Нови критериуми за утврдување право на сини картони за невработени

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Чекај... ми утврдуваат дека треба да платам по 2000-3000 денари месечно за да добијам плави картони. Што ако не платам? (како опција ми стои дека можам да се лекувам на приватно) Нема да ги добијам картоните (јасно ко ден), ама да не има некоја екстра секс дупка? Па да ти наплатат со извршител?
Ако не платиш, нема да добиеш сини картони, simple as that.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Чекај... ми утврдуваат дека треба да платам по 2000-3000 денари месечно за да добијам плави картони. Што ако не платам? (како опција ми стои дека можам да се лекувам на приватно) Нема да ги добијам картоните (јасно ко ден), ама да не има некоја екстра секс дупка? Па да ти наплатат со извршител?
...вака сеа .., не ги знам ептен деталите( не сум го читал законот), ама никој не може да ти утврди да плаќаш 2000-3000 од бафтане. Значи , ако добро разбрав оние кои заработуваат од 132.000 до 182.000 годишно, по некој основ, плаќаат 7% од половината просечна плата т.е. 1.062 денари месечно , ако се зема 30.349 како објавена просечна плата за 2011 . Тие што ќе заработуваат поише од 15200 месечно 7% на цела просечна плата. И ова само за оние кои не се со РЕДОВНО пресметана плата од работен однос.
Осигурувањето се однесува на сите невработени на фамилијата на осигуреникот, т.е. сопруга/сопруг и деца до 26 години.
Тоа секако , бидејќи ќе плаќаат сеа сите со вакви приходи е поголемка парица у Фонд за здравство.
Дали ќе се користи како треба , незнам....но до сега тоа поише функционирало како банка за поравнување и затињање дупки, отколку строго наменски за здравство...и не само кај оваа влада...кај сите и од век и навек...
Исто така , ако добро разбрав , оние кои не заработуваат ни 132.000 и останатите што вистински , што со умисла ...џаболебари и понатака имаат џабе..(колку пак реално достапно и ефикасно е друго ) плави картони...т.е.бесплатно ОСНОВНО здравствено..., нек им е наздравје и за убоо да е:)
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Чекај... ми утврдуваат дека треба да платам по 2000-3000 денари месечно за да добијам плави картони. Што ако не платам? (како опција ми стои дека можам да се лекувам на приватно) Нема да ги добијам картоните (јасно ко ден), ама да не има некоја екстра секс дупка? Па да ти наплатат со извршител?
Не знам за поединечни физички лица како оди тоа, ама правни лица, ако не уплатуваат здравствено осигурување, самиот Фонд си носи решение, кое како одлука на управен орган, е подобно за извршување. Се надевам не е така за физичките, иначе...
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Не знам за поединечни физички лица како оди тоа, ама правни лица, ако не уплатуваат здравствено осигурување, самиот Фонд си носи решение, кое како одлука на управен орган, е подобно за извршување. Се надевам не е така за физичките, иначе...
Некој ми кажуваше за ситуација,кога од некоја мала фирма не е плаќано за здраствено осигурување,типот не добивал картони,а после тоа му стига решение за наплата на целиот долг кој го има,а он не можел да се лечи со картоните кои не ги добил :)

Сакам да кажам,ако не си ги добил картоните зошто да ти наплакаат одпосле?

Или ако наплакаат зошто да не ги пуштаат на сите картоните и оние кои доцнат со плаќање па после да си ги наплатат присилно .
Нема логика да ти наплатат за нешто што го немаш користено.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Некој ми кажуваше за ситуација,кога од некоја мала фирма не е плаќано за здраствено осигурување,типот не добивал картони,а после тоа му стига решение за наплата на целиот долг кој го има,а он не можел да се лечи со картоните кои не ги добил :)

Сакам да кажам,ако не си ги добил картоните зошто да ти наплакаат одпосле?

Или ако наплакаат зошто да не ги пуштаат на сите картоните и оние кои доцнат со плаќање па после да си ги наплатат присилно .
Нема логика да ти наплатат за нешто што го немаш користено.
Е ајде де :)
Само не сакам ептен да плукам, пошто стварно не знам како е уредено тоа, ваљда кога отвараш фирма, се обврзуваш да плаќаш, и ако касниш, они одма решењце, кое сами си го носат, маваат печат на конечност, и ајде по извршители. И тоа за нешто што не си платил, ама не си ни користел, нема логика ептен, изгледа нешто пропуштаме :cautious:
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Деновиве во агенцијата за вработување е катанга,гужва невидена а башка или не работи или нема воопшто нешто што ке разладува,еден незаборавен филинг :)
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Во Агенцијата за вработување врие како на митинг

Невработените штом ќе се јават кај службеникот на агенцијата одат на еден од трите шалтери на Фонот за здравство, од каде што добиваат формулари за да напишат изјава за тоа колку приходи имале минатата година. Вчера речиси сите само земаа формулари, ретко кој врати назад пополнет





Ако до септември не си ги завршат обврските, луѓето без работа нема да добијат сини картони
Во скопската Агенција за вработување е бетер од осило. Нервозни вработени, лути невработени што доаѓаат на пријавување е само дел од сликата. Метежот го надополнуваат и задушливоста и непријатниот воздух. Невработените штом ќе се јават кај службеникот на агенцијата одат на еден од трите шалтери на Фонот за здравство, од каде што добиваат формулари за да напишат изјава за тоа колку приходи имале минатата година. Вчера речиси сите само земаа формулари, ретко кој врати назад пополнет.

- Од едниот шалтер ме пратија на другиот за да земам некакви обрасци. Немам поим за што се и што треба да донесам. Сега само можам да ви кажам дека само што не сум се онесвестила од жешкото време - коментираше една од оние што чекаа.

Иако на ѕидот во просторијата во која се пријавуваат невработените е залепено објаснување за тоа дека до септември мора да пополнат изјава, да донесат со себе копија од лична карта, здравствена легитимација за себе и за членовите на потесното семејство, како и извод од матична книга на родени и/или извод од матична книга на венчани за членовите на потесното семејство, ретко кој го погледнува. Ако до септември не ја завршат таа обврска, невработените нема да добијат сини картони.

Од Фондот за здравство информираат дека вчера пополнети изјави и документи донесоа 331 невработен, додека завчера тоа го сториле 168 лица. Со оглед на тоа дека изјавите се предаваат во 14 единици на Агенцијата за вработување и 16 подрачни единици на Фондот, во просек дневно во секоја од нив обврската си ја завршиле од шест до 11 лица.

-Не би сакал да ни се случи сите невработени да дојдат во 5 до 12. Затоа имаат два месеци да си ја завршат обврската - вели Бранко Аџигогов, портпарол на Фонд за здравство.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски вели дека секогаш имале метежи во првите денови од јули, а тие завршувале до десеттиот ден во месецот.

- Ние имаме по десет референти на шалтерите и дневно доаѓаат од 100 до 190 луѓе. Интересно е што повеќето доаѓаат до околу 11.30 часот и настанува голем метеж. Потоа е попразно - рече Поповски.
Невработените, велат во агенцијата, доаѓаат како на бранови. Наутро имало зелен бран, а попладне е црвениот.

- Во осум и триесет овде е како на митинг - вели вработен.

Тој додава дека во просторијата за пријавување има клима-уреди, но не ги вклучуваат.

- Се случува и директорот буквално да се „бори“ со оние на шалтер. Тој ќе ги вклучи, тие ќе ги исклучат, па повторно истото. Кукаат оти им дувало во глава, во грб, па подобро било да се гушат - додава тој.

Поповски изјави дека од денеска во просторијата за пријавување ќе бидат вклучени клима-уредите.

Од Министерството за финансии информираа дека оние невработени што во тесното семејство имаат приходи поголеми од 132.000 денари годишно ќе плаќаат месечно осигурување од околу 1.100 денари.
Оние, пак, што имаат приходи поголеми од 182.000 денари годишно ќе плаќаат по околу 2.200 денари.
Доколку еден член во семејството плаќа за здравствено осигурување, сите ќе добиваат сини картони.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Како оди ќе го пролонгираат рокот, ајде кладба повеќе од сигурен сум :), до Ноември :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
Ова како тргнало нема ни да успее :) Ке падне овој закон гарант догодина ова време ке го нема сигурно.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
До јануари бе 200 и кусур илјади, сега летни одмори се користат :).

Колку рече просек 300 луѓе :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:, а бе тоа нема капацитет да се пребројат а пак не документи да се процесуираат.
 
Член од
16 април 2011
Мислења
607
Поени од реакции
154
До јануари бе 200 и кусур илјади, сега летни одмори се користат :).

Колку рече просек 300 луѓе :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:, а бе тоа нема капацитет да се пребројат а пак не документи да се процесуираат.
А и тоа изјавите ќе ги прегледуват сигурно :LOL:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Се јавило таму некое здружение на пациенти за законот ова она, и добиле одговор дека расправа нема законот е донесен. И сега што правиме демократија народ владее, кур народ владее ете така да си знаете.​
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хехехе...
Сакаш да кажеш дека џабе јадам гомна?Дека не ја пријавувам целата кирија?Дека имотот не ми е реално проценет и дека поголем данок на имот треба да плаќам? Па не сум бе другар јас партиско војниче па другарите од партијата а ми го проценат помалку имотот,да не ме тормозат за висината на киријата што сум ја пријавил и.т.н..Да беше така немаше ни да се бунам ни да пишувам тука.
И да,кираџиите ми се правно лице и тие си плаќаат персоналец за нив а јас си плаќам персонален данок на добивка во висина од 10%.Значи државата во овој случај зема и од мене и од нив.

А за тоа шо не морам ништо да трошам за да не ми земе ништо државниов апарат во право си..По таа логика не морам ни да рентам,ништо не морам,морам само да умрам еден ден.И да,тоа е така во цел свет.

2001 не сакам ни да ја спомнувам,и многу ретко ја спомнувам пошто многу брзо сватив колку сум бил глуп и дури срам ми е да го спомнам тоа..Ама јбг,вој г'з еднаш го ебаваат така, следниот пат јас си знам..

Поентата е шо закониве се носат преку ноќ,без никаква расправа за да се согледаат сите придобивки и последици од истите.Во конкретниов случај тоа е направено по системот на измислување на наједноставен начин да се земе уште некој денар во буџетот кој никако да ги задоволи апетитите на државниот апарат,туку напротив,колку повеќе земаат толку повеќе им растат апетитите.
Во мојов случај тие 2-3000 денари плус шо ќе ми ги земат и не се некој проблем,на толку пари шо ми ги земаат државниве лихвари нека ги земат и тие,ги сваќам им се накотија тоа војничињата мора да земат од некаде за нив да им дадат,најголемиот проблем е во примерот шо го дадов во претходниот пост и во наравоучението шо си го извадил кое е 100% точно.
--- надополнето: Jul 5, 2011 11:55 PM ---

Незнам колку е таму и не ме интересира,ако парите ги заработев тука и ги однесев таму да ги инвестирам и трошам,а не обратно ќе ме интересираше и ќе знаев.
Хехехе...
Државата им зема и тебе и нив?!!!
Таков муабет не прави, бидејќи е обична глупост! Да не кажам лага.
Државата само еднаш зема 10% или од сопственикот, или од кираџијата. Од двајцата не се зема.
Сигурен сум дека фирмата поштено си плаќа 100 евра за станот (или друг деловен простор кој го ренташ) врз основ на склучен договор меѓу вас, ти воопшто и не си пријавувал во УЈП тоа. Фирмата потоа има ослободување од данок на делот кој го троши за такви работи (кирии, материјални трошоци во врска со работењето и сл.)
Не реков дека имотот не ти е реално проценет, туку реков дека постои една методологија по која во цела држава се пресметува вредноста на недвижностите, и убаво реков дека таа процена е далеку од пазарната вредност. Таа е процена на градежната вредност на објектот. Тоа се две сосем различни категории. И, нема потреба да бидеш партиско војниче за да ти ја проценат така куќата, станот... едноставно, така мораат. Не е исто даночна основица 100000 евра градежна вредност и 300000 евра пазарна, нели?
И, дојдовме до заклучокот дека државата ти зема 0,01% од ГРАДЕЖНАТА вредност на објектот годишно, и тоа не директно државата туку општината каде се наоѓа објектот, а од 1000-те евра месечно не ти зема ништо, т.е. им зема на твоите кираџии, значи ти имаш чисти 1000 евра, па ако сакаш троши си ги, ако сакаш не си ги троши, твој личен избор е тоа. Исто како и со 2000 ден. за здравствено осигурување... за не дај Боже :)
До колкав процент стигнавме дека ти зема државата???
И, за крај на оваа дискусија, која патем речено е доста конструктивна, еден сериозен и добронамерен совет:
Ако навистина си плаќал данок кој од она што го разбрав не си бил должен да го плаќаш, обрати се во УЈП за да ти вратат парите врз основ на погрешно платен данок.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.853
Мислам дека ќе падне на Уставен суд законов, те. нема да заживее (како рече некој погоре).... исто како што падна оној со кој се налагаше на работник кој сам си дал отказ без *пичина* (што би рекол премиерот).... да му се одземе право на бесплатно лекување (сини картони) на една година.... така и овој ќе биде укинат, бидејќи нема законска основа, те. дискриминира една група на граѓани.... Титаник рента куќа, но и некој друг вработен можеби рента за 2,000 Евра, а притоа госпожата му да е осигурана преку него! Може да има 5 други хонорарни работи.... и неговата трансакциска сметка да се полни и од кириите и од хонорарите.... како и Титаник тој ќе си плаќа данок на добивка од 10%, НО НЕМА ДА ПЛАЌААТ ЗА ГОСПЖАТА НЕГОВА ДОПОЛНИТЕЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ! Таа ќе се лечи бесплатно, на грб на мажот осигуреник....а Титаник ќе плаќа (2,200.- на месец) најмалку са себе, ако не и за сопругата!?
Што е следно сега Гвујо? Да ги *средиш* и ваквите случаи. Нема наследено осигурување, ако приходот во семејството е над *корпата* (12,000)... ЈАС ТАКА БИ ИГРАЛ!!! Ама и Боркица твоја да не биде засегната со ваков еден закон!? Навистина, работи ли нешто анамката...!? Или премиеро нема три просечни кошнички приходи!? :LOL:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Колку шо разбрав ако оној кој плаќа по остварен приход за здравствено осигурување, на негов трошок е и невработената сопруга и децата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom