- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Не воопшто. Ете каде било твоето недоразбирање: ти имаш погрешно разбирање за протестантскиот слоган „Sola Scriptura", веројатно наметнат од некои други православни апологети кои исто така немаат разбирање на истиот и се полни со предрасуди.Молам? Зарем ова не е контра на сола скриптура?
Во Библијата пишува дека Бог е љубов, но и Ошо го вели истото. Дали тоа што го вели Ошо е вистина? Се разбира дека да. Дали се што вели Ошо е вистина? Според христијанството не.
Во дневните весници можете да најдете и извештаи кои се вистинити и веродостојни (пр. текст за грабеж на некоја менуваница). Но тоа што е вистина, тоа воопшто не го прави тој текст и Боговдахновен и свет.
Евреите имале многу книги и списи паралелно со нивните свети книги (стариот завет), но тие правеле дебела разлика меѓу нив и светите книги. Тие не ги рамнеле нивните традиции со Божјиот збор, ниту тие им биле основа за нивните верувања и пракси.