Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Па ако си на диета самиот ќе си свесен дека треба по малку да јадеш -.-
Иначе еве ви ја диетава:
Прво и најважно нема забранети јадења, значи се јаде се, само се пази на комбинацијата и периодот на внесување на храната.

Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини

Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате.

Вечера : Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи .

Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера.
И треба да имате 4-5 саати размак помеѓу оброците. Ова не е диета туку правилен начин на исхрана, се си јадете само се внимава на комбинациите. Јагленохидратите и шеќерите внесени за доручекот се трошат во текот на денот, ручекот е нормален а вечерата е лесна и без леб. За вечера имате белковини и протеини што значи дека ќе слабее салото а не мускулите, од ништо не сте лишени, се се јаде.

И да, секоја чест за нутриционистов кој ја создал диетава :)
--- надополнето: Aug 3, 2011 1:55 AM ---
Тоа е, вчера прашуваа што да јадат и вежбаат, а денес нутриционисти станаа и диети кажуваат..
Диетата не ја измислив јас ;)
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
ТheWanтed.

Секоја чест на нутриционистот кој ја создал диетава, само што е поставена во погрешна тема. Ова е диета за просечен човек, не за спортиста, а поготово не за оние кои редовно читаат и посакуваат убаво обликовано и мускулесто тело.
Интересно што голем број на посебни луѓе се закачуваат на темава и бараат диета, а воопшто не сакаат да имаат нешто заедничко со темава, бодибилдинг и теретани. Мој предлог е да си отворат тема, ако веќе нема, каде секој просечен човек ќеможе да пишува и прашува за различни начини на исхрана, со цел да симнат нешто од вишокот на килограмите кои го имаат, само да не станат мускулести и да не се пумпаат.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
ххахахахах лее ова билдериве едвај чекаат некој понеискусен да згреши нештo и да му се изнапишат колку он незнае ништо а они знаат све и колку они се супериорни :D
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
ххахахахах лее ова билдериве едвај чекаат некој понеискусен да згреши нештo и да му се изнапишат колку он незнае ништо а они знаат све и колку они се супериорни :D
Можеби се такви, какви ти ги преставуваш. Но, сигурен сум дека никој, во ниту една друга област не е поинаков ако добие слично барање. Овде не зборуваме за грешка во областа, него за промашена област. Што е голема разлика.
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
ххахахахах лее ова билдериве едвај чекаат некој понеискусен да згреши нештo и да му се изнапишат колку он незнае ништо а они знаат све и колку они се супериорни :D
Може си во право ама барем тука никој не бил навреден дека е глуп а и сите гледаат колку можат да дадат исправен совет и да помогнат за разлика од други места каде секој си гледа само за себе и ти се прај мангуп.

Битно да ја добиеш информацијата што ти треба, тоа е најважно ;).
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Може си во право ама барем тука никој не бил навреден дека е глуп а и сите гледаат колку можат да дадат исправен совет и да помогнат за разлика од други места каде секој си гледа само за себе и ти се прај мангуп.

Битно да ја добиеш информацијата што ти треба, тоа е најважно ;).
да да у право си ама јас некој 3-4 ца видов му се изнасмееја во нивните постови на вантед за што побара совет за диета па го навредиа како ја утнал и областа демек нуб е, па почетник е може ја утнал ама како да го испукаат со узи и калаш ми падна жал
 

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
да да у право си ама јас некој 3-4 ца видов му се изнасмееја во нивните постови на вантед за што побара совет за диета па го навредиа како ја утнал и областа демек нуб е, па почетник е може ја утнал ама како да го испукаат со узи и калаш ми падна жал
Ништо не е тоа културни си се тука луѓево, не треба да се биде толку осетлив :). Засега билдерите се имаат покажано ептен услужливи кога треба да дадат совет кој можеби некој од нив со години го стекнувал како искуство и тоа треба да се цени.

Оди на другите теми да видиш што е некултура, тука се луѓево топ :).
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Како прво, Isak Keyten побара совет на малку чуден начин и на грешна тема, која самата по себе е специфична и стриктно одредена.
ТheWanтed., се обиде да постира одговор, со цел да му помогне на горе наведениот член во решавање на неговиот проблем, притоа упорно бранејки го својот пост, преставувајки го како идеален и одличен избор за слабеење и сочувување на мускули.

И незнам како ти, како рибар дојде до заклучок дека билдерите едвај чекаат да налета некој не искусен и да почнат со лекување не нивните комплекси?!
Ако некој постави прашање, конкретно за темата, бодибилдинг, теретани и заблуди, обликување на тело -не плашејки се притоа да добие и мускули, јас сум првиот што по илјадити пат ќе одговори на исто или слично поставено прашање. Меѓутоа, прв сум во неодговарање на несоодветни прашања. Причина, незнам како на луѓето да им помогнам.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Од целовкупното искуство собрано низ деновите поминати читање книги, списанија, разговори со поискусни е само благослов да го споделиш со останата раја која навистина сака прогрес во овој начин на живот.
И некој кога упорно го тврди спортивното од тоа што е, притоа да сака да помогне/одмогне е само губење на време.

Утре некој ќе ја види таа фамозна "диета" и само ќе тргне по погрешен правец.
На кратко, фактите за диетата, нема доволно витамини,и минерални комплекси кои служат за заштита на организмот кога се соочува со промена на исхрана, вежбање и слично.
Ние не сме тука да судиме и кажуваме кој смее, а кој не... тука сме за совет, кој со надеж ќе помогне на личноста за која е наменет.
 
Член од
19 декември 2010
Мислења
523
Поени од реакции
23
Диетава е држана од повеќе од 10 луѓе и според нив се слабее по 1 до 1,5 кило на секои 3 дена а после 3 дена е видлив рамен стомак. Ова е повеќе како правилен ред на исхрана. Бидејчи се се јаде, не верувам дека нема доволно минерали, витамини.... Наутро се јаде овошје (+ благо и нешто со брашно) а во другите 2 оброка зеленчук (+ ручек, а за вечера +протеини). Може да се применува и физичка активност за побрзо елиминирање на вишокот така да ова е супер исхрана за бодибилдинг (примена) при што се користи и суплементи.
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Како прво, Isak Keyten побара совет на малку чуден начин и на грешна тема, која самата по себе е специфична и стриктно одредена.
ТheWanтed., се обиде да постира одговор, со цел да му помогне на горе наведениот член во решавање на неговиот проблем, притоа упорно бранејки го својот пост, преставувајки го како идеален и одличен избор за слабеење и сочувување на мускули.

И незнам како ти, како рибар дојде до заклучок дека билдерите едвај чекаат да налета некој не искусен и да почнат со лекување не нивните комплекси?!
Ако некој постави прашање, конкретно за темата, бодибилдинг, теретани и заблуди, обликување на тело -не плашејки се притоа да добие и мускули, јас сум првиот што по илјадити пат ќе одговори на исто или слично поставено прашање. Меѓутоа, прв сум во неодговарање на несоодветни прашања. Причина, незнам како на луѓето да им помогнам.
1.

По се изгледа дека е така, само не кажа од која месара ги купува тие [цитирам] пилешко месо, ГРАДИ (?!?!) што не дебелеат :ROFLMAO:
2.
Значи од сеа можам да јадам колку сакам од оваа програма :D :D
има уште ме мрзи

еве јас како дојдов до заклучок
 

Gjoroski

Master in Bodybuilding and Fitness Methods, IFBB
Член од
14 септември 2009
Мислења
1.332
Поени од реакции
998
Noorotic,

Ако го погледнеш последниот пост на членот кој ја постираше диетата, каде тврди дека е тоа супер исхрана за бодибилдинг, само што се користи и суплементи, коментарите се најмалку што можеа да следат.

Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини

Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате.

Вечера : Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи .

Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера.

Ова може да биде за некој нормален начин на живеење, но никако за бодибилдинг.


 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Некој да не пробал Dymatize Elite Primal ? Чисто онака ме интересира некое инфо ако имате пробано.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Некој да не пробал Dymatize Elite Primal ? Чисто онака ме интересира некое инфо ако имате пробано.
Одиличен beef протеин, но вкусот е тој што ме разочара.
И внимавај при мешање (ако правиш со шејкер) премногу пени :D
 

Noorotic

пецач на риби
Член од
22 февруари 2011
Мислења
892
Поени од реакции
383
Noorotic,

Ако го погледнеш последниот пост на членот кој ја постираше диетата, каде тврди дека е тоа супер исхрана за бодибилдинг, само што се користи и суплементи, коментарите се најмалку што можеа да следат.

Доручек : јагленохидрати и шеќери, значи може да доручкувате, чоколадо, штрудла, лиснато, овошје, торта....кифли(празни ) значи да не се комбинира со масти или белковини

Ручек: Она што дома ви спремиле за ручек ќе си го јадете нормално, значи се ви е дозволено ама само една кришка леб смеете, а ако можете подобро е без леб да ручате.

Вечера : Белковини или протеини во комбинација со зелена салата. Значи можете да јадете шопска, мимоза... или само зелана салата во комбинација со месо или туна или млечни производи .

Ако по вечерата ви се пријаде може слободно повторно да вечерате, т.е. двапати да вечерате ама ќе јадете исто што сте јаделе за вечера.

Ова може да биде за некој нормален начин на живеење, но никако за бодибилдинг.
тој што праша сакаше диета од доручек ,ручек, и вечера (а не од 6 оброци), и ако иде у теретана и ако јаде со оваа диета нема зашто да му се смеат другиве, несака он да стане професионален билдер си иде у теретана онака па не е ништо штетно и нема потреба за тоа да се отвара нова тема
 

Kajgana Shop

На врв Bottom