Моето искуство со Колектива и Бисер Пром

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166

Моите пријатели и јас доживеавме едно неверојатно искуство кое верувам дека никогаш нема да го заборавиме.Се работи за едно патешествие исполнето со многу нервози, стресови и неодговорност од страна на организаторите на нашето патување кое започна од шоферите и автобусите на Бисер Пром, кои на попатните паузи купуваа дволитарски пива за потоа да ги пијат во автобусот додека возат, до неорганизираноста која кулминираше во моментот кога ни рекоа дека нема место во автобусот за нашиот багаж па ќе мораат да го фрлат на скалите кај излезната врата додека ние, иако со резервирани седишта, бевме сместени на сосема различни страни од автобусот.Претходно, закани дека ако не се довлечкаме до Несебар за 2минути ќе си заминат без нас, стигнаа од страна на шоферите и воедно газдите на Бисер Пром.Секако откако по наша иницијатива разбравме дека местото на собирање на патниците за Скопје не е истото кое што ни го посочил шоферот(кој инаку ни кажа дека ќе не собере каде што не оставил), туку е на 2км оддалеченост.Па така, кутрите ние Македончиња моравме уште еднаш да се ошуриме со уште едно такси, кое не доведе до Несебар од Сончев Брег за 40 евра.
Погледи со презир беа насочени кон нас додека искачавме од таксито.Останатите 50 луѓе кои не чекале саат ипол за да конечно тргнат почнаа да не обвинуваат со прилично погрдни зборови.Но тоа не беше она што ме иритираше, туку лагите кои шоферите им ги изнакажали на "напатените" душички кои не чекале саат ипол под сенка, со цигара во рака и сокови, кои ние секако ги немавме затоа што парите ни отидоа на веќе гореспоменатото.
Но доста зборам за Бисер Пром, време е и нешто за Колектива да се каже.Обично немам доверба во ваквите агенции кои на интернет нудат ваучери со попусти, меѓутоа понудата беше навистина примамлива:Сончев брег, 7 ноќи + појадок во хотел во центарот на градот за пари кои можевме некако да ги извадиме од џебот.Но, тука повторно не измамија.Додека чекавме во хотелот да се "исчистат" собите кои ги резервиравме, дојде газдарицата и ни ги побара 140те евра кои требаше да ги додадеме за потоа да ни каже дека нашите соби, резервирани од месец јуни, се зафатени.Во ред, не утеши со тоа што ќе не префрлат со превоз на нивна сметка во хотел со истата понуда, истотака многу блиску до плажа, во центарот на градот.Меѓутоа, како што се одалечувавме од хотелот сфатив дека не носат на сосема друго место од градот, каде што хотели се сеуште во изградба а плажата е предалеку од кажаното.Не знаевме како да реагираме освен да се прилагодиме.Немавме броеви од агенцијата за да се јавиме(затоа што мислевме дека се коректни) а и парите за доплата веќе ги дадовме во хотел во кој не престојуваме.Следуваа мрцварењата со автобуси до плажа и назад, за вечерните искачања во центарот и враќања во доцните часови со такси, за кои плативме + 200 евра од планираното.
Ден по пристигнувањето во Скопје, дознавме дека не сме првите кои се изиграни од Колектива и Бисер Пром, дека има многу други луѓе кои го преживеале истото но и многу полошо.Но ние нема да се откажеме, ќе ги преземеме сите мерки за да ни ги исплатат тие стресови и нервози, а особено ќе ги рекламираме секаде каде што можеме.

Некој друг од форум со вакво искуство?
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Затоа убаво човек да си се договори, не важи писмениот колку што е усниот договор :icon_lol:.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.820
Поени од реакции
11.445
Топ се овие бисер пром...имам патувано пред 6-7 години низ грција со нив, при температура од +40 степени, без клима...мераци! :icon_mrgr:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.712
Поени од реакции
13.404
Немам лично искуство, но имам чуено од повеќе личности (блиски пријатели) случки слични на горенаведената. Пар купува ваучер за да подоцна истиот биде невалиден, и парот биде буквално шутнат од превозното средство кое е сопственост на агенцијата.
Затоа ваучери и такви писмени договори во нашето поднебје, по валидност се мисловна именка. Избегнувајте ги ваквите пишани договори и информирајте се навремено преку пријатели.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Цццц аман бе. Боже сачувај. Брука стварно.

Ќе прашам ко будала, зошто вината се сведува и на Колектива? Зар не е виновна само агенцијата?
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.816
Поени од реакции
50.000
Глуп муабет е вака, откако сте пропатиле вака мачно, да ви го прави човек, али, со кој памет и вие и остатокот од градов што испоотидоа по Крфови Закинтоси и слично ( и се вратија сите со своја перипетија) преку овие преварантски организации, очекуате асален одмор.

Второ, за превозот до С. Брег мислам дека и мало дете знае дека патници се собираат од Несебар, при муабет со другите од автобусот со кој сте доаѓале, а сте ги гледале сигурно секоја вечер, сте можеле да сфатите или во најмала рака да бидете спремни на тоа.

Назад на преварантите, мислам дека е крајно време да улетаат испекции и џандари кај луѓево. Ја не знам еден што се врати од одмор преку нив што не наеба на било кој начин, кого сместиле уџум во хотели што не биле предвидени, на кого осигурањето му го сјебале, па на куп луѓе скриени трошкови им се појавуваат по пат- со еден збор све што може наопачки да тргне- со нив ќе ти тргне.

Бисер Пром има една светла точка- таа плавата шо им работи со кратката коса :icon_lol:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
И мене ова ме интересира,ако можете да ги тужите,без размислување сторете го тоа.
хмммм, ооооовде???!!!!?
да беше ова во Америка- имаше страшно да се офајдат- таму со душа чекаат вакви случки - па да добијат обезштетување, кое и те како е задоволително
ама оовде.....
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
хмммм, ооооовде???!!!!?
да беше ова во Америка- имаше страшно да се офајдат- таму со душа чекаат вакви случки - па да добијат обезштетување, кое и те како е задоволително
ама оовде.....
Знам дека е тука срање и пол се,но од кај знаеш може ќе им се погоди среќата,а и ако се упорни,не се откажат,и те како можат да добијат обесштетување,што знам...
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Цццц аман бе. Боже сачувај. Брука стварно.

Ќе прашам ко будала, зошто вината се сведува и на Колектива? Зар не е виновна само агенцијата?
Затоа што Колектива ни го "обезбеди смештајот" а во понудата имаше ако сакаш да избереш за превозник Бисер Пром за 25 евра додека другиве автобуси шибаат за 45
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Знам дека е тука срање и пол се,но од кај знаеш може ќе им се погоди среќата,а и ако се упорни,не се откажат,и те како можат да добијат обесштетување,што знам...
нека пробаат - не реков не- ама ќе се влечкаат по судови можеби и со години и ќе им излези више дара него масла
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772













Miroslava Simonovska to info.mk


show details 2:19 PM (4 hours ago)



По повод катаклизмичната грешка што ја направив (заедно со тројца несреќници од моето друштво), а таа е да купам ваучер за летување на Сончев Брег од „Колектива“, ви пишувам да ве информирам дека ќе ги преземам сите правни мерки, а подоцна ќе ги искористам сите информативни бенефити кои ми ги нуди професијата на новинар, за да ја испитам темелно вашата работа, да ја поткрепам со лични и туѓи примери на подигрување со клиентите (тука има еден грст примери) и да ја илуминирам македонската јавност колку е саат.

Саатот особено касни, кога се работи за веќе резервираните соби за кои со вас потпишавме договор и доплативме вкупно 140 евра за да може да ги користиме, а кога дојдовме во хотелот „Дева“ - беа зафатени. Факт број еден - веќе платени и еден месец однапред резервирани соби, се зафатени. Сопственичката на хотелот ни кажа дека нема место, откако ги извадивме парите за доплаќање,вкупно 140 евра. Како се почувствував во тој момент нема да ви кажам, зашто во оваа работа, решив да ги исклучам сите емотивни сензори како што ги исклучивте и вие вашите професионални, заедно со бандата превозници на кои ќе се фокусирам подоцна.

Одиме понатаму... Бидејќи немавме предвидено да спиеме во шатори покрај плажа и бидејќи немаме куќа на грбот, со куферите бевме пренесени на 5 километри од местото каде што ни ги земаа парите, во хотел изолиран од цивилизацијата, во околија недопрена од хомо сапиенс, а уште помалку од возвишените убавини на ноќниот живот. Заради овој несреќен трансфер (небаре сме бело робје), бевме принудени за да дојдеме во контакт со местото Сончев Брег, да платиме за 7 дена - 200 евра за превоз. Како и во секое туристичко место, таксистите се немилосрдни кон странци, а друг превоз едноставно нели, нема. Факт број два - за собите и превозот бевме изложени на непланирани 340 евра извадени буквално на гладен миокард. Е, во овој момент од дејството, веќе морав да ги информирам блиските дека работава е т`нка и да ми праќаат пари од Скопје по Western Union и слични капиталистички спасенија. Нејсе...

Но, тоа не е се! Доколку во наредните 3 дена, нарачате и превоз преку пријателите на „Колектива“ - тогаш добивате јамка за да се обесите гратис! Со договорите за патување предложивте да купиме повратни автобуски билети од „Бисер пром“. Ги купивме и тогаш започнаа болките во вратот, р`бетот и зглобовите. При влегување во автобусот во Скопје, сопственикот на Бисер Пром (човек - наследник на Фалангата на Александар Македонски ) ни одржа говор како сме наследници на Александар и како имаме права и обврски. Една од обврските беше цитирам - „Каде што ќе ве остави автобусот, таму и ќе го пречекате за да ве качи за враќање накај Скопје“. Погодете што? Вашите клиенти, четворица на број, не ги собра никој од местото од каде што ги остави. Чекавме 2 саати и веќе почна опасно да смрди она што дотогаш имаше јака нота на „измама“. Без пари во џебот (бидејќи нели нашите татковци не се ни од лозата на Рокфелер, а ни од онаа на Трамп а и искрено - ни дојде преку половиот орган од неисполнителноста ваша и на содружничката ви превозничка банда) вашите четворица клиенти сосе куфери ја посетија првата сенка и почнаа да вртат телефоните. Автобусот ќе не оставеше во Бугарија, без притоа да ни се јават батките од Фалангата Александрова (имаа наши броеви). Да не се јавевме ние да ги прашаме зошто не се таму каде што ни рекоа дека ќе не земат за враќање, немаше ни да приметат дека постоиме во овој убав сончев свет.

Да биде трагедијата поголема – „БИСЕР ПРОМ“ СЕКОЈ ДЕН ЗАБОРАВААТ ПАТНИЦИ ОД СОНЧЕВ БРЕГ ПРИНУДУВАЈЌИ ГИ ДА ОДАТ ДО НЕСЕБАР и да плаќаат 40 евра за два километри на такси. Не знам дали имаат провизиски криминален договор со таксистите, ама ако имаат е крајно профитабилен! Се позајмивме од пријателчиња и фативме и ние да плаќаме 40 евра за два километри.

Стигнавме со преживеани два нервни слома и во исчекување на третиот. Педесет патници заради лагите на „Бисер пром“ кои вие ги препорачувате за превозници, не чекале повеќе од саат ипол во автобус. Не дочекаа на нож, земајќи ги во меѓуножјето сите членови на нашите семејства до седмо колено. Е, такво пцуење имаше! Како да им објаснам и зошто по ѓаволите би им објаснувала дека шоферите и сопственикот на „Бисер пром“ ИЗЛАЖАЛ дека ќе не земе од таму од каде што не оставил? Дека лаже СЕКОЈ ДЕН на истиот принцип и остава патници?

Влегуваме во автобусот со еден куп хиени, разбеснети патници од цела Македонија и ги чувствуваме зборовите на омразата искажани на различни дијалекти и со различни акценти. И следуваат уште 15 саати тортура. Седиштата кои ги плативме – ги немаше. Немаше ниту место за нашите куфери, па тие стоеа на скалите.

Совршено не ме интересира дали ќе си ја префрлувате топката на вината вие, хотелиерите и превозниците, она што ме интересира е она што стои во договорот кој своерачно го потпишавме. Еве потсетете се што тоа сте начкрабале таму:

„Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот на програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на „виша сила“ која не може да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди итн.).

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и за изборот на извешителите на услугите со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните услуги во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи сите услуги наведени во поединечниот аранжман на програмата и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите.“

Совршено не ме интересира дали ќе си ја префрлувате топката на вината вие, хотелиерите и превозниците, она што ме интересира е како тоа вие ќе одговарате за неизвршување на услугите и делот од услугите кој се однесува на сместувањето и превозот. Во случај да не одговарате за услугите, ме интересира во која категорија на „виша сила“ вие спаѓате - војна, терористичка акција, штрајк или елементарна непогода?

Без ронка почит,
Мирослава Симоновска







Reply


Forward











Kolektiva




Здраво Мирослава, Те поканувам во просториите на Колектива за да разговараме ...


2:55 PM (4 hours ago)





Reply












Miroslava Simonovska to Kolektiva


show details 3:35 PM (3 hours ago)


Г - дине Костурски,
Вие и јас, колку што се сеќавам, не се познаваме, затоа би било професионално, да ми персирате. Утре во 13 часот се гледаме.
Мирослава Симоновска

- Show quoted text -







Reply


Forward






Reply












Kolektiva to me


show details 4:00 PM (3 hours ago)


Ве очекуваме

- Show quoted text -







Reply


Forward

 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Глуп муабет е вака, откако сте пропатиле вака мачно, да ви го прави човек, али, со кој памет и вие и остатокот од градов што испоотидоа по Крфови Закинтоси и слично ( и се вратија сите со своја перипетија) преку овие преварантски организации, очекуате асален одмор.

Второ, за превозот до С. Брег мислам дека и мало дете знае дека патници се собираат од Несебар, при муабет со другите од автобусот со кој сте доаѓале, а сте ги гледале сигурно секоја вечер, сте можеле да сфатите или во најмала рака да бидете спремни на тоа.

Назад на преварантите, мислам дека е крајно време да улетаат испекции и џандари кај луѓево. Ја не знам еден што се врати од одмор преку нив што не наеба на било кој начин, кого сместиле уџум во хотели што не биле предвидени, на кого осигурањето му го сјебале, па на куп луѓе скриени трошкови им се појавуваат по пат- со еден збор све што може наопачки да тргне- со нив ќе ти тргне.

Бисер Пром има една светла точка- таа плавата шо им работи со кратката коса :icon_lol:
За болдот, нас ни имаа кажано и претходно пријатели како ги зезнале со превозот за тоа.Ама, нас возачот уште пред да тргнеме од Скопје, ни кажа, кај ќе ве оставиме, таму за назад ќе ве собереме.Истото го повтори кога се симнувавме во Сончев брег.Затоа идев по логиката, подобро да е нивна вина ако испадне вака како што испадна, затоа што ние сме го слушале возачот што ни кажал, отколку да отидеме во Несебар на своја рака, и не дај боже да не се таму па да бидеме ние кривите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom