Без да зборуваме напамет и да си цртате таблички во Paint еве прва верзија на официјалните таблички
Она што треба да се забележи е фонтот кој се користи и е ЕУ стандард а тоа е
DIN 1451 mittelschrift
што го гледате на сликата.
Бидејќи не знам што ќе ставаат на синото поле, ја користам формулата на многу земји како на пример Бугарија која си го стави знамето место ѕвездите на ЕУ. Ако се сеќавам добро и Велика Британија (Англија, Шкотска, Велс), потоа Полска, Кипар итн.
Дека ќе пишува MACEDONIA и такви ствари не ми се верува, бидејќи потребна е голема бела површина според ЕУ стандардите за да се прави разлика меѓу бројките. Така што очекувајте 90% да бидат вакви (со досегашните изнесени факти од официјалните институции)
EDIT:
Откако го прочитав правилникот за изработка на таблици на EU еве како треба точно да изгледаат таблиците
Значи
Фонт: DIN 1451 mittleschrift
Големина на МК симболот: минимум 20mm
Големина на знамето (симболот на ЕУ): минимум 15mm
Растојание на буквите - 16pt
--- надополнето: Aug 6, 2011 10:26 AM ---
Не се баш 80000 возила...80000 таблица. До 2004-5 година таблиците се менуваа заради задоцнета 1 месечна регистрација. Да речеме на 06.08.2011 ти завршува регистрацијата, на 06.09 одиш на технички, мораше да смениш таблица...
Затоа во сите градови броевите и буквите до 2004-5 година ретко се наоѓаат. Кажи ми колку често можеш да видиш SK 234-AB или BT 423-AB...