Деминутиви во македонскиот јазик: форми, употреба, примери

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Македонскиот јазик е исклучително продуктивен во однос на деминутивните (намалени) форми. Речиси не постои збор кој не може да се деминутивизира (дури и именки како џин може да се најдат во деминутивни форми: џинче, џинченце, џинчуле, итн.)

Најчесто, деминутивите означуваат нешто што е мало (по обем, размер, количество, важност, итн.) или што е својствено за (или посврзано со) деца. Во повеќето јазици, деминутивите се типични за именските зборови. Во македонскиот јазик деминутиви се среќаваат и кај именски зборови (именки, придавки) и кај глаголски зборови (глаголи, прилози)

Именки (во сите родови)
маж: мажуле, маже, маженце, мажулинка
кола: количка, количе, количенце, количуле
дете: детенце, детуле, детуленце

Придавки (во сите родови)
убав: убавичок
лесна: лесничка, лекичка
ситно: ситничко, ситнечко, ситникаво, ситнулесто

Глаголи
трча: трчка, трчкара,
плива: пливка
ужива: уживка

Прилози
тука: тукичка (?)
полека: полецка, полекичка
гласно: гласничко

Една од честите употреби на деминутивите е изразување на емотивна блискост (галовност). На пример, македонскиот изобилува со хипокоризми (галовни форми на лични имиња)

Владо: Влатко, Влатче, Влаткица
Ацо: Аце, Ацика, Ацуле
Ленка: Ленче, Ленкица, Ленчуле

Од прагмалингвистичка гледна точка, деминутивите често пати се употребуваат за да го намалат обемот, количеството, итн. на услугата која се бара или пак да избегнат потенцијална конфронтација со соговорникот. Во обата случаја се работи за ублажување на исказите. Во текстот што следи вакви употреби на деминутивните форми се во болд и италик.

"Дечко, може малце пенкалцето?"
"Ве молам едно лепче ама попеченко."
"Ќе можеш едно стотче да ми позајмиш до среда?" (100 евра)
"Абе синче, убаво е јакничево ама скапичко е малку...а да подразгледаме на други места?"

Повелете со примери и коментари за форми и употреби на диминутиви.
 
Пиче, пиченце, пичуле, пиченцеце, пичкица, пичица, пичулка, пичуленце
сонце, сонценце,
ветер, ветре, ветруле, ветренце, ветерче,
 
Правилно е градче или гратче?

И уште нешто. Имаше правила некои што ги учевме за едначење по звучност, ама ги заборавив... добар е некој да ги повтори? :трепкам: :rolleyes:
 
  • „В“ никогаш не се едначи.
    (пр. вторник, втор...)
  • „Д“ не се едначи пред наставките -ски, -ство, -ствен.
    (пр. градски, судски...)
  • „Д“ не се едначи пред множинската наставка -ци.
    (пр. ороводци, војсководци...)
  • Едначење не се врши и пред членот -та.
    (пр. 'ржта, надежта...)
Кај гратче нема отстапки, Ч е безвучна па затоа мора да се едначи Д со Т.
 
Браос, вокерче! :)
 
Мајка ми потекнува од село каде што многу често се користат деминутивните форми.
„Земи си лепче.“, „Напиј се водичка.“
 
Диминутивите се честа појава во секојдневниот (неформален, разговорен) јазик, за разлика од формалната, службена комуникација. Инаку, диминутивите не се типични само во руралните средини, ги има насекаде. Особено се чести во разговорот со децата (ова е документирано во сите светски јазици). Ако имаш деца, сети се како им се обраќаш (или како им се обраќаше кога биле малечки). Речиси се` во разговорот со децата се диминутивизира -- миење рачиња, пиење млекце, јадење еурокремче -- и не само именки, ами и глаголи: пливкање, трчкање, бањкање. Дури и именката џин во македонскиот има диминутив -- џинче! :) Има и објаснувања за сево ова.
 
Знам на испит промашив МАСТ - МАВЦА (едноставно не ми беше логично)... За мене тоа до ден денеска останува најјакиот деминутив на сите времиња во македонскиот литературен јазик.
Не многу далеку, на второто место е ПУШКА - ПУВЧЕ :)
 
Да, МАВЦА е деминутив. Инаку, тука се работи за едначење (или асимилација). МАСТ --> МАСТЦА --> МАВЦА (во изговорот е Ф). Која е потребата за ваквата асимилација? Погледај го консонантскиот след во МАСТЦА -- три консонанти кои не се баш едноставни за изговор, нели? Пробај ама брзо! Некако заглави на Т нели?:) Т е дентален оклузив кој се наоѓа меѓу два алвеоларни фрикативи. Како резултат на таквиот незгоден след (незгоден од физиолошки, артикулациски аспект) доаѓа до 1. поедноставување на структурата (т.е., редукција -- од 3 на 2 консонанти), и 2. едначење (асимилација) -- Ф и Ц се безвучни фрикативи. Причините за асимилацијата во ПУВЧЕ се слични.
 
Диминутивите се честа појава во секојдневниот (неформален, разговорен) јазик, за разлика од формалната, службена комуникација. Инаку, диминутивите не се типични само во руралните средини, ги има насекаде. Особено се чести во разговорот со децата (ова е документирано во сите светски јазици). Ако имаш деца, сети се како им се обраќаш (или како им се обраќаше кога биле малечки). Речиси се` во разговорот со децата се диминутивизира -- миење рачиња, пиење млекце, јадење еурокремче -- и не само именки, ами и глаголи: пливкање, трчкање, бањкање. Дури и именката џин во македонскиот има диминутив -- џинче! :) Има и објаснувања за сево ова.

Па интересното е што не се работи за деца. Јас често се фаќам како велам: „Имаме ли винце?“, „Ќе зготвам орисче“, „Ќе се напиеме пивце.“
Всушност, деминутивните форми коишто јас ги користам во секојдневниот говор, секогаш означуваат храна или пијалок.
 
Да и јас исто. :) Инаку, не мора да се работи за деца и не мора да се работи за храна и пијачки. Деминутивите се многу ефектни во искажување присност, симпатија, наклоност, љубов....кон соговорникот. Затоа се чести во говорот со децата.

Но, има и многу други, поинакви употреби на деминутивите. Еве такви поинакви примери (башка и ниеден не е за храна и пиење) :):

  1. Дечко, може малце пенкалцето?
  2. Еј, ај да запалиме по едно цигарче!
  3. Море шо курвиче е...
  4. Ако имаш да ми позамиш едно илјадарче до утре, супер би било...
  5. Абе каков директор, некое шефче е у некоја шкљ фирма...
Имаш некое толкување на употребите на деминутви во примериве?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom