Во Македонија е најдобро да се живее во следниве 1000 години зашто има доволно извори на вода за пиење (светот во наредниов период ќе се тепа за водата како ресурс), има голем енергетски потенцијал (светот се тепа и уште повеќе ќе се тепа за енергија), има доволно зеленило, умерена клима погодна за земјоделство и плодна почва за одгледување здрава храна, низок степен на загаденост и индустријализација(освен во регионот на Велес).
И затоа секој што ќе си отиде од тука ќе сака и да се врати.
Луѓето тука сме си посебна приказна, сите сме фини, паметни и добри ама единствена маана ни е тоа што сме многу мрзлив и неработлив народ и секој од нас сака веднаш да се збогати без да го испоти газот . . .
А бидејќи сме генерално неработливи како народ сепак не сме единствени и тоа е одлика на сите медитерански народи.
Човек кога ќе излезе од тука и отиде на пример во Германија каде што немаат толку умерена клима, извори за пиење вода и немаат многу услови за производство на здрава храна, но таму младите како нас од 18 години се самостојни и не зависат од родителите, ама си бркаат работа луѓето и не го губат времето нерационално, не дремат како нас на пример по форуми, не користат многу Facebook и не искачаат во град секој ден, само преку викендот и така уствари е поинтересно, па после Скопјево ќе ни здосади, нормално ќе здосади па да ја имаш дури и најјаката женска во градов и ако постојано ти труби се едно исто секој ден нормално дека ќе ти здосади
. . .