Реков и претходно, накратко ќе повторам и овде: Со Гасперини, Интер ги чека разочарувачка и напорна сезона. Така да фановите треба да се подготват на нервоза.
Денеска се виде како неговата „генијална“ 3-5-2 формација - no pasaran. Интер не направи ниту една шанса на целиот натпревар, и да не беше играчот „кој не е доволно добар за формацијата на Гасп“, ќе останевме и без постигнат гол.
Мора да се додаде дека ова е импресија после дуел со Милан, тим кој не е ниту блиску до европската фудбалска елита. Тим составен од Сидорф, Ван Бомел, Гатузо, Замброта...
Моето мислење од првиот ден откога Гасперини стана „можна“ опција за тренерското место на Интер беше дека тој не е ниту доволен авторитет, ниту доволен стратег, ниту доволно искусен да се носи со тимот на Интер.
Играчите делуваат незаинтересирано на теренот, тактиката која ја форсира е дефанзивно ориентирана при што во прв план доаѓа слабоста на Ранокија и Киву, замените кои ги направи повеќе наштетија отколку што го освежија тимот, а Интер после првите 15-тина минути за жал, не изгледаше како тим кој може да го освои Супер купот денес.
Ето беше безопасен и пресебичен, Деки беше незаинтересиран, Занети и Мота немаа никаква улога во екипата, Снајдер беше целосно отсечен од останатиот тим, Рики Алварез одигра подпросечно, одбраната беше лоша и дезорганизирана.
Интер денеска не личеше на ништо. Гасперини започна натпревар со еден единствен напаѓач и Снајдер како уште еден играч со офанзивна ориентација. Останатите 8 фудбалери беа дефанзивно ориентирани. Сето тоа во дуел со еден подпросечен Милан.
Ако Интер беше олку инфериорен денеска, замислете дуел против Реал или Барса? Против Манчестер или Челзи? Екипи кои се многу, многу подобри од Милан, кои имаат многу подобри играчи и многу поквалитетни тренери од Алегри. Интер ќе биде супер-инфериорен во дуел со било која од овие екипи, дури и со далеку послаби од нив.
Точно е дека Интер беше ослабен денеска. Но тоа не е никакво оправдување за супер-дефанзивната формација на Гасперини. Каде му се оние крлни фудбалери? Зошто Ето играше шпиц? Зошто Станковиќ и Мота заедно во екипата со идентични позиции и со идентични улоги? Зошто Ранокија на Робињо? Зошто Фараони (ВТФ) а не Пандев? Каде му беше течната игра ала Џенова? Каде му беше поседот на топка?
Не гледам што многу ќе се промени откога ќе се вратат Лусио и Камбијасо (Мајкон е нели непожелен и на трансфер листа). А истовремено не сум убеден дека со некои нови засилувања може да се смени од корен оваа патетика која ја прикажува Интер. Ќе треба време за нивно воигрување, за нивно аклиматизирање. Посебно кога гледам дека главна мета ни е Тевез, а знаеме каков непендек е Тевез кога се работи за аклиматизирање во екипата.
Интер не е Џенова, ниту Јувентус Б. Со Интер нема да ви се прости тоа што 90 минути неможеш да направиш една квалитетна прилика за гол, или тоа што играш незаинтересирано во Супер куп на Италија.
Јас протестирав при носењето на Гасперини за тренер на Интер, но кога гледам дека ниту Морати, ниту било кој од играчите не е заинтересиран за сопствениот тим, на мене ми останува само да уживам во сеирот која оваа година ќе го овозможуваат.
Јас другари однапред се оперирав од нервирање и од фрустрирање со овој тим на Интер. Тим кој е многу многу далеку од оној пред само 2 години, не толку на играчки колку на стратешко-организациски план.
Играчите се исти како генерацијата на Мурињо. Не треба да се биде Шерлок Холмс за да се заклучи дека проблемот е во тренерот и експериментите на Масимо Морати.