Зошто Лутер, изумитљот на сола фиде, мораше да го додава зборот “само“ во Римјаните?
1. Негов проблем (а веројатно и твој). Јас не сум ниту адвокат, нит па негов првобранител, а најмалку па негов следбеник. Ти си „опседнат“ со Лутер, ти истражувај го тоа. Јас ќе се задржам на Библијата.
Патем кога сме веќе кај намерните измени на Библијата, кажи ми зошто МПЦ во секое издание (од 1991 година па се до 2006 година) упорно го преведува зборот „presbuteros“ со свештеник (свештеници), кога јасно се знае дека тој збор на коине грчки значи старешина, а за свештеник си има посебен збор "hiereus" (хиереј или архиереј = првосвештеник)? Зарем не е тоа намерно извртување на преводот со цел да си оправда некои свои црковни и небиблиски догми? (мислам на
Јаков 5:14 и
1 Петрово 5:1 итн) Доколку неупатениот читател ги прочита овие стихови ќе си помисли дека Библијата навистина учи дека во новозаветната црква имало свештеници, но во суштина тоа не е така. Класична манипулација со Божјиот збор и тоа од црква која претендира да биде „Христова“.
2. Лутер не е измислувачот на сола фиде. Спасувањето само по вера е конзистентно учење на новиот завет. Прееска само за 5мин истражување на Библијата ти постирав 11 стихови кои јасно и директно потврдуваат дека се спасуваме само прекува верата. Да продолжев со истражувањето уште 10мин сигурно ќе ти постирав уште 10тина стихови. Интересно е што ти не искоментира ништо за стиховите, туку само изусти „чорбаџи срамота е тоа што го правиш“
Епа ајде ќе се пресрамам уште еднаш и ќе те замолам да ни го објасниш првиот стих што ти го постирав:
„Зашто по благодат сте спасени,
преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
Не од делата, за да не се фали некој. “ (
Ефешаните 2:9, Библијата)
Што сакал тука апостолот да каже? Баш ме интересира што велат вашите „отци“ за овој стих? Како тие го толкуваат?
Зошто ако јасно зборувала Библијата дека се спасуваме само со вера, морало реформаторите да го менуваат зборот Божји?
Не генерализирај непотребно. Лутер не е претставник на сите реформатори. И тие не морале да го менуваат зборот Божји, затоа што, како што видовме пред една страна, Библијата јасно и концизно говори дека се спасуваме само преку вера во Исус.
Вашиот проблем чорбаџи е вадењето на цитати вон контекст, чиниш Библијата е некој речник та да можеш да си ја извадиш која реченица сакаш и да градиш теологија од неа.
Доколку навистина вадам цитати од конктест, тогаш бујрум повели напиши ги моите цитати во контекст и докажи дека нивното значење во контекстот е различно од моето. Еве почни со горниот цитат (
Ефешаните 2:9, Библијата)
Значи напиши го во контекст и објасни ни го, пиши го толкувањето на вашите „отци“, па да видиме што таму Бог сакал да ни каже преку апостолот.
А Лутер вели грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени. Е Лутер кон тоа целел, да си ги оправдува своите недела си измислил цела своја теологија, и уште пострашно навел многумина да поверуваат во него.
Каде тоа го вели Лутер? Доволно беше клеветење, ајде малку аргументирај ги своите тврдења. Каде тоа Лутер вели „грешете колку сакате, изневерете ја жена ви и 100 пати ако сакате, се едно е - ако верувате во Исус, тогаш сте спасени.“
Цитирај ни во кое свое дело, во кое поглавје или страна го вели тоа Лутер? Не мора дословно, но барем приближно на тоа?
Имаш ли ти воопшто нешто прочитано од Лутер или онака од ракав ни збориш за него нешто што си чул од некој православен паметњакович кој што кажувал саркастични шеги за Лутер (во негово отсуство се разбира
Да беше жив Лутер тешко дека ќе можевте такви шали да зборите во негово име. Ако во нешто бил најдобар во негово време, тоа било во дебатирањето. Католичките свештеници не можеле уста да отворат кога тој ќе им поставел прашање, па затоа единствено можеле да му се спротистават со меч.