Иако прашањава не се до мене упатени, ќе си дозволам да ги одговорам а ќе го сачекам и коментарот од Јоан.
--- надополнето: Aug 3, 2011 12:12 PM ---
Потребата од Светата Причест е истата потреба која ја имаа Адам и Ева, кога преку јадењето плодови, ја примаа и благодатната енергија од својот Творец. Причеста не е ништо друго, туку максимално можно единство меѓу Творецот и творението. Така, Творецот Е во творенитето, а творението е во Творецот.
--- надополнето: Aug 3, 2011 12:14 PM ---
Веќе е одговорено, малку погоре. Патем, ако творението не е блиско и блиску до Творецот, тогаш кнезот од овој Свет, со леснотија ќе си го прибере творението кај себе.
--- надополнето: Aug 3, 2011 12:15 PM ---
Како што Синот Е Едно со Отецот, така и верните стануваат Едно со својот Спасител.
--- надополнето: Aug 3, 2011 12:17 PM ---
Не.
Само по осветувањето на лебот, водата и виното, од страна на свештеникот, пред крајот од литургијата, со точно одредени молитви, лебот и виното стануваат Тело и Крв Христови. Без тоа осветување на лебот и виното, кое (осветување) се врши под благодатната енергија од Духот Свет, Кој обитува во Црквата, било кој друг леб и било кое друго вино, се само обичен природен леб и вино.