Вака... за да се дискутира на ваква тема, треба да се има добра лингвистичка подготовка, а не лаички да се зборува...
1. За македонското потекло на старословенскиот јазик од 9ти век нема сомнеж, тоа е факт. дека тој јазик се базира врз македонскиот говор од околината на Солун од тоа време е повеќе од јасно (Ватрослав Јагиќ и ред други научници, читајте, а не само напразно да зборувате!). Е сега, дали Кирил и Методиј се чувствувале како Македонци, Македонски Словени, Византијци или слично, е најмалку важно; поважно е дека и во 19 век архаични црти во говорена форма од пишаниот јазик којшто тие го создале постојат во околината на Солун (во селата Сухо и уште неколку). Една од основните поставки (постулати) на современата лингвистика е да се оддели јазикот (и говорен и пишан, стандарден и делумно пасивен) од говорот (моментална состојба на говорена форма). Следствено, ние мораме имаме на ум дека во првите два века од создавањето на старословенскиот тој бил користен во горе-долу истата форма на огромна територија на Балканот (денешна Србија, Бугарија, Хрватска, Босна, Словенија, Македонија), средна (Моравија, Чехија, Полска Словачка) и источна Европа (Русија и останатите). Оттука, мораме да сфатиме дека јазикот се менува цело време, тој е жива материја и таквиот процес човекот не може да го контролира, оти зависи од огромен број фактори кои не зависат од човекот. А писмото има за цел да го фиксира или забави јазикот. Сепак, тоа писмо и тој пишан јазик (книги напишани во тоа време, со прости зборови) се само една варијанта на говорот, од тоа време. По одреден период (најчесто неколку века) таквиот пишан јазик станува неразбирлив за народот, па под притисок на говорниот јазик (кој во меѓувреме се менува без престан) мора да претрпи измени. (пример, прочитајте ако знаете да читате старословенски еден фрагмент од Асемановото евангелие од 10ти век, најдено во кичевско, и еден фрагмент од Дамскинските преводи на Григориј Прилепски од 16век, и ќе ја видите огромната разлика!).
2. Понатаму, тој јазик на Кирил и Методиј, под влијание на локалните варијанти секаде кадешто се употребувал, почнал да внесува во себе црти на одделни говори. Така, во 13век се јавуваат разни редакции - македонска, српска, бугарска, руска, итн., кои се разликуваат во некои црти, и коишто подоцна прераснале во одделни стандардни јазици (чијашто засебност се заснова токму на тие црти). Тој период, па се до некаде 16 век, се нарекува во македонската наука средномакедонски период. После доаѓаат дамаскините, па веќе и регионалните говори и наречја почнуваат сериозно да навлегуваат во текстовите. а по однос на влијанието, различните редакции на Балканот си влијаат меѓусебно целото време (не заборавајте дека целиот тој период е динамичен, патувањето на писмото и јазикот било со ненамален интензитет!). Така, во 17, 18 век имаме такви текстови, се до 19 век кога веќе состојбата со јазикот во Македонија е сосема друга.
3. Сакам да искоментирам некои изјави во однос на тоа дека македонскиот јазик:
(а) нема никаква врска со словенските јазици. Прво, се додека јас гледам милиони луѓе на север од мене со коишто можам да општам, барем делумно, чии јазици (и стандардни и дијалектни) содржат 50% скоро идентична лексика и имаат огромни совпаѓања по однос на граматичкиот систем (фонетски, морфолошки и синтаксички), јас ќе тврдам дека тие јазици се со исто потекло како и мојот, македонскиот.
(б) сите оние постови во врска со македонската етимологија и авантуристичките излети во областа на санскритот и останатите мртви јазици (а за да се прават такви елаборации треба да се работи за долгогодишни лингвисти - проучувачи на индоевропските јазици, а не само за празни фантазери и инстант-мудреци!) не држат вода (со чесни исклучоци), од проста причина што етимологијата, со самото свое појавување кон крајот на 19 и поч. на 20 век, тврди дека нејзината точност во најдобар случај е само 50%! Така, јас можам да преземам такви истражувања, ама не смеам никогаш да ги примам здраво за готово!
(в) тој постот што беше за зборовите што наводно ги немало во ниту еден словенски или индоевропски јазик (свекор, кроце, итн...). Ги разбирам сите претензии и стремежи да се идентификува современиот македонски јазик (или барем неговите дијалекти) со античко - македонскиот - има тука основа за таквиот пристап. Ама, ако веќе се оди на таков чекорм, тогаш на него да се пристапи лингвистички!
Не заборавајте дека од античко - македонскиот јазик до денес има некои 20 и кусур векови, а нели рековме дека јазикот се менува цело време! Плус и сите други влијанија... е сега, и јас мислам дека остатоци на таа, условно кажано, античко - македонска етимологија постојат во изворната форма на македонските дијалекти (особено на лексичко и фонетско рамниште).
Ама, освен тие мали остатоци (кои, пак, се од значење за автентичноста и посебноста на македонскиот јазик и не смеат да се игонрираат) кои фигурираат на ова тло, основата на македонскиот јазик е словенска (или како сакате наречете ја, како ви милува егото, битно е дека е од ист ков како и јазиците што се зборуваат на север од милиони други луѓе!). Така, пред се’ мораме јазикот да го разделиме на најмалку 5 рамништа, па оттука детално и макортпно да го проучиме пред да изјавиме било што!
3аклучок: Македонскиот јазик и како словенски јазик е самиот по себе доволно издиференциран како последица на дијахронискиот развој, така што бесцелно и смешно е да се бара нешто повеќе од неговите главни и најавтентични карактеристики. тука во прв ред се таканаречените „балканизми“ (третосложниот акцент, отсуство на падежи, конструкции со има-нема - можеби најоригиналниот балкански лингвистички белег, постпозитивниот член, и други). Овие белези се повеќе од доволни за по сите светски признати научни стандарди и теории во лингвистиката македонскиот да постои како посебен јазик!
А сите останати „пикантерии“, како остатоците од античко - македонскиот, квази теориите за древниот јазик и писменост на ова тло и слично - ќе ве замолам да им ги оставите на научниците (не мора само на нашите, ами и на светски признатие лингвисти како Фридман и другуи - на пример, само еднаш да се решите да го ислуишате Фридман на едно негово предавање како светски експерт за балканистика, ќе ви вреди повеќе од десет години спиење по форуми и квази - блогови на интернет!).
поздрав :smir: