Целата Вистина за бог

Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
А ти да не стоеше во близина на тој "лукавиот" за да знаеш што сакал да направи? Или некој онака ти кажал за лукавиот, па ти си му поверувал така кученце кога ке го залажеш со некоја коска?
Дајте бе кажете ми како изгледа барем, не ми кажувајте кај можам да се најдам со него, барем кажете како изгледа.
Кој го видел нека крене два прста.
Истот важи и за тој нелукавиот, боженствениот, совршениот, многу ме интересира како изгледа, кај бил, на кого му помогнал, и како со сигурност ке знам дека е тој што се претставува дека е? Бидејки е бессмртен сигурно е жив и е меѓу нас, каде живее, одма фаќам чартер лет и идам да се уверам дека е жив. Единствено што знам и сум сигурен дека Бог живее во нашите умови. На друго место не сум го сретнал.
Писмото е релативно јасно за ликот и подобието на лукавиот....

Откровение: 13:2 И Ѕверот, што го видов, беше како леопард, и нозете му беа како на мечка, а устата како на лав. И змевот му ја даде својата сила, и својот престол, и голема власт

Откровение: 13:17
и никој да не може ниту да купи ниту да продаде, освен оној, кој има ознака: името на Ѕверот или бројот на неговото име.

Откровение: 13:18
Тука е мудроста. Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек. а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.

:rolleyes:
Према Јован на пример, личи на дебел германски трансвестит-проститутка со кич outfit и бар-код...
Ама и онака е лукав и се појавува во различни форми...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Истот важи и за тој нелукавиот, боженствениот, совршениот, многу ме интересира како изгледа, кај бил, на кого му помогнал, и како со сигурност ке знам дека е тој што се претставува дека е? Бидејки е бессмртен сигурно е жив и е меѓу нас, каде живее, одма фаќам чартер лет и идам да се уверам дека е жив. Единствено што знам и сум сигурен дека Бог живее во нашите умови. На друго место не сум го сретнал.
darmon, а што очекуваш да видиш па да речеш: „ете го видов Бог“? Голем старец со бела брада седнат на престол? Некаква светлина на небото? Некој чудутворец што ќе ти реализира неколку чуда со кои што ќе те убеди дека е Бог или што?
И ме интересира дали веруваш само во работите што ги гледаш со очите или тоа се однесува само за (не)постоењето на Бог?
 
Н

нихилист

Гостин

A како ти го замислуваш Бог? Значи се работи за свесно битие (кое е семоќно и сезнајно) со човечки особини, судниот ден кога сите ќе го запознаеме ќе биде една голема собиранка или што? Како го замислуваш сето тоа, навистина ме интересира.
 
S

smexy

Не се работи за битие со човечки особини туку особини универзални и апсолутни за општото постоење...
Ја читаше библијата нели?
Ама онака,како вицотека...
Иљада пати сум кажал на форумот,библијата е кабалистичко четиво,не може секој да го толкува.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Точно така, човекот се спасува само преку (живата) вера, а од живата вера се разбира дека ќе произлезат и богоугодни дела. Но делата не се оние кои не спасуваат, туку верата, исто како што и коренот е она што го храни дрвото, а плодовите се само доказ дека тоа дрво е живо.

„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)
„зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (Римјаните 3:20, Библијата)
„И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“ (Римјаните 3:28, Библијата)
„Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исус Христос, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек“ (Галатјаните 2:16, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)
Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (ев. Јован 3:18, Библијата)
Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.“ (ев. Јован 3:36, Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (ев. Јован 5:24; Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ (ев. Јован 6:47, Библијата)
„Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?“ (ев. Јован 11:25, Библијата)
„од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува. “ (Дела 13:39, Библијата)

Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.

Изразот Sola Fide се појавил како реакција на ересите на католичката (а подоцна и православните цркви) дека човекот мора да направи некакви религиозни дела за да се спаси. Меѓу другото се учело и дека мора да се плати одредена сума на пари за да се купат индулгенции (прошталници) од папата и дека со нив се простувале гревовите.
Во православните цркви луѓето раздаваат храна по гробиштата (за време задушница) мислејќи дека со тие „дела“ ќе ги подбутнат мртвите кои евентуално заглавиле на измислените митарства или пак дека ќе ја зголемат нивната позиција во рајот. Исто така и палењето свеќа за живи и мртви е еден вид религиозно дело со кое православните мислат дека ќе добијат Божја благонаклоност или дека ќе направат Бог да се смилува над некој нивни покоен роднина или пријател.
Чорбаџи срамота е тоа што го правиш.

20:12 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
20:13 Морето ги поврати мртвит свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
22:12 ‘И еве, ќе дојдам скоро, и отплата Моја и со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.’
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
darmon, а што очекуваш да видиш па да речеш: „ете го видов Бог“? Голем старец со бела брада седнат на престол? Некаква светлина на небото? Некој чудутворец што ќе ти реализира неколку чуда со кои што ќе те убеди дека е Бог или што?
И ме интересира дали веруваш само во работите што ги гледаш со очите или тоа се однесува само за (не)постоењето на Бог?
Очекувам да видам несовршенство, бидејки несовршенството создава несовршенство, т.е нас луѓето. Ако е тој совршен тогаш и неговите дела ке се совршени.
Нормално, ако ти сакаш да станеш сликар, првите слики што ке ги нацрташ ке бидат не толку убави, можеби зашмрљани, неправилна перспектива и сл. но како доаѓа времето ти црташ се повеќе и повеќе, се усовршуваш и после 2-3 години ке црташ многу убаво, и на сите ке им се допаѓа твојата уметност. Но никогаш нема да бидеш совршен затоа што си човек. Постојано ке се усовшуваш. Е сега господ ако е совршениот сликар, врвот, екстазата, како би можел тој да наслика слика на тоа ниво на усовршеност на кое што бил пред 10 години пример?Дали тој намерно ја насликал така и ако намерно ја насликал таква зошто ја насликал? Дали ја насликал несовршена, за да и се подсмева или да ја фрли во канта бидејки нема вредност, со тоа што се смета за посупериорен од неговото дело од неговата слика?Нели тој може и подобра да нацрта бидејки е совршен а совршенството е секогаш подобро од несовршенството.
Јас не верувам дека ги гледам со очите работите. Јас знам дека ги гледам. Да веруваш и да знаеш се сосема различни поими, бидејки кога знаеш си сигурен во тоа, кога веруваш не си сигурен бидејки си прочитал во библијата дека е така и попот така ти рекол, но ти тоа не го знаеш со сигурност. Затоа кога ке кажеш верувам, значи не знам, но мислам дека е така, бидејки не сум го искусил тоа или видел.
Јас не верувам, туку знам, дека секој човек е уникатен сам по себе, и дека секо може да зрачи со љубов со различна фрекфенција, и дека секој човек може да го пронајде она што навистина го прави среќен и задоволен што живее и што може да ги почувствува сите тие убави задоволства во животот кои за кои не постои збор за да се опишат. Љубовта не може да се опише таа може да се почувствува. Како ти ке опишеш што е љубов, или што чувствуваш кога ке бидеш со некој што го сакаш? Можеш да постанеш и поет, ама никогаш тоа што внатре го чувствуваш нема тој другиот да го почувствува само затоа што си му го пренел со зборови.
 
Н

нихилист

Гостин
Не се работи за битие со човечки особини туку особини универзални и апсолутни за општото постоење...
Ја читаше библијата нели?
Ама онака,како вицотека...
Иљада пати сум кажал на форумот,библијата е кабалистичко четиво,не може секој да го толкува.
Мали, не е иљада туку илјада. Тоа е прво. Второ, на господ како концепт кој постои само во нашите умови му се дадени атропоморфни особини кои потоа се оправдани дека првично му припаѓале на нему и потоа тој НАС не создал "според Својот лик" (Битие 1:27).

А и прашањето беше поставено кон верник, зошто ти претпоставувам не веруваш дека тој постои секоја дискусија е бесполезна, се согласуваш ли?
 
Еј стари ме заеба јак морфолог си...
Како го толкуваш стари, Создадени според Негов лик?
Не бе не сум верник,оти да немам право да дискутирам на темава?
 
Н

нихилист

Гостин
Еј стари ме заеба јак морфолог си...
Како го толкуваш стари, Создадени според Негов лик?
Не бе не сум верник,оти да немам право да дискутирам на темава?
Нормално дека имаш право да дискутираш на темава, но нема потреба да ме цитираш и да одговараш на прашање наменето за верник. Јас сметам дека бог постои само во нашите умови, па затоа велам дека му се дадени човечки особини, во ред ли е сега?
 
S

smexy

Гостин
Нормално дека имаш право да дискутираш на темава, но нема потреба да ме цитираш и да одговараш на прашање наменето за верник. Јас го сметам дека бог постои само во нашите умови, па од таму човечките особини, во ред ли е сега?
Така нека биде.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чорбаџи срамота е тоа што го правиш.

20:12 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
20:13 Морето ги поврати мртвит свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
22:12 ‘И еве, ќе дојдам скоро, и отплата Моја и со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.’
Зарем е срамота да се проповеда Божјиот збор?
Забележи дека секој од стиховите што си ги цитирал зборува за судот на мртвите (неспасените) според делата нивни. Додека Исус јасно учи дека живите нема да се појават на тој суд (суд за пеколот).
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (Исус Христос, ев. Јован 5:24; Библијата)
Мртвите и живите нема да бидат судени по исти книги. Во книгата на животот не се запишани мртвите, туку само живите.

„Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.”“ (Исус Христос, ев. Јован 6:29, Библијата)
 
Ако е бог судија, тогаш тој не е љубов. Тој што те сака никогаш не те суди. Со судот директно се врши репресија врз нашиот ум за да бидеме послушни. Ни е кине креативноста, и се чувствуваме мизерни што треба да одиме на некаков си суд. Јас не го сакам таквиот бог што ме лаже дека ме сака. Тој не ме сака, и бидејки се ова е лага тој не се ни родил ниту живеел ниту ке умре. Жив е само во нашите умови. Ние сме тие што се живи, и треба да си изживееме еден слободен живот, без страв од казна и суд.
И според библијата која сметам дека е книга со приспивни приказни, адам и ева тој ги казнил, затоа што самиот тој го создал проблемот, и им го посочил дрвотоп на мудроста. Што има лошо во тоа да бидеш мудар? Зошто воопшто им го создал тој притисок, со тоа што им забранил нешто и ги уплашил дека ке ги казни? Тоа не е Бог што сака тоа е бог што казнува. Повеќе ми личи на ѓаволот него на бог. Тој што те сака нема да те стави во искушение, затоа што ако те сака нема да сака намерно да те направи да се чувствуваш мизерно и да те држи во страв.
Се гледа дека овие приказни имаат човечки корени, бидејки човекот е толку несвесен што им дал на значење на стравот и уцената, и токму човекот со многу јасна намера ја напишал оваа книга наречена библија, за контрола на народот, да ги контролира како овци, кои дури не ни смеат да помислат различно од стадото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom