Добро Јоан нека е така како што велиш (толкуваш). ТОгаш објасни ни ја потребата од моментот да ние го јадеме вистинското тело и пиеме крв од Исус!!!!!
Не ни објаснувак што значи причестувањето и на што е симбол, туку ЗОШТО Е ПОТРЕБНО ТОА??? Нема потреба да се објавува неговата смрт и воскресение, т анели сите го знаеме тоа кога е.
ЗОШТО МОРА ДА ЈАДЕМЕ ОД НЕГОВОТО ТЕЛО И ПИЕМЕ ОД НЕГОВАТА КРВ? ШТО ДОБИВАМЕ СО ТОА?
И ДАЛИ ЛЕБОТ И ВИНОТО ЈА ИМААТ ТАА БУКВАЛНОСТ ИЛИ СИМБОЛИКА САМО ЗА ВРЕМЕ НА ПРИЧЕСТА ИЛИ СТАЛНО КОГА ПИЕМЕ И ЈАДЕМЕ ВИНО И ЛЕБ НИЕ ГО ЈАДЕМЕ ТЕЛОТО НА ИСУС И МУ ЈА ПИЕМЕ КРВТА?????
Има потреба да се најавува и секогаш да се обајува дека Исус од Назарет умре, и тоа на крст, а Бог го воскресна на третиот ден и го направи Христос. И во евхаристијата се слави смртта и воскресението на Исус Христос, и оној кој нема да се причести со светата причест, ќе нема дел во Христа. Тука нема симболика. Ова е чин.
--- надополнето: Aug 4, 2011 10:35 AM ---
Од каде до таквиот заклучок? Си пробала ли некогаш да лижнеш капка крв? Зарем не си забележала дека нејзиниот вкус е драстично различен од вкусот на виното? Крвта е солена, виното има кисело-благ вкус. Очигледно виното што го пиеме за време на Господовата вечера не е крв, не е солена, нема еритроцити, тромбоцити, леукоцити, хемоглобин и сл. туку само вино.
Зошто потребата од толку сурова, да не речам наивна буквалност?
Не би рекол дека се јаде и пие буквално Христовото тело и крв, ниту пак има потреба од таков канибализам.Исто така со тој чин не се објавува Христовото воскресение, туку само Христовата смрт.
„Зашто, секојпат кога ќе го јадете овој леб, и ќе пиете од оваа чаша, ќе ја објавувате Господовата смрт, додека дојде Тој.“ (1 Коринтјаните 11:26, Библијата)
Корекција, јас сум маж, а не девојче.
А што е Светиот Дух. Дали него можеш да го видеш? Што со извештајот во кој е запишано дека по воскресението Исус се јавува на своите ученици кои биле затворени во собата на последната вечера, ВЛЕГУВА КАЈ НИВ ПРЕКУ ЗАТВОРЕНА ВРАТА ВО ТЕЛО. Ова тело е вистинско, учениците го допираат. Не е дух, но сепак не подлежи на познатите закони на физиката и биологијата. Има вистинско тело, но поминува преку затворена врата.
И зошто виното и лебот во Чашата на Причастието да ги менуват карактеристиките кои ги имат? Светиот Дух Е во виното и лебот, и тоа веќе не се леб и вино, иако по вкус остануват исти.
--- надополнето: Aug 4, 2011 10:41 AM ---
Znaci ako popot ne gi osveti nisto od vrzuvanjeto so Tvorecot, Spasitelot i Svetiot duh??
Sorry, ama ova e mnogu golema glupost. Nikade ne pisuva deka ova e nacinot na soedinuvanje so Boga.
Kako i da e ostanuva faktot deka ovie objasnuvanja vo najmala raka se detski, naivni....
Pak kje kazam ne e crkvata taa koja treba da go opredeli patot na sekoj covek do Boga. NAprotiv zatoa sluzi slobodnata volja dadena od toj Bog, a ne da se potcinime na voljata na Crkvata i da ni kazuva kako treba da se odnesuvame za da se priblizime kon Boga.
JAs licno ne smetam deka toj sto kje se pricesti e vo "prednost" ili pol pozicija pred nekoj sto ne go pravi toa, a veruva zdravorazumski vo bozjata mokj. Pod zdravo razumski se podrazbira deka ne ja otfrla moznosta za postoenje na intiligentno bitie koe ima moznost da vlijae na tekot na nastanite vo odreden period na odredeno mesto.
Дел од твојот пост болдирав и истиот ќе го коментирам.
Велиш дека Црквата не таа која треба да го определи патот на секој човек до Бога. Дека човеккот има слободна волја, и дека треба да се потчинуваме на Бога, а не на Црквата.
Ќе те прашам: Зошто тогаш Бог мораше да го испрати својот единореден син?
Евреите во времето на Исус, веќе имаа се објавено преку пророците, и за вечниот живот, и за воскресението. Зошто мораше да дојде Христос на Земјата?