- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
Енд ју ар ин а дип слип.you are SO off...
Енд ју ар ин а дип слип.you are SO off...
Писмото е релативно јасно за ликот и подобието на лукавиот....А ти да не стоеше во близина на тој "лукавиот" за да знаеш што сакал да направи? Или некој онака ти кажал за лукавиот, па ти си му поверувал така кученце кога ке го залажеш со некоја коска?
Дајте бе кажете ми како изгледа барем, не ми кажувајте кај можам да се најдам со него, барем кажете како изгледа.
Кој го видел нека крене два прста.
Истот важи и за тој нелукавиот, боженствениот, совршениот, многу ме интересира како изгледа, кај бил, на кого му помогнал, и како со сигурност ке знам дека е тој што се претставува дека е? Бидејки е бессмртен сигурно е жив и е меѓу нас, каде живее, одма фаќам чартер лет и идам да се уверам дека е жив. Единствено што знам и сум сигурен дека Бог живее во нашите умови. На друго место не сум го сретнал.
Еј фала Морфеус...дај таблаЕнд ју ар ин а дип слип.
darmon, а што очекуваш да видиш па да речеш: „ете го видов Бог“? Голем старец со бела брада седнат на престол? Некаква светлина на небото? Некој чудутворец што ќе ти реализира неколку чуда со кои што ќе те убеди дека е Бог или што?Истот важи и за тој нелукавиот, боженствениот, совршениот, многу ме интересира како изгледа, кај бил, на кого му помогнал, и како со сигурност ке знам дека е тој што се претставува дека е? Бидејки е бессмртен сигурно е жив и е меѓу нас, каде живее, одма фаќам чартер лет и идам да се уверам дека е жив. Единствено што знам и сум сигурен дека Бог живее во нашите умови. На друго место не сум го сретнал.
A како ти го замислуваш Бог? Значи се работи за свесно битие (кое е семоќно и сезнајно) со човечки особини, судниот ден кога сите ќе го запознаеме ќе биде една голема собиранка или што? Како го замислуваш сето тоа, навистина ме интересира.darmon, а што очекуваш да видиш па да речеш: „ете го видов Бог“? Голем старец со бела брада седнат на престол? Некаква светлина на небото? Некој чудутворец што ќе ти реализира неколку чуда со кои што ќе те убеди дека е Бог или што?
И ме интересира дали веруваш само во работите што ги гледаш со очите или тоа се однесува само за (не)постоењето на Бог?
Не се работи за битие со човечки особини туку особини универзални и апсолутни за општото постоење...A како ти го замислуваш Бог? Значи се работи за свесно битие (кое е семоќно и сезнајно) со човечки особини, судниот ден кога сите ќе го запознаеме ќе биде една голема собиранка или што? Како го замислуваш сето тоа, навистина ме интересира.
Чорбаџи срамота е тоа што го правиш.Точно така, човекот се спасува само преку (живата) вера, а од живата вера се разбира дека ќе произлезат и богоугодни дела. Но делата не се оние кои не спасуваат, туку верата, исто како што и коренот е она што го храни дрвото, а плодовите се само доказ дека тоа дрво е живо.
„Зашто по благодат сте спасени, преку верата, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! Не од делата, за да не се фали некој. “ (Ефешаните 2:9, Библијата)
„зашто со делата на Законот ниедно тело нема да се оправда пред Него; зашто преку Законот доаѓа самото познавање на гревот.“ (Римјаните 3:20, Библијата)
„И така, ние заклучуваме дека човекот се оправдува преку верата, без делата на Законот.“ (Римјаните 3:28, Библијата)
„Но бидејќи знаеме дека човекот не се оправдува од делата на Законот, туку само преку верата на Исус Христос, и ние поверувавме во Христа Исуса, за да се оправдаме од верата во Христа, а не од делата на Законот ; зашто од делата на Законот нема да се оправда ниту еден човек“ (Галатјаните 2:16, Библијата)
„Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, за секој, кој верува во Него, да не загине, туку да има вечен живот.“ (ев. Јован 3:16, Библијата)
„Кој верува во Него, нему не му се суди; а кој не верува веќе е осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Божји Син.“ (ев. Јован 3:18, Библијата)
„Кој верува во Синот, има вечен живот; а кој не се покорува на Синот, нема да види живот, туку Божијот гнев останува врз него.“ (ев. Јован 3:36, Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (ев. Јован 5:24; Библијата)
„Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.“ (ев. Јован 6:47, Библијата)
„Исус и рече: „Јас Сум Воскресението и Животот; кој верува во Мене - и да умре - ќе живее. И секој, кој живее и верува во Мене, нема да умре довека. Веруваш ли во ова?“ (ев. Јован 11:25, Библијата)
„од сè од што не можевте да се оправдате преку Мојсеевиот Закон, преку Него се оправдува секој, кој верува. “ (Дела 13:39, Библијата)
Во Јаковото послание Јаков зборува за мртвата вера (од која не произлегуваат вера) и живата вера (од која произлегуваат дела). Тој образложува дека мртвата вера не е спасоносна, туку само живата и потенцира дека жива вера е онаа вера од која произлегуваат дела. Значи тој не вели дека ние се спасуваме и со дела, туку потенцира дека верата од која не произлегуваат богоугодни дела е мртва вера т.е. иста како и неверата.
Изразот Sola Fide се појавил како реакција на ересите на католичката (а подоцна и православните цркви) дека човекот мора да направи некакви религиозни дела за да се спаси. Меѓу другото се учело и дека мора да се плати одредена сума на пари за да се купат индулгенции (прошталници) од папата и дека со нив се простувале гревовите.
Во православните цркви луѓето раздаваат храна по гробиштата (за време задушница) мислејќи дека со тие „дела“ ќе ги подбутнат мртвите кои евентуално заглавиле на измислените митарства или пак дека ќе ја зголемат нивната позиција во рајот. Исто така и палењето свеќа за живи и мртви е еден вид религиозно дело со кое православните мислат дека ќе добијат Божја благонаклоност или дека ќе направат Бог да се смилува над некој нивни покоен роднина или пријател.
Очекувам да видам несовршенство, бидејки несовршенството создава несовршенство, т.е нас луѓето. Ако е тој совршен тогаш и неговите дела ке се совршени.darmon, а што очекуваш да видиш па да речеш: „ете го видов Бог“? Голем старец со бела брада седнат на престол? Некаква светлина на небото? Некој чудутворец што ќе ти реализира неколку чуда со кои што ќе те убеди дека е Бог или што?
И ме интересира дали веруваш само во работите што ги гледаш со очите или тоа се однесува само за (не)постоењето на Бог?
Мали, не е иљада туку илјада. Тоа е прво. Второ, на господ како концепт кој постои само во нашите умови му се дадени атропоморфни особини кои потоа се оправдани дека првично му припаѓале на нему и потоа тој НАС не создал "според Својот лик" (Битие 1:27).Не се работи за битие со човечки особини туку особини универзални и апсолутни за општото постоење...
Ја читаше библијата нели?
Ама онака,како вицотека...
Иљада пати сум кажал на форумот,библијата е кабалистичко четиво,не може секој да го толкува.
Еј стари ме заеба јак морфолог си...Мали, не е иљада туку илјада. Тоа е прво. Второ, на господ како концепт кој постои само во нашите умови му се дадени атропоморфни особини кои потоа се оправдани дека првично му припаѓале на нему и потоа тој НАС не создал "според Својот лик" (Битие 1:27).
А и прашањето беше поставено кон верник, зошто ти претпоставувам не веруваш дека тој постои секоја дискусија е бесполезна, се согласуваш ли?
Нормално дека имаш право да дискутираш на темава, но нема потреба да ме цитираш и да одговараш на прашање наменето за верник. Јас сметам дека бог постои само во нашите умови, па затоа велам дека му се дадени човечки особини, во ред ли е сега?Еј стари ме заеба јак морфолог си...
Како го толкуваш стари, Создадени според Негов лик?
Не бе не сум верник,оти да немам право да дискутирам на темава?
Така нека биде.Нормално дека имаш право да дискутираш на темава, но нема потреба да ме цитираш и да одговараш на прашање наменето за верник. Јас го сметам дека бог постои само во нашите умови, па од таму човечките особини, во ред ли е сега?
Зарем е срамота да се проповеда Божјиот збор?Чорбаџи срамота е тоа што го правиш.
20:12 Потоа ви висов мртвите, мали и големи, како стојат пред Бога; се отворија книги, и друга книга се отвори - книгата на животот; и судени беа мртвите според запишаното во книгите, според делата нивни.
20:13 Морето ги поврати мртвит свои, кои беа со него; смртта и пеколот ги повратија мртвите свои, што беа во нив; и секој прими суд според делата свои.
22:12 ‘И еве, ќе дојдам скоро, и отплата Моја и со Мене, за да му дадам на секого според делата негови.’
Ако е бог судија, тогаш тој не е љубов. Тој што те сака никогаш не те суди. Со судот директно се врши репресија врз нашиот ум за да бидеме послушни. Ни е кине креативноста, и се чувствуваме мизерни што треба да одиме на некаков си суд. Јас не го сакам таквиот бог што ме лаже дека ме сака. Тој не ме сака, и бидејки се ова е лага тој не се ни родил ниту живеел ниту ке умре. Жив е само во нашите умови. Ние сме тие што се живи, и треба да си изживееме еден слободен живот, без страв од казна и суд.Зарем е срамота да се проповеда Божјиот збор?
Забележи дека секој од стиховите што си ги цитирал зборува за судот на мртвите (неспасените) според делата нивни. Додека Исус јасно учи дека живите нема да се појават на тој суд (суд за пеколот).
„Вистина, вистина ви велам: кој го слуша Моето слово и верува во Оној, Кој Ме прати, има вечен живот и не доаѓа на суд, туку преминал од смртта во живот.“ (Исус Христос, ев. Јован 5:24; Библијата)
Мртвите и живите нема да бидат судени по исти книги. Во книгата на животот не се запишани мртвите, туку само живите.
„Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.”“ (Исус Христос, ев. Јован 6:29, Библијата)