Нема да игра пошто уште не сме го купиле
![Јазиче :P :P](/styles/default/xenforo/smilies/tongue.png)
Сите медиуми јавуваат дека е готово ама потврда од клубовите - НЕМА!! Ќе почекаме ама утре нема да игра во секој случај. Ако некогаш и заигра за нас тоа ќе е против Сандерленд најбрзо.
За стопер не знам што ќе правиме. Дан,Кејхил и понекогаш Шоукрос се вртат како можи имиња.
Дрвава не си одат сеуште. Па почнувам да станувам песимист за нив. Тешко да си одат никој не ги сака. Еве сега Кол ќе го давале - наводно. И јас сакав да си оди ама па во случај кога совен Даунинг немаме друго крило ( ете Макси резерва ) мислам дека треба да остане. Само платата да му се намали
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
А ако бега ќе треба и ново крило што не верувам нашите сега да се замараат со тоа.
Само една работа не ми е јасна. Како заглавивме со шабани од типот на Поулсен,Деген,Ел Жар,грчето, ит инт ??
Еве Деген сме го зеле како слободен во 2008. Па добро бе кој дебил му дал договор на 4 години не знам?!!
![Лут :mad: :mad:](/styles/default/xenforo/smilies/mad.png)
Како може да земаш слободен играч кој цела кариера ја поминал во нискоразредни клубови ( да не се лажеме и Дортмунд не беа сјајни тогаш ) и да му даваш 4 годишен договор!!
После ние не сме разбирале а одговорните таму разбирале. Жими топов. Ај ние не работиме таму ама професионалци се бе да му ебам мајката цел живот со тоа се бават па да прават вакви глупости срамота е!
Ел Жар го зеле како некаков си талент во 2006 па во 2009 му го продолжиле договорот за 3 години. Па упорно не му одеше на човекот а овие нов договор му дале и тоа 3 години. Со убава плата секако. И ела сега избркај го. Човекот ни кај јужниве соседи не можеше да игра кај нас ќе играл.
Поулсен - па со кој памет Рој го купи не знам. Скоро сите бевме против овој трансфер ама ете....знаел човекот искуство имал 35 години .Од толку играчи овој го најде. И тоа за 6 милиони.
![Ерр.. Што? o_O o_O](/styles/default/xenforo/smilies/O_o.png)
Па да дадеше уште 2-3 ќе го баравме Скот Паркер кој е Роналдињо за ова дрво.
грчето ајде го зедовме бевме во тесно па си дојде на 2 годишен договор. И во ред сето тоа ама зошто му ставиле таква клаузула не знам. Дај му 2 години + 1 ако двете страни сакаат.
Лоша лоша политика на трансфер пазарот во последниве неколку години. Се нaдевам дека до на зима ќе се исчистиме од срањево. Еве зедовме играчи и со нив мора да се оди на висок пласман ( читај титула ) .Ако со овие заглавиме после римпапа не не вади.Фрлени се доста пари на млади талентирани перспективни играчи кои не смеат да оплескаат.
Утре да видиме како ќе делуваме против една посериозна екипа како Валенсија а потоа следува ПЛ. Одиме на титула или стап одиме ???