Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Се е така, какао што напиша ти Дарлинг:) Само кога ќе отидеш таму и ќе се соочиш со реалноста ќе видиш дека не е до толку вреднувана твојата диплома, не те плаќа толку добро компанијата итн. После извесно време ќе заклучиш дека ти требаат пријатели, дека и таму со една плата нема да нараниш жена и две деца итн... Имаш еден куп работи кои не се толку розови. Кога ќе видиш дека за 2 деца у градинка ќе треба да платиш една просечна плата нивна, па тогаш ќе излезе мајката од работа или ќе викаш баби од МАкедонија за децата итн.
Хеј, нигде не е лесно, свесна сум за тоа, некои држави имаат многу поскапо здравство од нашето, ама коа ќе споредиш наш живот и нивен, па ќе си ја подвиткаме опашката. Никој не очекува одма да му се случи rags to riches приказна пошто веројатноста за тоа е минимална.
 
Не смееш така во Америка сега, мора да ти одат децата во градинка, ако ти ги чува друг наводно според Американците ќе им штети на социјализацијата. Барем во Чикаго е вака. :)

А да една социјализација што се прави во градинките, јас во наша гледав како воена установа е, точно се знае кога има јадење кога спиење, и дечињата знаеа во која ден што ручек има. Си реков на што ме подсетува ова секој Петок бурек за вечера а секоја Среда за доручек :icon_lol:.

И сите на наредба седнуваат да јадат е тоа ти се вика роботизација.....
 
Да, имате две алтернативи:

  1. Да одите во странство и да направите многу пари, но да останете таму и
  2. Да останете во Македонија, да живеете просечно, но да придонесете многу за татковината
Кој е вашиот избор?

Да живеам просечно во Македонија. Ама да живеам.
Мислам дека воопшто не е лесно да се спакуваш и да оставиш се да отидеш некаде и да почнеш од почеток. Затоа и многу луѓе се враќаат. Лесно е од тука да џавкаме без храброст да пробаме. А и на безвизен режим не мора само да сакате да се отселите. Пасошот фино лепо и ајт. Ако чекате на 100 % сигурно, нема,
Инаку јас сум носталгичар. Не сакам и не ни пробувам да се отселам.
 
нема потреба да се мислам.
тој што требало да ја оправа државата ја отерал во курац, јас ли да придонесувам за друг да краде ?
доколку ми се укаже шанса, бегам надвор.
 
нема потреба да се мислам.
тој што требало да ја оправа државата ја отерал во курац, јас ли да придонесувам за друг да краде ?
доколку ми се укаже шанса, бегам надвор.

Зошто да придонесеш за друг да краде? Кога може да работиш и да не крадеш и со тоа да бидеш пример за другите!
 
Зошто да придонесеш за друг да краде? Кога може да работиш и да не крадеш и со тоа да бидеш пример за другите!

Не ме заебавај тоа во бајките и во рекламите, а на дело гледам примери добри јас :icon_lol:.
 
Би останал во Македонија, мене тука ме вржува семејството, фамилијата, не можам така лесно да се откажам од тие работи, плата како плата, да имам да преживеам и да сум спокоен, не морам да возам бесна кола, може да возам матиз и пак да бидам среќен и благодарен.
 
А ако немаш ни за Матиз?
Тоа е една опција.
Ни за сметки?
Втора опција.
Ни за леб?
Трета опција.
А?
--- надополнето: Aug 3, 2011 1:17 PM ---
Гледав документарна на 24 часа за внуката од Гоце Делчев секретарка на Ченто протерана од Македонија. Има поднесено барање за рехабилитација во 1997 година до сега одговор нема од сите влади патриотски предавнички. Па сега ти види биди паметен и придонесувај.....
 
Зошто да придонесеш за друг да краде? Кога може да работиш и да не крадеш и со тоа да бидеш пример за другите!
како што кажа буцио... во светот на бајките само луѓето тајно веруваат...
не заебавај за што да работам ? за што да плаќам придонеси ?
за лоповскава држава ? без разлика кој е на власт и едниве и другиве се покажаа како професионални лопови.
плаќаш придонеси за здравство, здравството катастрофа...
плаќаш за патишта не знам си на колку места... а патишта за трактор...
да не набројувам понатака... се во државава е тиња, освен ако не си на позиција лопужник
 
да ме прашаше некој ова додека бев средно на почетокот, тогаш одма ќе речев татковина, ама после од кога почнав да гледам дека најголемите патриоти всушност се најголеми земјомрзачи, уствари сватив дека нема поголем патриот во денешно време од тоа редовно да плаќаш сметки и данок. на тој начин најдобро ја јакнеш државата... за да ја зголемува администрацијата :)

ако можеш да се снајдеш во странство, оди, ако не, дреми овде на форум облечен по гаќи :pos:
 
Од тука позаебано е само во странство е сега зошто, па не се условите на игра исти од пред пет години.
 
Па нормално дека нема да идеш со пријатели мијатели на кафе и да кажувате кој што носел последната вечер и дрн дрн дрн. Таму (европските земји) си имаат правила а ние не сме навикнати да почитуваме правила и за тоа не ни одговара оти не можиме и таму да крадиме нели па ќе си останиме во македонија ем патриоти ќе испаднеме ем ќе си крадеме кој ги кхм законите.

Ја би идел у странство по парите и каде што колку толку се почитуваат законите а не како нас. ШИТ. благодарам плукајте сеа.
 
Македонија, просечен живот, работите и создавате за татковината
 
А ако немаш ни за Матиз?
Тоа е една опција.
Ни за сметки?
Втора опција.
Ни за леб?
Трета опција.
А?
--- надополнето: Aug 3, 2011 1:17 PM ---

Се ми е јасно, зар мислиш дека не сум свесен за ситуацијата во нашата држава, централизација, невработеност, врски, непотизам и така натаму. Ако немам ќе се снајдам, ќе работам било што. Можеби грешам, или сум ненормален, или пак така мислам бидејќи немам свои деца па незнам како е. Можеби и не е се така црно. :cenzura:
 
може не е се така црно ама зашто да биде така кога може да биде се да биде бело
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom