само православниот богословски факултет го стави под Универзитетот св. Кирил и Методиј - од што ве мрази тоа нели.. Од што ве мрази овој свет, затоа и ги бацува рацете свештениците ваши светот им ги дава сите почести, народот им се клања, им бацува рака (од што ги мрази тоа нели).
И кого во земјава светот ги нарекуваат со погрдни имиња, православните или протестантите?
Ова како да го слушам Ѓорѓи Колозов како вели: „Чунки ние попоите за мака сме родени“
Кутрите вие не го уживате овој свет, затоа поповите по дифолт ви се со огромни стомаци. Да да, особено се мачите за време на постите кога постите со посните гозби, јадејќи посни погачи, посни колачиња, посни торти, посни салати, посни гезмиња и други позни лапачки и ждерачки
Иди на улица мож ќе излажеш некое 3 годишно дете што се уште не влегло во православен храм