Сола фиде - велите човек се спасува само преку верата, а не со дела. А дали е така?
Точно така, човекот се спасува само преку (живата) вера, а од живата вера се разбира дека ќе произлезат и богоугодни дела. Но делата не се оние кои не спасуваат, туку верата, исто како што и коренот е она што го храни дрвото, а плодовите се само доказ дека тоа дрво е живо.
„Зашто по благодат сте спасени,
преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар!
Не од делата, за да не се фали некој. “ (
Ефешаните 2:9, Библијата)
„зашто
со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (
Римјаните 3:20, Библијата)
„И така,
ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“ (
Римјаните 3:28, Библијата)
„Но бидејќи
знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исус Христос, и ние поверувавме во Христа Исуса,
за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек“ (
Галатјаните 2:16, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој,
кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (
ев. Јован 3:16, Библијата)
„
Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (
ев. Јован 3:18, Библијата)
„
Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.“ (
ев. Јован 3:36, Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово
и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (
ев. Јован 5:24; Библијата)
„Вистина, вистина ви велам:
кој верува во Мене има вечен живот.“ (
ев. Јован 6:47, Библијата)
„Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот;
кој верува во Мене - и да умре - ќе живее. И секој,
кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?“ (
ев. Јован 11:25, Библијата)
„од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон,
преку Него се оправдува секој, кој верува. “ (
Дела 13:39, Библијата)
Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.
17 Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.
Изразот Sola Fide се појавил како реакција на ересите на католичката (а подоцна и православните цркви) дека човекот мора да направи некакви религиозни дела за да се спаси. Меѓу другото се учело и дека мора да се плати одредена сума на пари за да се купат индулгенции (прошталници) од папата и дека со нив се простувале гревовите.
Во православните цркви луѓето раздаваат храна по гробиштата (за време задушница) мислејќи дека со тие „дела“ ќе ги подбутнат мртвите кои евентуално заглавиле на измислените митарства или пак дека ќе ја зголемат нивната позиција во рајот. Исто така и палењето свеќа за живи и мртви е еден вид религиозно дело со кое православните мислат дека ќе добијат Божја благонаклоност или дека ќе направат Бог да се смилува над некој нивни покоен роднина или пријател.