Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?


  • Вкупно гласачи
    360
Како што врви времето...се повеќе и повеќе размислувам за опцијата „странство“!
 
Имаше а и има многу кои не добиле ништо од државата но за татковината животот го даваат. Ако почнам да ти бројам ќе е неблагодарно затоа што 90% нема да ти ги набројам.
Пример ако ја напуштиш Македонија и заработиш многу надвор дали би инвестирала, дали би придонесла за татковината? Нели рече ја сакаш.
Секако дека ке придонесам нешто за татковината доколку би имала толкава заработка, би изградила на пр.дом за деца или би оформила фонд за помош на самохрани мајки или шелтер ценатар...А сигурно нема да изградам споменик.А нашите туѓинци не инвестираат овде зашто правниот систем е катастрофа,ако тоа се среди, мислам дека ќе инвестираат.
Што се однесува за храбрите херои, и јас би била херој и би се борела против душманите ако имам прилика да го сторам тоа.Секако дека нема да дезертирам. Ама останувањето во Татковината која не нуди иднина за мене не патриотизам.
Како да се чувствувам јас во Татковинава во која за да преживеам мора да си ја дадам душава под кирија на некоја партија?
 
Ама останувањето во Татковината која не нуди иднина за мене не патриотизам.
Како да се чувствувам јас во Татковинава во која за да преживеам мора да си ја дадам душава под кирија на некоја партија?

Не ни значи дека мора да си во татковината за да бидеш патриот и за да ја сакаш.
А ако ја сакаш татковината наместо да бегаш можеш и да се бориш за промени во системот за некоја идна генерација да не мора да си го дава газот под ќирија.
 
додека бев уште на факултет, ќе ти кажев дека сигурно останувам во МКД, дека треба да направиме нешто за државата, деке не е се така црно како што некој сака да претстави.

Сега.... Заминувам странство, и не мора за куп пари, за еден нормален живот.

Барем нема да се замарам со политика, со наши- ваши, со овие граделе црква, овие џамија, со орли и лавови.
Ќе работиш и ќе си свиркаш. А не ко тука, цела држава тешко искомплексирана ни е...
 
Не ни значи дека мора да си во татковината за да бидеш патриот и за да ја сакаш.
А ако ја сакаш татковината наместо да бегаш можеш и да се бориш за промени во системот за некоја идна генерација да не мора да си го дава газот под ќирија.
Ех, сакам да се борам јас за промена на овој систем,но не знам како???
 
Јас од татковината немам материјално добиено, речиси ништо.

Но, во овој момент спремен сум ако треба за џабе да работам нешто со кое ќе придонесам за неа или па нешто со кое ќе променам нешто во неа.

Татковината ми дал дом, сигурност и иднина. Чувствувам обврска дека треба да и вратам“!
 
Ех, сакам да се борам јас за промена на овој систем,но не знам како???

Некои се обидуваат да се инфилтрираат во поголемите партии и преку проени во неа со евентуална власт да си овозможат систем кој го посакуваат. Други преку трибини за освестување на народот, протести, соработка со истомисленици, некои дури преку екстремни случаи се жртвуваат себе си. Секој си го бира својот пат, преку свое гледиште да одбере начин на кој смета дека може да смени нешто.
 
Ех, сакам да се борам јас за промена на овој систем,но не знам како???
иако е на бугарски- сигурно ја разбра поентата -ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ’(y)

logo.png
 
Јас од татковината немам материјално добиено, речиси ништо.

Но, во овој момент спремен сум ако треба за џабе да работам нешто со кое ќе придонесам за неа или па нешто со кое ќе променам нешто во неа.

Татковината ми дал дом, сигурност и иднина. Чувствувам обврска дека треба да и вратам“!

Ма дај не заебавај :)
Оди волонтер чисти ги улиците и така има многу ѓубре насобрано. Откажи се од работата и од лебот и чисти,така ќе и помогнеш на Македонија.Ајде без лаење на празно пробај врати и со добро,па раскажи како е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom