Слово држи професорот Димитар Пандев.
Забележете само колку пати му упадна во зборот Чуму-Чомче...
Сепак од вистината и фактите нема бегање.
Програмата е тотално згрешена.
Луѓето што зборуваат навистина убаво кажуваат, ама проблемот е во концептот што Чуму замислил.
Тој навраќа на Политичкиот спор, додека лингивстите даваат докази.
Најглупо прашање е тоа „дали ако ни го сменат името, ќе ни го снема јазикот“ додека јасно е дека сака да каже „дали ако во ОН ни го сменат името, овој јазик нема да е македонски“
Гостинката посочува дека таа неможе да ги предвиди Политичките последици, но Чуму не сака да сфати изгледа.
ОДГОВОР за ЧУМУ:
Едноставно репресијата што се врши во Албанија, Гејлада и Бугарија се такви што луѓето се негираат. Значи тие се негираат дека зборуваат на јазик кој што е Македонски. Истовремено им се негира фактот дека тие се Македонци што е честа појава за 19,20 па и 21 век.
Сепак колку и да го негираат постоењето на јазикот, некој ќе оди во Голо Брдо, Егејска или Пиринска и ќе каже „Иако Албанија/Гејлада/Бугарија негира, сепак овде луѓето зборуваат Македонски јазик.“
Ако ние овде, политички попуштиме и го смениме името на јазикот, тој јазик веќе нема да се вика Македонски. Нема да се вика Македонски бидејки и да сакаме и да не, овој ослободен дел на Македонија е одговорен за сите Македонци.
Па така ако ние го смениме името на нашиот јазик, истиот патеписец ќе оди во истите места но ќе каже „Иако Албанија/Гејлада/Бугарија негира, сепак луѓето овде зборуваат 'Ново-Македонски'.“
Да тој сеуште ќе биде Македонски, како што денес го знаеме, но тие од страна тоа нема така да го гледаат. Автоматски луѓето ќе бидат идентификувани со Ново-Македонскиот во Република Македонија и автоматски ќе го изгубат и „автохтониот“ статус на територијата на која живеат.
Едноставно МАКЕДОНСКИ јазик ќе нема и сите ќе станат зборувачи на НОВО-МАКЕДОНСКИ.
Графата на Јужнословенски Јазици (при едно такво сценарио):
Старословенски (изумрен)
Црковнословенски (изумрен)
Босански
Бугарски
Ново-Македонски
Словенечки
Српски
Хрватски
Црногорски
Значи Македонски нема да постои.
Исто како ние да сме Нова Македонија... викај колку што сакаш дека оваа е Македонија, едноставно Македонија ќе исчезне и засекогаш ќе сме Нова-Македонија.
Во интернет сценарио при внесување на зборот "Macedonian language"
По теркот на Википедија би ти излегол ова.
Macedonian
- A dialect of Greek used by the Ancient Macedonians in ancient Greece. (Not to be confused with New-Macedonian which is a separate language, official in "внеси идно име на Македонија овде")
понатаму ќе има сценариа од типот...
"Irredentist Nationalist in FYROM who claim to be Macedonians (related to the Ancient Macedonians who were in fact Greek), claim that Slavs of the region of Macedonia (encompassing parts of Greece, Bulgaria, Albania and FYROM) all speak the 'Macedonian' language. This is not true as in the relevant districts Slavic Greek, Bulgarian and New-Macedonian are spoken. (New-Macedonian is a Slavic language that is the official language in FYROM. It contains the non-slavic term 'Macedonian' only because it was developed in 1945 by slavs who live in the greater Macedonian region - part formaly known as South Serbia and Vardarska Banovina).
Вакви црни сценарија ни се пишат.
ЗАКЛУЧНО, при негација ние си остануваме со нашиот МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.
Додека при овдешна промена, ние засекогаш го губиме МАКДОНСКОТО во ЈАЗИКОТ. И тие што во иднина ќе бидат негирани, нема да бидат негирани бидејки зборуваат на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, тие ќе си останат негирани, но тогаш ќе бидат негирани бидејки го зборуваат НОВО-МАКДОНСКИОТ ЈАЗИК.
ЗАТОА МАВНЕТЕ РАЦЕ ОД МАКДОНСКИОТ ЈАЗИК!!!