Моето искуство со Колектива и Бисер Пром

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
нека пробаат - не реков не- ама ќе се влечкаат по судови можеби и со години и ќе им излези више дара него масла
Kao да ми го прочита мислењето.

Иако верувам дека револтот е на многу високо ниво, верувам во нивната споспобност и тоа дека возможно „дарата“ да не ги чини колку и маслото.
Бебуш, верувам дека добро ги познавате правните закони, и ако видите кога ќе нема фајде (дајбоже да не биде така, но...) ќе се повлечете без големи судски трошоци.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.650
Поени од реакции
34.077
Mими, ќе те тепаат овие. lol

Барем по сериозноста така се очекува. Ќе му идеш официјално како новинар, како сама себе изреволтирана, адвокати..?
Ми се допаѓа иницијативава. Само напред.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
wot, главниот проблем е овде што оваа квази - агенција, не ги доживува своите клиенти сериозно. Утре ќе одам, он ќе сака да ме подмити, ќе се заканува, све по пропис како што вообичаено бива. Ни прв ми е, ни последен. Но, она што не го знае (а се надевам дека ме чита, а утре и ќе му кажам лично) е дека наредниве 2 месеци ажурно ќе се ангажирам во собирање изјави од незадоволни клиенти. Ние јес да сме глупи, ама не сме мутави. Понатаму, навистина би било индикативно да се осознае - како тоа Колектива добила дозвола да стане туристичка агенција. Од мува ќе стане слон. И одам сериозно. Немам проблем и да ме тужат.
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147

Go get'em girl !!
Се надевам дека ќе ги закопаш !!
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
нека пробаат - не реков не- ама ќе се влечкаат по судови можеби и со години и ќе им излези више дара него масла
Јас сум за да пробаат,сепак од линкот оставен од Тончи видов дека девојката се разбира од правните закони и дека е новинарка,што е многу важно,им лупа лоша реклама,ќе ги изруга во весниците и нема работа за нив повеќе,башка ќе ги суди и ќе ги дотолчи до крај.
Со среќа утре во агенцијата,не потпаѓај под притисоци и сними го разговорот ако можеш.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.227
Поени од реакции
84.191
Епа затоа ја коа идам у агенција да платам аранжман, си седнувам и праам разговор очи у очи, притоа како нетокму по два пути го прашувам соговорникот за иста работа, само за да биде и он и ја сигурен за реченото.
Потоа обавезно им нагласувам дека нема потреба ни од договори ни од ништо пишано, затоа што сите проблеми си ги решавам без пишани документи.
До сега никој од туристичкиве агенции не се обидел да ме заебе вака, али може некад ќе се најде некој кој ќе сака да се коцка... не се знае.
Работата е, што верувале или не, постојат начини на присилна кармичка исплата за кои ни една власт у свет нема да ме осуди.
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Јас сум за да пробаат,сепак од линкот оставен од Тончи видов дека девојката се разбира од правните закони и дека е новинарка,што е многу важно,им лупа лоша реклама,ќе ги изруга во весниците и нема работа за нив повеќе,башка ќе ги суди и ќе ги дотолчи до крај.
Со среќа утре во агенцијата,не потпаѓај под притисоци и сними го разговорот ако можеш.
со среќа нека им е
само вака - со јавно изложување на вистината- може да се стопираат понатамошните изигрувања од страна на секој кој има намера да “надмудри “ некого
за ваквите треба јавно плукање насекаде - по форуми, телевизии, весници.... за да не се „изгори“ уште некој
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
уште да се најдеше некој новопечен адвокат па да ги застапува бесплатно
ем ќе биде негово пробивање, пракса и афирмирање , плус и другата страна доколку не е при пари ќе биде задоволена
:)
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Како англичаниве што го палат Лондон така ние треба да ја запалиме/демолираме агенцијава..
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
уште да се најдеше некој новопечен адвокат па да ги застапува бесплатно
ем ќе биде негово пробивање, пракса и афирмирање , плус и другата страна доколку не е при пари ќе биде задоволена
:)
Штета, неам правосуден :) Иначе за по судови скоро и да не се исплати работава. Реално вредност на тужбата и немаме која да ја ставиме. И да ставиме колку чинеле ваучерите, нека биде до 200 евра- 12-15.000 денари. За куцање тужба, 2000-3000, за такса 1000 денари, и веќе само на почетокот ти отишла четвртина од вредноста на спорот. Ај ако треба ја гага ќе им ги пишувам, нека соберат 100 евра, доста се :pos:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Јас Саше, не одам да правам муабет ни со поп, ако тој разговор не биде снимен. Вадам диктафонот на маса, па да се знае кој што рекол и во каков контекст. Скришно снимање е претпоставувам знаеш - кривично дело. Јас - јавно сум озвучена!
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Штета, неам правосуден :) Иначе за по судови скоро и да не се исплати работава. Реално вредност на тужбата и немаме која да ја ставиме. И да ставиме колку чинеле ваучерите, нека биде до 200 евра- 12-15.000 денари. За куцање тужба, 2000-3000, за такса 1000 денари, и веќе само на почетокот ти отишла четвртина од вредноста на спорот. Ај ако треба ја гага ќе им ги пишувам, нека соберат 100 евра, доста се :pos:
стварно штета;)
инаку ова е пракса во Русија
барем така се пробиваат новите адвокати
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
И нешто ново околу ова?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Знаев дека има превари со ова ропачиштава.
--- надополнето: Aug 9, 2011 10:42 PM ---
Епа затоа ја коа идам у агенција да платам аранжман, си седнувам и праам разговор очи у очи, притоа како нетокму по два пути го прашувам соговорникот за иста работа, само за да биде и он и ја сигурен за реченото.
.
Исто и јас, додека не ги распрашам се, не уплаќам. А видам фаци ми прави, ко едни на времето, ајт создравје, не си само ти агенција.
--- надополнето: Aug 9, 2011 10:43 PM ---
Моите пријатели и јас доживеавме едно неверојатно искуство кое верувам дека никогаш нема да го заборавиме.Се работи за едно патешествие исполнето со многу нервози, стресови и неодговорност од страна на организаторите на нашето патување кое започна од шоферите и автобусите на Бисер Пром, кои на попатните паузи купуваа дволитарски пива за потоа да ги пијат во автобусот додека возат, до неорганизираноста .......
.
.
.
.
Мислам дека имево на агенцијава кажува се :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom