Факултет за Електротехника и информациски технологии

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Би замолил некој од сегашните студенти на ФЕИТ да каже по некој збор за студиите од смеровите од електроенергетика, смерот електроенергетски уреди, како и за телекомуникации. Колку беа пополнети квотите минативе години, со колку поени се влегува во државна и приватна квота (иако мислам дека со 98,405 поени би влегол во државна квота на било кој смер, па и факултет), каков е односот од страна на професорите, како и какви се можностите за пракси (околу ова би замолил да напишат нешто студенти од овие смерови кои имале пракси или сега ги имаат во фирми пред се, добредојдени се и пишувања од други ако знаат нешто повеќе, секако)?
 
A

apidrone

Гостин

Јас сум на ТК. Со 98 поени на електро влагаш секаде. Телекомуникациите ти се доста интересна бранша, се разбира ако ги сакаш и ги разбираш. Се учи за сигнали, за телекомуникациски системи, за пренос на податоци преку различни медиуми, и сл. Професорите се секој сама приказна за себе. Има и коректни, и од оние другите. Тоа е така на секој факултет. Многу важно: НЕ СЕ РАСПРАВАЈ СО НИВ! Тие се секогаш во право, дури и кога не се (звучам сеа ко БЦ, али ќе ме сфатиш шо сакам да кажам). Е сеа за пракса: Си бараш сам. Факултетот ништо не ти средува, само потврда ти издава и толку. И немој да очекуваш дека ако влезеш во некоја од големиве фирми (Т-мобиле, Телеком, Оне, Вип), којзнае колкаво чаре ќе видиш. Зависи каде си и кај кого си. Јас еве уште една недела имам да завршам во Т-мобиле, и се што научив е да копирам на копир машина. Не ме носат на терен затоа што не сум бил осигуран и дека не сакаат да ризикуваат (можеби во право се). Но јас во канцеларија не можам ништо да научам. Зезната работа е праксава. Не е како кај информатичарите, дај му лаптопче и нека си куцка. Од една страна факултетот (т.е. Министерството) те тера секоја година да идеш на пракса, од друга страна ниедна компанија не сака да ризикува со тебе од проста причина што ништо не е регулирано како што треба.
Тоа е тоа отприлика. Ако имаш некое конкретно прашање во врска со ТК, или за прва година (во прва сите исто учат), кажи. За енергетика ќе треба некој друг да пише.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Дали некој знае кога е краен рок за пријавување испити за Августовска испитна сесија?
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Ќе биде ли некој постар колега од телокомуникации или некој кој го има завршено смеров доволно љубезен да ми појасни колкав процент од математика 1 ќе ми биде потребен за понатамошното образование и сфаќање на работите во погорните семестри? Каква е употребата на limes-от, каде се користи, како се применува тој кај сигналите, зошто го учам? Не можам да се мотивирам да учам нешто ако не знам за што ми е потребно...
 
RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Ќе биде ли некој постар колега од телокомуникации или некој кој го има завршено смеров доволно љубезен да ми појасни колкав процент од математика 1 ќе ми биде потребен за понатамошното образование и сфаќање на работите во погорните семестри? Каква е употребата на limes-от, каде се користи, како се применува тој кај сигналите, зошто го учам? Не можам да се мотивирам да учам нешто ако не знам за што ми е потребно...
мат 2 ке ти треба за Тк , како и мат 3 и 4, а од лимеси и изводи само некои прости се користат :D
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Ќе биде ли некој постар колега од телокомуникации или некој кој го има завршено смеров доволно љубезен да ми појасни колкав процент од математика 1 ќе ми биде потребен за понатамошното образование и сфаќање на работите во погорните семестри? Каква е употребата на limes-от, каде се користи, како се применува тој кај сигналите, зошто го учам? Не можам да се мотивирам да учам нешто ако не знам за што ми е потребно...
Околу 5%, може и помалку. Чисто да знаеш што е лимес. That's the ugly truth :)
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.262
Знае некој колкав е вкупниот број на предвидени испити за 4тите години на ИКИ?

п.с. И во прва година се вкуно 9 нели, бидејќи англиски 2тата семестра се смета како еден испит или грешка сум?
 
petar_joker

OLD ROCKER
Член од
5 септември 2007
Мислења
1.249
Поени од реакции
57
Не ти е потребен бројот на испити за да дипломираш, туку бројот на кредити. За да дипломираш ти се потребни 240. Мислам дека 8 кредити носеше дипломската работа и 3 кредити праксата. Значи, со завршување на прва година, ти добиваш 60 кредити, па потоа, во зависност од изборните предмети, во еден семестар може да имаш, на пример, 29,5 или максимум дозволен број на кредити ти е 34,5 (ако не бараш молба за повеќе).
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Ако пријавам испит автоматски ја поништувам оцената и во случај да не се појавам на испитот исто како никогаш да не сум полагал или само пријавата ми пропаѓа а старата оцена ја задржувам?
 
Ми треба за да се пријавам за во студентски, не за дипломирање....
 
Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Ако пријавам испит автоматски ја поништувам оцената и во случај да не се појавам на испитот исто како никогаш да не сум полагал или само пријавата ми пропаѓа а старата оцена ја задржувам?
Треба првин молба до Деканат да упатиш за поништување на оцена/повторно полагање, ако веќе професорот/ката ја има потпишано старата пријава и предадено кај тетките горе во Студентска служба. Откако ќе завршиш со тоа, нормално, кога ќе го пријавиш испитот, исто како да не си го положил никогаш...
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Треба првин молба до Деканат да упатиш за поништување на оцена/повторно полагање, ако веќе професорот/ката ја има потпишано старата пријава и предадено кај тетките горе во Студентска служба. Откако ќе завршиш со тоа, нормално, кога ќе го пријавиш испитот, исто како да не си го положил никогаш...
Знам во јануари си се појавив на испит без праќање молба во декнат и ми ја прифатија новата оцена...
 
Член од
4 август 2011
Мислења
178
Поени од реакции
517
Ajde ako ima nekoj od ERPS neka napise zbor-dva za ovoj smer, sakam da se zapisam tuka no ne znam kolkavi mi se moznostite so ogled na toa sto zavrsiv gimnazija i imam solidni poznavanja od matematikata, no ne znam ni E od elektronika.
Blagodaram odnapred!
Pozdrav :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom