Деминутиви во македонскиот јазик: форми, употреба, примери

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
  1. Дечко, може малце пенкалцето?
  2. Еј, ај да запалиме по едно цигарче!
  3. Море шо курвиче е...
  4. Ако имаш да ми позамиш едно илјадарче до утре, супер би било...
  5. Абе каков директор, некое шефче е у некоја шкљ фирма...
Имаш некое толкување на употребите на деминутви во примериве?
Па мислам дека овде со деминутивот се „смалува“ значењето на предметот за да се позтигне одредена цел.
  1. Се намалува значењето на предметот за да се постигне целта. Позајмувањето пенкалце не е голема работа.
  2. Исто како под 1. Секој има време за едно цигарче.
  3. Овде не се работи за девојка која уште не знае од каде моча, а има дечко, туку баш за девојка која знае што прави. Во овој случај, говорителот не сака да звучи просто. Курва звучи многу повулгарно од курвиче.
  4. Исто како под 1.
  5. Овде деминутивот има пејоративно значење :)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544

Да, смалувањето е клучен елемент -- тоа е основата на диминутивот. Според некои студиии на диминутиви, деминутивот во 2 е и обид за создавање присна атмосфера и изразување сиомпатии кон соговорниот. Да одиме на пивце, кафенце...Ај по едно цигарче...Да бапнеме по едно ракииче....

Интересен ти е коментарот на 3. Мислам дека тука исто така има пејоративно значење -- обично, мало, небитно...шефче, курвиче, писарче, инженерче...ваквата употреба често оди со професии. А проституцијата е најстара професија, нели?:)

Многу фала за одговорите, и поздрав! Ако имаш мерак на темава деминутивчиња, само кажи -- имам уште многу други примери за анализа.
 
Многу сакам да разговарам на теми во врска со јазикот. А што се однесува до зборот курвиче, го имам слушнато само двапати во животот и тоа од многу пристојни луѓе. Дури се сепнав!
Инаку неколку дена бев во друтов на Македонци од Голо Брдо, Албанија. Ќе се расплачев од убавини кога го слушнав јазикот и формите кои само ги имав прочитано, ама таа тема не е за овде.
Поздрав!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom