- Член од
- 19 февруари 2009
- Мислења
- 1.379
- Поени од реакции
- 1.968
Ја знаеш онаа народната,"прашај паталец,не гаталец"?Хехехе...
Државата им зема и тебе и нив?!!!
Таков муабет не прави, бидејќи е обична глупост! Да не кажам лага.
Државата само еднаш зема 10% или од сопственикот, или од кираџијата. Од двајцата не се зема.
Сигурен сум дека фирмата поштено си плаќа 100 евра за станот (или друг деловен простор кој го ренташ) врз основ на склучен договор меѓу вас, ти воопшто и не си пријавувал во УЈП тоа. Фирмата потоа има ослободување од данок на делот кој го троши за такви работи (кирии, материјални трошоци во врска со работењето и сл.)
Не реков дека имотот не ти е реално проценет, туку реков дека постои една методологија по која во цела држава се пресметува вредноста на недвижностите, и убаво реков дека таа процена е далеку од пазарната вредност. Таа е процена на градежната вредност на објектот. Тоа се две сосем различни категории. И, нема потреба да бидеш партиско војниче за да ти ја проценат така куќата, станот... едноставно, така мораат. Не е исто даночна основица 100000 евра градежна вредност и 300000 евра пазарна, нели?
И, дојдовме до заклучокот дека државата ти зема 0,01% од ГРАДЕЖНАТА вредност на објектот годишно, и тоа не директно државата туку општината каде се наоѓа објектот, а од 1000-те евра месечно не ти зема ништо, т.е. им зема на твоите кираџии, значи ти имаш чисти 1000 евра, па ако сакаш троши си ги, ако сакаш не си ги троши, твој личен избор е тоа. Исто како и со 2000 ден. за здравствено осигурување... за не дај Боже
До колкав процент стигнавме дека ти зема државата???
И, за крај на оваа дискусија, која патем речено е доста конструктивна, еден сериозен и добронамерен совет:
Ако навистина си плаќал данок кој од она што го разбрав не си бил должен да го плаќаш, обрати се во УЈП за да ти вратат парите врз основ на погрешно платен данок.
Сум и имал и правни и физички лица како кираџии и данокот на добивка секогаш сум го плаќал јас.Тој данок стасува на мое име и на моја адреса.За данокот на имот си утнал една нула,не е 0,01%,туку е 0,1% или 0,05% за стан во кој живееш..За проценетата вредност на недвижниот имот си во голема заблуда ако мислиш дека е под пазарната вредност,методологијата не ја знам ама знам дека во мојот случај меѓу пазарната и проценетата вредност нема разлика.
За тоа другото шо си го пишал,колку ми зема државата,колку да трошам итн, веќе ти кажав во претходниот пост,не гледам зошто би се повторувал.Ако ти мислиш дека тоа е малку,биди патриот па дај им и нешто плус од тоа шо секако го земаат.
Конкретен..Не тонам ја бе братучед така лесно,не се секирај.И веќе кажав претходно мене не ми се проблем тие 2-3000 денари,проблем е начинот на носење на законот,целта и начинот на утврдување кој во која категорија спаѓа.Наравоучение: мењајте држава...глеате ли каква судбина го снашла ТИТАНИК????....тоне ко имењакот у давачки за здравство.....
А за мењавањето држава,100% се согласувам,кој може нека фаќа патот.